Црна хроника
Баба е во животна опасност откако ја турнал малолетник

Баба од Виница е во животна опасност, откако малолетник ја нападнал, при што добила нагмечувања на главата, крвареше во мозокот и скршеници на черепот.
Како што информира полицијата, во 5.30 часот во полициската станица во Виница од Медицинскиот центар Виница било пријавено дека кај нив била донесена М.П.(62) од Виница која имала повреди во пределот на главата, по што е пренесена во Клиничкиот центар во Штип, каде дополнително е утврдено дека се здобила со фрактура на череп со нагмечување на мозокот и крварење, и се наоѓа во животна опасност. Имено, старицата околу 3.45 часот слушнала тропање на приземјето од нејзината куќа каде што спиела, станала и во тоалетот затекнала непознато машко лице кое излегло во ходникот, по што почнала да вика и во тој момент се разбудила нејзината снаа В.Т. Го прашале зошто неповикан влегол во куќата, М.П. го истуркала надвор, по што непознатото лице се упатило пеш по улицата. М.П. и В.Т. со автомобил тргнале по него и заклучиле дека се работи за нивни седумнаесетгодишен сосед. Тие го прашале за причините за влегувањето кај нив дома, по што тој ја турнал М.П. која паднала на тротоарот пред надворешната порта од неговата семејна куќа и се здобила со повреди.Со возило на брза помош била пренесена во Медицинскиот центар. Седумнаесетгодишникот е приведен во полиција, извршен е разговор со него. Се преземаат мерки за расчистување на настанот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.