Контакт

Македонија

Разбојник со нож нападнал вработена во „Тинекс“ во центарот на Скопје

Објавено пред

Разбојник повредил со нож вработена во „Тинекс Маркет“ во строгиот центар на Скопје, барајќи од неа пари, соопшти денеска полицијата.

dobivaj vesti na viber

Разбојник повредил со нож вработена во „Тинекс Маркет“ во строгиот центар на Скопје, барајќи од неа пари, соопшти денеска полицијата.Според истиот извор, настанот се случил синоќа во 21,20 часот во „Тинексот“ на булеварот Кочо Рацин, кога разбојникот и пришол на вработената од грб држејќи нож во рацете, и и се обратило со зборовите:“Дај ги парите“, а откако таа со рацете ја фатила касата, ја прободел во пределот на надколеницата на  десната нога и избегал без да ги земе парите.На повредената и е укажана лекарска помош, по што е пуштена на домашно лекување.Полицијата трага по напаѓачот. /крај/со/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Директор на комунално претпријатие обвинет за проневера во службата

Објавено пред

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Проневера во службата од член 354 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

dobivaj vesti na viber

Обвинетиот, во периодот од 01.01.2021 до 31.12.2021 година, како службено лице – в.д. директор на ЈКП „Гази Баба – 2007“, со намера за друг да прибави противправна имотна корист присвоил пари доверени во службата. По претходна одлука на Управниот одбор на јавното претпријатие за ангажирање невработени лица за вршење јавни работи за потребите на Општина Гази Баба, обвинетиот склучил договори со седум лица. Договорите биле заведени под ист деловоден број и имале потпис само од обвинетиот. Притоа, иако за нив водел евидентни листови кои обвинетиот лично ги потпишувал, наводно ангажираните привремени работници не работеле во ЈКП „Гази Баба – 2007“, а на одредени датуми за кои примале хонорар всушност се наоѓале надвор од границите на државата. За тоа време тие биле уредно водени дека ги извршуваат ангажманите за кои склучиле договори и им се исплаќал паричен надоместок, кој во вкупен износ за сите седум лица достигнал 880.516 денари.

Имајќи ја предвид пред се сериозноста и тежината на кривичното дело кое му се става на товар, запретената казна и останатите прилики, надлежниот јавен обвинител до Судот заедно со обвинението достави и посебен предлог со кој побара спрема обвинетиот да бидат определени мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште, обврска повремено да се јавува кај службено лице и привремено одземање на патната исправа.

Прикажи повеќе...

Македонија

Борбата против корупција на ДПМНЕ и ЗНАМ остана предизборна фарса, велат од партијата Левица

Објавено пред

„Борбата против корупција на ДПМНЕ и ЗНАМ остана предизборна фарса! Измените во Законот за јавни набавки стигнаа на второ читање, а целта е едноставна – нетранспарентно, без одговорност и контролни механизми, функционерите на алчната власт да можат да ги трошат народните пари легално преку тендерски постапки на фирми блиски до власта“, велат од партијата Левица.

dobivaj vesti na viber

„Последици од ова тоталитарно законско решение се:

Укинување механизмот за управна контрола кој е во надлежност на Бирото за јавни набавки;

– Елиминирањето на административните контроли и контролите на тендерските документации;

– Се истиснува и улогата на министерот за финансии, односно истиот нема да има обврска подетално да го пропишува начинот на избор на постапки кои ќе будат предмет на административна проверка;

– Разрешување на сите членови на Државната комисија за жалби;

– Укинување на механизмот за управна контрола кој е во надлежност на Бирото за јавни набавки;

– Целосно намалување на транспарентноста на тендерските постапки и овозможување договори во четири очи.

Овој груевистички закон, се донесува пред распределбата на „унгарската милијарда“. Што значи, дека за задоволување на апетитите на сопствената елита, власта, не само што го троши парите на граѓаните, туку ќе троши и пари кои во иднина ќе ги отплаќа македонскиот народ. Праксата на нечесно расфрлање народни пари, без транспарентни постапки веќе гледаме како ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја спроведува во случаите со „Бехтел и Енка“ и компанијата „Топлина“, некогаш подизведувач на „Марковски“.

Ставовите и критиките на Левица по овој закон, ги дели и ЕУ чии претставници овој закон го окарактеризираа како враќање назад од реформскиот пат. Граѓанскиот сектор и Антикорупциската комисија исто така потврдуваат дека законот е апла коруптивен во својата срж. Пратениците на Левица најавуваат жестока борба против воведувањето на груевистички закони, кои мицковистите го спроведуваат по диктат на финансиерите на нивните партии“, соопштија од партијата Левица.

Прикажи повеќе...

Македонија

Поскапи цени и поголеми трошоци за живот – дебакл и на новогодишната кошничка, вели СДСМ

Објавено пред

„И новогодишната кошничка се покажа целосно промашена. Политиката на власта со кошнички доживеа тотален дебакл. Наместо да се намалат цените се зголемија, затоа што власта им остави време и простор на големите трговци да ги покачат цените на производите пред да стапи мерката во сила“, соопшти СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Зејтинот, јајцата, шеќерот, млечните производи, грашокот, гравот и леќата, се е поскапено, а тоа граѓаните го чувствуваат секој ден и го гледаат во продавниците и маркетите.

