Македонија
СДСМ: Нема да влегуваме во провидното сценарио на Груевски
СДСМ има четири барања, а не 40-50 барања што ВМРО-ДПМНЕ сами си ги измислуваат, изјави Јани Макрадули, член на извршниот одбор на опозициската СДСМ, коментирајќи го исходот од вчерашната средба на Никола Груевски со Бранко Црвенковски.
СДСМ има четири барања, а не 40-50 барања што ВМРО-ДПМНЕ сами си ги измислуваат, изјави Јани Макрадули, член на извршниот одбор на опозициската СДСМ, коментирајќи го исходот од вчерашната средба на Никола Груевски со Бранко Црвенковски. Според нив, вчера се покажало дека е потребна лидерска средба на која ќе учествуваат претседателите на сите релевантни политички партии, а не само лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. „Од ова е јасно дека математиката и тврдењата на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ за нашите услови се ефтин обид за манипулација на јавноста. Политичкиот дијалог и консензусот не значат како што брои Груевски, квантитет наместо квалитет. СДСМ останува на ставот дека пред враќањето во Собранието, треба да се усогласиме за сите прашања поврзани со изборниот процес, и по усвојувањето на сите акти да се оди на слободни, фер и демократски предвремни избори“, рече Макрадули. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Николоски: Ќе ги реконструираме граничните премини Дојран и Меџитлија, воведовме „one stop shop“ со Србија и Косово, работиме на брз проток на возила и патници на коридор 10
Коридорот 10 е коридор кој не може да биде заобиколен иако многумина сакаат да биде заобиколен. Јас од првиот ден зборувам за изградба на брза пруга, затоа што сакам да избегнам заобиколување на Македoнија и доколку ја изградиме може да генерираме огромни економски бенефити од истата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
Тој потенцираше дека во моментов се работи на неколку проекти кои ќе го забрзаат протокот на добра и патници на граничните премини.
„Во однос протокот на границите работиме на два проекти, едниот е “new single window” – што значи дека за сите оние што се занимаваат со товарен превоз ќе има само една проверка на документи. Тие што го работат ова многу добро знаат за што зборувам сега бидејќи сега се оди по десетици шалтери на граничните премини и на тој начин камионскиот превоз ќе се забрза и дополнително се воведува и зелена лента. Во однос на патничкиот превоз, веќе со Србија имаме “one stop shop” каде што на едно место се врши проверка на документи. Претходно беше нејавен но не функционираше, истото го договоривме и со Косово бидејќи и Косово е дел од коридор 10, а со Грција работиме на забрзување на граничниот премин Богородица и за многу крaтко време ќе работиме на реконструкција на граничните премини на Дојран и на Меџитлија со цел тие три гранични премини да се функционални. И друга работа значајна за коридор 10 д, е тоа што работиме на експресниот пат Градско Прилеп кој веќе е при крај, почнавме да градиме автопат Прилеп – Битола што значи дека и тој дел на јужно поврзување ќе се отвори“, истакна вицепремиерот Николоски.
Скопје
Герасимовски: Бадник е празник што обединува и поттикнува солидарност
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски утрово присуствуваше на традиционалната прослава на Бадник во дворот на Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Настанот почна со делење на осветените бадникови гранчиња на влезовите од храмот, како симбол на празникот и духовната сплотеност.
„Бадник е повеќе од празник, тоа е ден што нè потсетува на вредностите на семејството, заедништвото и љубовта. Ви посакувам празничните денови да ви бидат исполнети со радост, мир и благосостојба. Да го споделиме духот на солидарноста и да покажеме грижа за оние на кои им е најпотребна“, истакна Герасимовски во обраќањето до граѓаните.
Тој воедно ја нагласи важноста од зачувување на традицијата, како темел на единството и меѓусебната почит, особено за младите генерации.
Во духот на православието, поглаварот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, г.г. Стефан, ја освети бадникарската погача, а празнични честитики до присутните упатија овогодинешниот кум, Радомир Макеларски, и здравичарот Атанас Петров.
Македонија
ВЛЕН: Загадениот воздух како резултат нанеодговорноста на поранешната власт
„ДУИ нон грата продолжува да ја потценува интелигенцијатана нашите граѓани кои ја казнија оваа застаренакорумпирана каста. Овој клуб на луѓе гладни за власт и нурнати во корупција со години ја водеа околината сокатастрофални кадри која, како резултат на тоа, доведоа дооваа состојба. Дури, не треба да се заборави и иницијативата на качакот, Артан Груби, кој се обиде да јапретвори ДУИ во зелена партија откако ја уништијаживотната средина, но и тие не успеаја во овој обид, какошто самите најдобро знаат“, соопшти ВЛЕН.
„Загадениот воздух и уништената животна средина серезултат на неодговорноста на поранешната власт, која готретираше Министерството за животна средина каконеважна институција, доволна за некој да стане министер. Значи, за поранешната власт, Министерството за животнасредина беше пазарен производ кој ги задоволи нивнитенегодувања.
Загадувањето на воздухот во Скопје датира одамна. Потсетуваме на времето на поранешниот министер од ДУИ, Садула Дураку, како што повеќе сакаат да го нарекуваат“гага“. Кој не покажа срам и одговорност на новинарскопрашање на оваа тема дека граѓаните се загрижени зазагадениот воздух. Неговиот одговор беше следен: “Не мезасега што мислат граѓаните“.
Значи, со овие кадри на ДУИ, животната средина дојде вомизерна состојба и загадениот воздух навлезе во нашитенаселени места. Но, сега ова прашање заврши бидејќи ДУИ во опозиција сите работи доаѓаат бинарно.
Откако е на власт ВЛЕН, Министерството за животнасредина и просторно планирање додели 50 милиони евра заопштините. Со што ќе можат да развиваат значајни проектиод областа на животната средина.
Министерството за животна средина и просторнопланирање под раководство на министерот Меџити успешноосвои донација од Европската Унија со која обезбедивме 6 еколошки автобуси. Во меѓувреме, како Влада јаразгледуваме можноста за набавка на 100-120 електричниавтобуси, со цел одржливо решение на проблемот со јавниотпревоз, но и директно да влијаеме на подобрување наквалитетот на воздухот во градот Скопје.
ВЛЕН максимално се залага за подобрување на квалитетотна воздухот загаден од неодговорноста на поранешнатавласт“, се наведува во соопштението на ВЛЕН.