Македонија
Позитивниот тренд во туризмот е резултат на владините мерки, проекти и активности

Позитивниот тренд во туризмот е резултат на владините мерки, проекти и активности коишто во последните три години и мерките ги презема Владата и Министерство за економија, инфромираа во вторникот на прес-конференција вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски и министерот за економија Беким Незири.
Позитивниот тренд во туризмот е резултат на владините мерки, проекти и активности коишто во последните три години и мерките ги презема Владата и Министерство за економија, инфромираа во вторникот на прес-конференција вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски и министерот за економија Беким Незири.
„Имено минатата година првпат бројот на туристи ја надмина бројката од 700 илјади туристи која беше и главна цел согласно Стратегијата за развој на туризмот, при што важно е да се напомне дека бројот на странските туристи во Македонија изминативе осум години двојно е зголемен, и изнесува 98 отсто, а вкупниот број на туристи забележува раст од 40 отсто, истакна Пешевски додавајќи дека оваа година бројот на туристите во периодот од јануари до мај, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 6,7 проценти, и тоа кај домашните туристи за 9,9 отсто, додека кај странските за 4,8 отсто.
Овие позитивни трендови, истакна Пешевски се резултат на низа политики, мерки и активности кои Владата на Република Македонија ги спроведуваше во изминатиот период. Една од активностите кои Владата ги спроведе во изминатиот период е субвенционирањето на странскиот организиран туристички промет како и субвенционирањето на авиолетовите на ниско буџетните компании.
Министерот за економија Беким Незири информираше дека со мерките за поддршка на туризмот отворени се многу нови работни места, и дека постојано расте бројот на работни места во овој многу значаен сектор.
„Позитивен тренд и ефект од развојот на туризмот е креирањето на нови работни места. Минатата година во Македонија биле вработени 8.500 лица во туризмот, што претставува 1,2 проценти од вкупниот број вработени во земјава“, истакна Незири, додавајќи дека според процените на Светскиот совет за патување и туризам, годинава бројот на вработени во овој значаен сектор ќе достигне 10 илјади, а тоа ќе претставува и зголемување на учеството во БДП од 1,9 проценти.
Министерот Незири додаде дека заедно со дејностите коишто се поврзани со туризмот, во Македонија се вработени уште 31 илјади лица, а тоа е веќе 4,5 проценти од вкупниот број евидентирани лица коишто работеле во 2013 година. Проекциите укажуваат дека годинава и оваа бројка ќе претрпи нагорна корекција и ќе достигне 32.500 лица, коишто ќе бидат работно ангажирани во овој сектор, со очекувања дека до 2024 година тие ќе се искачат до 40 илјади.
„Учеството на туризмот во бруто домашниот производ (БДП) во 2012 и во 2013 изнесува 1,4 отсто, а целта е до 2020 година приходите од туризмот да постигнат 5 отсто од вкупниот БДП“, информира министерот Незири, додавајќи дека сето ова се должи на сет проекти и мерки на Владата, кои се спроведуваа во изминатите години, и тоа намалувањето на стапката на ДДВ од 18 на 5 отсто за ноќевањата, сместувањата со појадок, полупансионите и полните пансиони во сите видови комерцијални угостителски објекти, проектот за одбележување (сигнализација) на туристичките места по Коридорите 10 и 8, субвенциите за разни туристички манифестации и форуми како и субвенциите за странскиот организиран туристички промет.
Што се однесува до субвенциониран странски организиран туристички промет секоја година, листата на земји од каде се субвенционираат туристи континуирано се проширува. Освен за земјите од Бенелукс, Финска, Норвешка, Данска, Шведска, Русија, Украина, Обединетите Арапски Емирати и Јапонија, од годинава субвенционирањето ќе важи и за туристи од Кина и Индија, а од 2015 година и за оние од Казахстан, Азербејџан, Катар, Германија, САД и Англија. Годинава за субвенционирање се наменети 155 милиони денари (2.5 милиони евра), од кои 110 милиони од Програмата за промоција и поддршка на туризмот за 2014 година, а 45 милиони од игри на среќа./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Конституенцата на ММФ и СБ: Народната банка e столб на макроекономската и на финансиската стабилност

