Македонија
Битолската Клиничка болница доби опрема вредна над 5 милиони евра
Со реализирањето на тендер од Владата за набавка на софистицирана современа дијагностика и терапевтска опрема, наменета за јавните здравствени установи во земјава, дел од опремата доби и битолската болница
Опремата во текот на изминатите два месеца етапно пристигнуваше а станува збор за најсовремена брендирана опрема од прозиводители како што се „Сименс“, „Џенареал електрикс“, „Дрегер“ и др. брендови на медицинска опрема препозантливи во светот. Според првиот човек на Клиничка ова било голема придобивка за пациентите и вработените во Клиничкиот центар Битола.„Вработените ќе имаат сатисфакција дека ќе ракуваат со ваква современа опрема за која може да им позавидат многу поразвиени држави или барем дека сме на исто ниво со нив, додека граѓаните и пациентите на Битола побрзо ќе дојдат до дијагноза и со помалку грешк“, рече д-р Михајло Џолонга, дирекотр на Клиничка болница Битола.Терапевтската опрема е дополнение на софистицираната и таа ќе се користи при примена на современите методи на терапија кај пациентите. Џолонга вели дека опремата условно е поделена на лесна и тешка. Како што рече тој, лесната е сместена во постоечки простории каде лесно се адаптира, додека, пак, за тешката ќе треба изведување одредени градежни зафати.„За тешката опрема веќе почнавме со градежни зафати потребни за да ја сместиме, бидејќи за нејзина се потребни посебни статички услови заради нејзината тежина“, дополни др. Џолонга„Кадарот што работи на досегашната постара опрема, секако има искуство и ќе бид епоптребна мала доедукација за да се запознае софтверот на новата опрема“, смета директорот на Клиничка болница Битола.Новата опрема поставува нови предизвици за Клиничка болница Битола, односно зголемување на бројот на пациентите, сметаат лекарите.„Таква опрема нема во радиус од 150 километри, односно Скопје, Солун, Софија. Со тоа многу пациенти ќе привлечеме да се лекуваат тука“, рече др. Михајло Џолонга.Опремата е распоредена по одделенија, на гинекологија, неонатологија, хиругија, анестезија и реанимација, на интерниот оддел, на педијатрија, а дел чека стручни лица да ја монтираат, додека се уште се очекува пристигнување на уште неколку медицински апарати. Како тшо сметаат битолсктие здравствени работници, со ова битолското здравство би било на завидно ниво во поглед на пружањето услуги на пациентите, па и на рамниште надвор од земјава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Зелениково и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, дел од корисниците од улиците Самоилова и Јоаким Крчовски, како и објектот на Музејот на Современа Уметност, општина Центар;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од селата Зелениково, Ново Село, Страхојадица и Смесница, општина Зелениково;
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците лоцирани околу ул. Австралиска бр. 5 во населба Даме Груев, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд
Променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Утре во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд, кои во текот на денот насекаде ќе престанат. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониска утринска температура.
Македонија
Ѓорѓиевски отпушти 500 вработени
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека се отпуштени 500 вработени од претпријатијата на Скопје затоа што се месеци, дури и години, не оделе на работа.
„500 лица до денес, се отстранети од работа од претпријатијата во градот Скопје. Тоа се лица кои се платени од парите на скопјани, но не оделе на работа со месеци, дури и години“, објави Ѓорѓиевски.
Тој најави дека секој кој чесно си ја работи работата, ќе биде награден, а оној што не работи ќе биде казнет.
„Тука, нема да има толеранција, а ќе има и одговорност! Секој оној што чесно си ја работи својата работа ќе биде награден, а оној што не работи – ќе биде санкциониран. Ред во Скопје, мора да има! Она што е платено со парите на граѓаните јас мора да го заштитам“, напиша Ѓорѓиевски на „Фејсбук“.

