Свет
Токио и Пекинг сакаат да избегнат нова криза
Јапонскиот и кинескиот министер за одбрана денеска се договорија дека ќе воспостават систем на врски за да се избегне нова дипломатска криза слична на онаа која ја предизвика кинески риболовци со јапонските патролни чамци, објави агенцијата Џиџи Прес.
Јапонскиот и кинескиот министер за одбрана денеска се договорија дека ќе воспостават систем на врски за да се избегне нова дипломатска криза слична на онаа која ја предизвика кинески риболовци со јапонските патролни чамци, објави агенцијата Џиџи Прес.
Кинескиот министер Лианг Гуанглие и неговиот јапонски колега Тошими Китазава разговараа на маргините на состанокот на Сојузот на држави на југоисточна Азија (АСЕАН) во главниот град на Виетнам, Ханој.
„Китазава и Лианг се договорија дека двете земји ќе го зајакнуваат „стратешкото партнерство“, пренесува агенцијата.
Кинеско-јапонските односи се нарушија летово, кога кинески риболовен брод се судри со јапонски патролни чамци во близина на остров Диајо, на кинески, односно Сенкаку на јапонски, кој се наоѓа во Источното кинснеско море, а на кој право имаат двете земји. Капетанот на бродот беше уапсен и ослободен по три недели.
Напнатостите беа видно намалени по 4 октомври кога се сретнаа во Брисел јапонскиот премеире Наото Кан и неговиот кинески колега Њен Џиабао./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Вучиќ хит во Кина: 300 милиони луѓе го гледале интервјуто на претседателот на Србија за кинеската телевизија
300 милиони луѓе го гледале интервјуто на српскиот претседател Александар Вучиќ за кинески CCTV.
Вучиќ во интервјуто посочи дека Србија може и треба да научи, како што наведе, „илјада работи од своите кинески пријатели“.
– Правиме големи подготовки за ЕКСПО. Кога управувате со земја имате високи цели. Секогаш мора да ги ставате новите цели на прво место. Ако сакаме да го постигнеме тоа, најдобар можен партнер за тоа отсекогаш била, и секогаш ќе биде, Народна Република Кина. Тука е и претседателот Кси, бидејќи тој секогаш го држи зборот. Го гледам како обичен, скромен човек, кога ќе вети нешто, го исполнува. Не можам да ви кажам дали имаме големи работи во железничкиот сектор, целокупната инфраструктура или индустрискиот сектор, економијата, туризмот, културата, но секако има илјадници работи што можеме и мораме да ги научиме од нашите кинески пријатели – рече Вучиќ во интервјуто за кинеската телевизија.
Свет
Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда во Турција
Едно лице е тешко повредено во експлозија во станбена зграда во турскиот град Текирдаг, во северозападна Турција.
Засега не е познато што ја предизвикало експлозијата во станот на последниот кат од петкатницата, а како што неофицијално дознава телевизијата ТРТ, најверојатно е дека експлодирала плинска боца.
Од силината на експлозијата оштетени се ѕидовите во станот, а искршени се прозорците.
Регион
Данка денес ќе правеше две години: тажната судбина на девојчето за кое плачеше цел регион
Малата Данка Илиќ, денеска, 6 мај, ќе наполнеше две години.
Пред точно 40 дена исчезна Данка.
Тогаш за прв пат се активираше системот „Најди ме“ и започна потрагата. Покрај полицијата се вклучија и луѓе, па веќе првата вечер по девојчето трагаа повеќе од 100 луѓе. По неа трагаа жителите на Бањско поле, соседи, пријатели, противпожарна единица, како и припадници на Планинарската спасувачка служба и полицијата. Кучиња трагачи беа на пат, беспилотни летала летаа над теренот, вклучени беа хеликоптери, а теренот беше дури и прегледан со термални камери.
Мештаните тој ден рекоа дека околу куќата на Илиќ имало неколку дупки длабоки меѓу еден и два метри и дека се наполниле со подземна вода. Сите беа загрижени дека девојчето залутало и паднало со едно од нив.
Единиците на полицијата во раните утрински часови го пребараа теренот, а потрагата се уште беше отежната поради силниот дожд.
Неколку дена подоцна беше откриено дека Данка Илиќ е убиена. Осомничени за делото се Срѓан Јанковиќ (50) од село Лука и Дејан Драгијевиќ (50) од Злот, работници на Бор „Водовод“ кои се уште не ја откриваат локацијата на која го пренеле телото на девојчето од дивината. Во притвор е и таткото на Драгијевиќ, Радослав (73), осомничен дека му помагал на синот да го премести телото на девојчето. Под истрага бил и најмладиот Драгијевиќ – Далибор (40). Но, тој почина на 7 април во притвор на полицијата на Бор.