Гувернерот Трајко Славески, и министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, ја предводеа делегацијата на годишниот состанок на Конституенцата на Меѓународиот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка (СБ), на која ѝ припаѓа нашата земја, а којшто годинава се одржува во Луксембург.
Дел од делегацијата е и вицегувернерката Ана Митреска. На билатералните средби коишто ги остварија беше потврдена улогата на Народната банка како столб на макроекономската и финансиската стабилност во земјава.
За време на средбите со високите претставници од ММФ и Светската банка − Јерун Клик, Марникс ван Рај, Марк Хортон и Јуџин Ругенаат − се водеа плодни дискусии за сегашните предизвици на централните банки.
Во рамките на дијалогот беше истакната важноста на координацијата меѓу централните банки и меѓународните финансиски институции за унапредување на финансиската вклученост, дигитализацијата на финансискиот систем и унапредувањето на регулативните рамки. Се разговараше и за начините на кои Народната банка ја поддржува макроекономската стабилност преку ефикасно управување со монетарната политика и силна регулаторна улога.
Овие средби ја потврдија довербата во капацитетот и посветеноста на Народната банка како стабилен и кредибилен партнер, што придонесува кон создавање отпорна и успешна економија, со подобри услови за граѓаните и за стопанските субјекти.
Народната банка и во иднина ќе биде посветена на својата мисија за обезбедување сигурност и стабилност на финансискиот систем, како основа за одржлив економски развој и напредок на земјава.
Економија
Првите четири банки од земјава впишани во регистарот на Европскиот совет за плаќања – започнува членувањето во СЕПА

Европскиот совет за плаќања (ЕПС) ги впиша првите четири банки од нашата земја – станува збор за три големи и една средна банка – во регистарот на учесници во шемата за кредитни трансфери на СЕПА. Овој важен чекор е резултат на успешно поднесени барања од страна на овие банки, а со тоа официјално започнува и членувањето на нашата земја во СЕПА.
Овие банки ќе започнат со вршење на кредитните трансфери во СЕПА од 6 октомври 2025 година.
Се очекува и останатите осум деловни банки, кои најавија дека ќе поднесат барања во периодот од јуни до август оваа година, ќе бидат впишани во регистарот на ЕПС и ќе започнат со вршење на плаќањата во рамките на СЕПА до 6 октомври.
Да потсетиме, на 6 март 2025 година ЕПС го прифати барањето за членство коешто го достави Народната банка за нашата земја, со што станавме членка на Единствената област за плаќање во евра (СЕПА). Со ова се овозможи приклучување на домашните банки во европските платежни шеми преку кои се извршуваат плаќањата во евра, во географски опсег од 41 земја членка.
Интеграцијата на банките од земјава во европскиот платежен екосистем носи бројни придобивки за граѓаните и за компаниите – пред сѐ побрзи, поефикасни и поевтини прекугранични плаќања во евра, како и поголема економска поврзаност и активност.
Народната банка, како институција којшто ги координираше активностите за членство во СЕПА, останува целосно посветена на процесот на интеграција на банките и ќе продолжи редовно и навремено да ја информира јавноста за постигнатиот напредок.
Економија
Владата: Исплатени се субвенции на 70.000 земјоделци во вредност од повеќе од 9 милијарди денари

Исплатени над девет милијарди денари субвенции на над 70.000 земјоделци.
Владата соопшти дека се врши редовна исплата на субвенциите и со тоа им се дава директна поддршка на земјоделците да продолжат со своето производство.
„За една година, Владата и МЗШВ успеа да ги исплатат заостанатите субвенции на земјоделците за сите категории од 2021, 2022, 2023 година, а се исплаќаат и тековните субвенции. Покрај ова, како Влада успеавме да ги подобриме земјоделските политики и наместо земјоделските производи да се фрлаат, истите сега се откупуваат по пристојни цени од страна на откупувачите. Промените се очигледни. Тие се случуваат. Времето на промените е тука, работиме и ја вреднуваме маката на земјоделците“, велат од владината прес-служба.
Се додава дека оваа Влада е земјоделска и земјоделците после седум години конечно имаат партнер.