Вести
Асад формира нова сириска влада
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/asad20glasa.jpg)
Сирискиот претседател Башар ал-Асад му наложил во средата на министерот за енергетика Емад Камис да ја формира новата влада.
Сирискиот претседател Башар ал-Асад му наложил во средата на министерот за енергетика Емад Камис да ја формира новата влада.
Во одлуката на сирискиот претседател којашто ја пренесе државната агенција SANA, не се наведува причината за смената на Ваел ал-Халаки, кој беше премиер речиси четири години, од август 2012 година, и преживеа дури атентат во Дамск во 2013 година.
Халаки го замени премиерот Ријад Хиџаб кој пребегна и подоцна ја предводеше вооружената сунитска опозиција на мировните преговори во Женева, кој пропаднаа во април бидејќи опозицијата не успеа да оствари, како што се надеваше, позначајни напредувања на теренот во однос на провладините сили, особено во северната покраина Алепо.
Камис има рок од неколку дена да го претстави составот на новата влада, пренесува AFP.
Педесет и четиригодишниот Камис, инженер по професија, беше министер за енергетика од 2011 година. Претходно бил директор на државната електроенергетска компанија. Член е на владејачката партија Баат од 1977 година. Тој е под санкциите на Европската унија од март 2012 година.
Промените во владата доаѓаат повеќе од два месеца по парламентарните избори во Сирија, кои се одржаа на 13-ти април, кога властите и покрај граѓанската војна и странските воени интервенции против џихадистите, објавија дека е „регистриан голем одѕив на гласачите“. И покрај повеќе од петгодишната војна, започна во март 2011 година, во која загинаа неколку стотици луѓе, а милиони се внатрешно раселени или се бегалци, во Сирија досега беа спроведени неколку изборни циклуси на различни нивоа.
На овие избори, како и на претходните, се кандидираа некои опозициски политичари чии партии не учествуваат во граѓанската војна, додека воо
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.