Македонија
Викиликс:САД го потврдија грчкото вето за влез на Македонија во НАТО
Американската амбасада во Грција, во најновата телеграма објавена на Викиликс која се однесува на воените релации меѓу Атина и Вашингтон, признава дека Македонија добила вето од јужниот сосед на НАТО самитот во Букурешт.
Американската амбасада во Грција, во најновата телеграма објавена на Викиликс која се однесува на воените релации меѓу Атина и Вашингтон, признава дека Македонија добила вето од јужниот сосед на НАТО самитот во Букурешт.Ова вечерва го јави телевизијата Канал 5, цитирајќи делови од најновите белешки објавени на Викиликс, според кои иако двете земји имаат долгогодишни односи, неколку теми сè уште се причина за нервоза.Во врска со името на Македонија, во депешата испратена во јуни 2008 година, амбасадата на САД во Атина пишува дека за Грција немодифицирана употреба на името Македонија значи узурпација на историското наследство кој што може да предизвика иредентизам кон грчката покраина Македонија.Според американските анализи јавноста во Грција смета дека тврдоглавоста на Скопје е директен резултат на несомнената поддршка на САД за Македонија.Понатаму во текстот се вели дека Грција на самитот во Букурешт ја блокирала поканата за влез на Македонија во Алијансата, по што и САД и Грција биле разочарани, што довело до заладување на односите меѓу овие две земји.Тоа од друга страна, пишува во депешата објавена на Викиликс, предизвикало јавна перцепција во Грција, со која секоја американска негативна реакција кон Грција се смета за казнување за ветото врз Македонија.Како пример за ова се наведува сомнежот дека премиерот Караманлис би можел да ги откаже набавките на американска воена опрема затоа што во тоа време тој потег не можел да го оправда пред грчката јавност.Телеграмата во која се изнесени американските ставови за грчкото вето е насловена „Добриот, лошиот и неопходното“. /крај/к5
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сиљановска-Давкова прифати да биде покровителка на 60. издание на МТФ „Војдан Чернодрински“
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ја прими Ана Стојаноска, уметничка директорка на МТФ „Војдан Чернодрински“, театролог, писателка и редовна професорка на Драмскиот факултет во Скопје.
Директорката детално ја запозна со програмата на 60. јубилејно издание на фестивалот којшто ќе се одржи во јуни следната година под провокативното мото „Храбриот нов театар“.
„Импресионирана од иновативноста на програмската содржина, претседателката со задоволство прифати да биде покровителка на фестивалот. Соговорничките споделија мислења за македонската драматургија, местото и улогата на славните глумци во неа, но и хроничните проблеми со коишто се соочуваат театрите, вклучувајќи ги и најтешките: просторните и финансиските. Сепак, недвосмислено заклучија дека театарот мора да остане жив и витален, обидувајќи се да привлече нова публика меѓу децата и младите, воден од чесната намера да ја поттикне кај нив љубовта кон уметноста. Претседателката смета дека знаењето, професионалноста, храброста и ентузијазмот на директорката и нејзиниот тим гарантираат незаборавен фестивал којшто заслужува институционална и финансиска поддршка“, соопштија од претседателскиот кабинет.
Македонија
Гаши на средба со ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денес одржа работен состанок со ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопјe, проф. Беким Фетаји, како и со претседателот на Синдикатот на Универзитетот, проф. Авни Авдиу.
За време на средбата, соговорниците разговараа за можностите за зајакнување на соработката меѓу Собранието и академските институции, со посебен фокус на подобрување на квалитетот на образованието и потребата од одржливи реформи во оваа област.
Беа разменети мислења за конкретни чекори што можат да се преземат за подобрување на условите за академскиот кадар и студентите, како и за зголемување на ефикасноста и транспарентноста на образовниот систем.
Ректорот го информираше претседателот за развојните проекти и планови на Универзитетот, додека претседателот Гаши, од друга страна, изрази целосна подготвеност да ги поддржи овие напори, соопштија од Собранието.
„Гаши високо го пофали придонесот на Универзитетот „Мајка Тереза“ и целиот персонал во развојот на образованието во земјата, охрабрувајќи ги континуираните напори за квалитетно, современо и инклузивно образование“, се наведува во соопштението.
Македонија
Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваната кинеска амбасадорка Џианг Сјаојен
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Народна Република Кина, Џианг Сјаојен.
Обете изразија задоволство од квалитетот на македонско-кинеските односи, втемелени на заемна почит и разбирање.
За Сиљановска-Давкова, забрзаната интеграција во Европската Унија е македонски стратешки приоритет, а дијалогот – единствен начин за решавање на регионалните и глобалните проблеми и предизвици.
Пренесувајќи ги срдечните поздрави од претседателот Си Џинпинг и изразите на највисоко почитување од кинеската влада и народ, кинеската амбасадорка истакна дека Народна Република Кина е наш искрен, доверлив и сигурен пријател којшто ги почитува суверенитетот на македонската држава и достоинството и интегритетот на македонскиот народ.
Претседателката ги поздрави активностите на Катедрата за македонски јазик, при Универзитетот за странски студии во Пекинг.
Соговорничките препознаа неискористен потенцијал за проширување и продлабочување на соработката во економијата, образованието, културата, науката и туризмот.
Тие веруваат и го поддржуваат ефективниот мултилатерализам, чијшто центар на одлучување ќе бидат реформираните Обединети нации.

