Вести
Новата бура може да ги погоди САД за време на претседателските избори
Откако најавија нова бура којашто може да го погоди американскиот источен брег, синоптичарите не ја отфрлаат можноста формирањето на бурата над Атлантикот да се совпадне со претседателските избори, и да го комплицира санирањето на штетите предизвикани од ураганот Сенди, јавува телевизијата Current
Во петокот американските метеоролози предвидуваа дека новата бура но со далеку помал интензитет од Сенди, може да го погоди источниот брег на САД на 7-ми ноември, еден ден по одржувањето на претседателските избори. Според податоците на експертите од Европскиот центар за среднорочни временски прогнози (European Centre for Medium-Range Weather Forecasts – ECMWF), ноќта кон 6-ти ноември кога ќе се одржат американските претседателски избори, над Атланскиот Океан источно од брегот на сојузните држави Џорџија и Јужна Каролина може да се формира област на намален воздушен притисок.
Таквата атмосферска појава, според компјутерски симулираната варијанта на развојот на настаните, може да почне да се движи во северна насока, а во текот на денот да дојде до северот-источните држави на САД со силни ветрови, дожд, па дури и снежна бура.
Американската Национална метеоролошка служба (National Weather Service – NWS), исто така, прогнозира дека над Атлантикот на почетокот од идната седмица може да се формираат области на намален воздушен притисок, што ќе предизвика бура којашто сепак ќе биде многу послаба од ураганот Сенди кој оваа седмица го погоди источниот брег на САД.
И покрај предвидувањата, како што забележуваат метеоролозите, нема место за паника, бидејќи следните четири дена ситуацијата може драстично да се промени.
„Јас, сепак, не сум многу загрижен. Сепак, ќе ја следиме ситуацијата и во текот на следните неколку седмици. Сè што може да ги комплицира работите на обновувањето (по Сенди), треба да се следи“, изјaви за Associated Press соговорникот од NWS, Брус Саливан.
Ураганот Сенди, кој се формираше над Карипското Море опустошувајќи ги земјите во регионот каде зад себе остави голем број разурнати домови и 66 мртви, ноќта кон вторникот налета на источниот брег на САД. Најголеми штети стихијата предизвика во сојузните држави Њу Џерси и Њујорк, каде што се процените на повеќе од 20 милијарди долари, а економските штети се проценуваат на 50 милијарди долари. Исто така, без електрична енергија останаа над осум милиони жители од погодените области. Според последните извештаи, бројот на жртвите од ураганот кој се претвори во супер бура (мешавина од тропска и од зимска бура) се искачи на повеќе од 100 луѓе./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.