Свет
Уапсен Црногорец од бандата „Пинк Пантер“
На Кипар е уапсен 41-годишен црногорски државјанин кој е осомничен дека е припадник на организираната банда „Пинк Пантер“, која е одговорна за грабежи во јувелирници низ светот во вредности од стотина милиони евра
Интерпол издаде соопштение дека во содејство со кипарската полиција го уапсила Црногорецот Рифат Хаџиахметовиќ на аеродромот во Ларнака, уште на 18-ти март. Тој кај себе носел фалсификуван бугарски пасош со кој сакал да влезе во Кипар. Бандата „Пинк Пантер“ според сомневањето на Интерпол ја сочинуваат криминалци од балканските држави. Тие се главните осомничени за серијата големи грабежи во минатите десет години, чија главна одлика е несфатливата дрскост. Вкупната вредност на украдените скапоцени камења за кои е осомничена бандата е проценета на повеќе од 150 милиони долари. Уапсениот црногорски државјанин Хаџиахметовиќ е директно обвинет за учество во кражба изведена на шпанскиот остров Тенерифе минатата година. Кипарската полиција на Црногорецот му одредила мерка притвор до 31 март, кога во Шпанија ќе почне судскиот процес против Хаџиахметовиќ. Претставникот на Интерпол, Жан-Лук Лоботен изјавил дека Хаџиахметовиќ бил идентификуван според отисоците на прстите од архивите на меѓународната полиција, а бил задржан заради патување со лажен пасош. Дури подоцна бил потврден неговиот идентитет од потерницата на Интерпол.
Последниот голем грабеж на „Пинк Пантер“ во Париз извршен за помалку од минута
Последниот голем грабеж на „Пинк Пантер“ се случи на почетокот од декември минатата година. Тогаш полициски извори тврдеа дека четворицата ограбувачи биле мажи, иако двајца биле преправени како жени.Воружени со пиштоли, крадците влегле во продавницата Harry Winston`s на престижната париска Авени Монтењ и за помалку од минута целосно ја испразниле а потоа побегнале со мотори. Според информациите, украдените дијаманти чинат повеќе од 50 милиони евра. Сопствениците на јувелирницата распишаа награда од половина милион долари за информација која ќе помогне да се фатат ограбувачите.Полицијата ги прибрала сите снимки од безбедносните видеокамери во и околу јувелирницата, како и фотографиите што ги добиел од безбедносниот систем во Швајцарија кој е поврзан со ограбената продавница.Разбојниците ги присилиле работниците во дуќанот да им го дадат сиот изложен накит, а француската полиција информираше дека тие ги знаеле имињата на речиси сите од 15-мината вработени. Исто така, ограбуваччите знаеле и каде е точно смстен накитот кој во моментот небил изложен. Овие податоци сигурно им овозможиле да го извршат грабежот за помалку од минута.Интересен е и податокот дека истата париска јувелирница била ограбена точно пред една година. И во тој грабеж учествувале тројца мажи, а го украле само накитот кој бил сместен во главниот трезор чија вредност тогаш била проценета на 10 милиони евра. Синџирот на американската јувелирница Harry Winston`s е познат низ целиот свет, а во неговите продавници скапоцени камења купуваат членовите на кралските семјства. Честопати нејзиниот накит може да се забележи на филмските фествали како оној во Кан, како и на доделувањето на Оскар-ите. Најскапото парче накит кој фирмата кога и да е го продала е ијара своевремено специјално изработена за иранскиот шах.Еден од инспекторите на париската полиција тогаш навел дека ако навистина разбојниците потекнуваат од Русија или од Балканот, накитот најверојатно ќе биде разглобен на помали парчиња и потоа продаван на црниот источноевропски пазар на скапоцености.
За десет години 200 балканци извршиле стотина добро планирани грабежи
„Веруваме дека ограбувачите доаѓаат од некоја од државите од поранешна Југославија, токму затоа што тоа е ’ветена земја’ за криумчарње на дијаманти“, изјави во декември портпаролот на париската специјална полиција. Тој додал и дека нема никаква сомнежи дека грабежот го извеле искусни професионалци.Инаку, познато е дека криминалците од источна Европа, особено од регионот на поранешна Југославија со години делуваат во Франција. Нивното „работење“ во оваа западна држава е многу активно уште од времето на СФРЈ, кога покрај извршувањето криминални дела работеа и против националните дијаспори низ Франција под закрилата на разузнувачката служба КОС.Се претпоставува дека групата професионални ограбувачи наречена „Пинк Пантер“ според комичниот серијал, брои повеќе од 200 лица со потекло од поранешна Југославија. Интерпол смета дека со организирано дејствување бандата почнала од 1999 г. а била наречена со името на цртаниот јунак во 2004 г. Тогаш имено, британската полиција кај еден разбојник нашла ѓердан од сини дијаманти вредна 600 илјади евра сокриена во кутија од крема за лица, како и во филмот за комичниот ограбувач. Во десете години откако дејствува, се претпоставува дека бандата „Пинк Пантер“ извел повеќе од 90 добро планирани и изведени грабежи. Нејзини жртви главно се продавниците на скапоцености во центрите на светскито гламур, как ошто се Монако, Дубаи, Женева, Лондон, Токио итн. Исто така, бандата е осомничена дека таа во 2003 г. го извела најголемиот грабеж на јувелирница во историјата во беглискиот град Анверс, кога е украден наките чија цена е проценета на повеќе од 100 милиони евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп повторно го тужи Харвард
Администрацијата на Трамп денес поднесе нова тужба против Универзитетот Харвард, обвинувајќи го дека не се придржувал до федералната истрага и барајќи документи поврзани со неговите практики за прием на студенти.
Во тужбата поднесена во федералниот суд во Бостон, адвокатите на Министерството за правда на САД изјавија дека бараните документи ќе помогнат да се процени дали Харвард се придржува до пресудата на Врховниот суд на САД од 2023 година, со која програмите за прием на колеџи базирани на раса се прогласени за неуставни.
Министерството за правда соопшти дека ја поднело тужбата „единствено за да го принуди Харвард да достави документи поврзани со какво било разгледување на расата при приемот“ и „не го обвинува Харвард за какво било дискриминаторско однесување, ниту бара парична отштета или укинување на федералното финансирање“.
Трамп, претходно овој месец изјави дека неговата администрација бара 1 милијарда долари од Харвард за решавање на истрагите за политиките на универзитетот, откако новинските извештаи објавија дека Трамп се откажал од барањето за исплата од престижниот универзитет.
Харвард е во фокусот на широката кампања на администрацијата за користење на федерално финансирање за да се поттикнат промени на американските универзитети, за кои Трамп вели дека се погодени од антисемитски и „радикално левичарски“ идеологии.
Администрацијата откажа стотици грантови доделени на истражувачи од Харвард врз основа на тоа што универзитетот не направил доволно за да го спречи вознемирувањето на еврејските студенти на својот кампус, што го натера Харвард да поднесе тужба.
фото/Depositphotos
Свет
„Што е спротивно на поредокот заснован на правила? Тиранија и војна“ – Калас остро на панел дискусија
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, изјави на една панел-дискусија дека на меѓународниот поредок му недостига одговорност за прекршувањето на правилата.
„Сите се повикуваат на Повелбата на Обединетите нации. Начелата постојат. Но што се случува кога некој ќе ги прекрши? Очигледно е дека одговорноста не функционира“, рече Калас.
Таа смета дека Советот за безбедност не работи според замислата и дека Обединетите нации „не го одразуваат светот каков што е денес“.
„Повеќето држави во светот сакаат поредок заснован на правила, сакаат правила што ќе го регулираат начинот на кој комуницираме и соработуваме едни со други“, додаде Калас.
Истакна дека големите меѓународни кризи низ историјата го поттикнувале развојот на меѓународното право и дека сегашната криза е можност „овој свет да се развие“.
Коментирајќи го говорот на германскиот канцелар Фридрих Мерц, кој изјави дека „стариот светски поредок исчезна“, Калас заклучи:
„Која е спротивноста на светски поредок заснован на правила? Тоа се тиранија и војни. А очигледно таму се наоѓаме сега.“
Свет
Гувернерот на Калифорнија: Трамп е привремен, ќе замине за три години
Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, жестоко го критикуваше Доналд Трамп, нарекувајќи го „најразорниот претседател“ во историјата на САД и обвинувајќи го дека „сѐ подлабоко тоне во глупост“.
„Никогаш во историјата на САД немало поразорен претседател од сегашниот жител на Белата куќа“, рече Њусом.
Тој смета дека Трамп „се обидува да нѐ врати во 19 век“, додека, како што истакна, Калифорнија успешно покажува дека може да спроведува политики, да се натпреварува и да доминира.
„Ако денес не запомните ништо друго, запомнете го ова: Доналд Трамп е привремен. Ќе замине за три години“, рече Њусом.
Коментирајќи ја климатската криза, тој нагласи дека таа директно ги погодува Американците: „Луѓето горат, се гушат и се варат од горештини; истовремено имаме суши и поплави, како и историски шумски пожари.“
Тој додаде дека во Калифорнија ова прашање одамна ги надминало партиските поделби:
„Калифорнија е голема сина држава, но тука живеат повеќе републиканци отколку во многу републикански држави. Ние одамна сме над партиските поделби, бидејќи нема републикански или демократски термометар. Постојат само реални температури.“
Инаку, Њусом се споменува како можен кандидат на демократите за претседателските избори во 2028 година.