И официјалните податоци на Државниот завод за статистика потврдуваат дека кошничките се промашување.

Трошоците за живот во декември 2024 година се зголемени за 4,4%, а цените на основните производи пораснале за 4,3%.

Се зголеми и инфлацијата, во декември 2024 година е за 4,4 проценти повисока.

Големите трговци се збогатија, а десетици милиони евра се извлечени од џебовите на граѓаните со амин на оваа влада.

Наместо погрешни и промашени политики со кошнички власта треба да ги профати предлозите на СДСМ за укинување на ДДВ на храната и за зголемување на платите.

Само така може реално да се намалат цените и да се подобри животниот стандард на граѓаните“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 минути

Директор на комунално претпријатие обвинет за проневера во службата

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело...

Македонија1 час

Дрин Ахмети во Ролс Ројс, Мијалков во Ферари, граѓаните во сиромаштија – ова беше режимот на ДУИ, велат од ВЛЕН

„Делиме исто место, но не и иста судбина. Од ова место минатата недела ги видовте застрашувачките и шокантни сцени како...

Свет2 часа

(Видео) По договорот за прекин на огнот во Газа, на големо се шират зборовите на Трамп од пред еден месец: „Ќе има целосен пекол!“

И американскиот претседател во заминување Џо Бајден и новоизбраниот претседател Доналд Трамп ја преземаат заслугата за решавање на кризата во...

Македонија2 часа

Утрово најстудено на Попова Шапка и во Маврови Анови

Утрово најстудено било на Попова Шапка и Маврови Анови каде што се измерени -7 степени, -5 било во Крушево, -4...

Европа3 часа

Путин игра на картата крај на војната: услови за Украина, кои би означиле траен крај на конфликтот

Русија ќе бара Украина драстично да ги намали воените врски со НАТО и да стане неутрална држава со ограничена армија...

Свет4 часа

(Видео) Израелскиот претседател Исак Херцог се огласи по договорот со Хамас: „Ова не е едноставна ситуација“

Израелскиот претседател Исак Херцог изјави вчера вечер дека постигнатиот договор со палестинскиот Хамас е „важен чекор“ и е неопходен за...

Свет4 часа

Трудо за одговорот на царините на Трамп: Ништо не е исклучено

Канада ќе ги разгледа сите можни опции, вклучително и контратарифи, доколку новиот американски претседател Доналд Трамп не се откаже од...

Свет4 часа

(Видео) Бајден одржа проштален говор, предупреди за создавање опасна олигархија

Американскиот претседател во заминување Џо Бајден во својот проштален говор предупреди за „опасна олигархија што се појавува во Америка“. Со...

Свет13 часа

Семејствата на заложниците се задоволни од договорот за прекин на огнот, но стравуваат од можноста да не биде целосно имплементиран

Семејствата на израелските заложници со радост и олеснување ја дочекаа веста за договорот помеѓу Израел и Хамас со кој ќе...

Свет15 часа

Договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас ќе стапи во сила во недела, објави катарскиот премиер

Катарскиот премиер Шеик Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани одржа прес-конференција во Доха на која потврди дека е постигнат договор за...

Свет15 часа

(Видео) Договорот се слави на улиците во Тел Авив и Газа, Нетанјаху објави дека делот за заложниците треба да се финализира

Кабинетот на израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, објави дека сè уште има клаузули во договорот за прекин на огнот за заложниците...

Свет17 часа

Хамас и Израел постигнаа договор за прекин на огнот

Претставник на Хамас и уште еден висок функционер изјавиле за „Скај њуз“ дека е постигнат договор за прекин на огнот...

Свет17 часа

Американскиот претседател во заминување: Беше животна привилегија да и’ служам на оваа нација повеќе од 50 години

Американскиот претседател Џо Бајден им се заблагодари на Американците за нивната „љубов и поддршка“ за време на неговиот мандат, во...

Македонија20 часа

Ги повикуваме на разговор доколку вистински се грижат за платите на вработените, во спротивно УПОЗ е синдикална организација што обработува за нечии партиски интереси, велат од Владата

Протестите не се најдобриот начин на комуникација, Владата е отворена за постигнување договор со сите синдикални организации преку дијалог, велат...

Македонија21 час

Во некои министерства има притисоци вработените да не излегуваат на протест за поголема плата, Деановски ќе ги каже до крајот на неделата

Државната администрација од неколку министерства и денес излезе на получасовен протест со барање за 30 отсто поголема плата и потпишување...

Топ23 часа

Исчезнатата Лидија од скопско Јурумлери пронајдена мртва

Идентификувано е телото кое пред неколку дена беше пронајдено во реката Вардар. Се работи за Лидија Трајковска, жената од Јурумлери...

Економија23 часа

Новогодишната кошница беше успешна, оцени Министерството за економија

Денеска завршува акцијата „Новогодишна кошница“ која што беше креирана на предлог на бизнисот со поддршка на Министерството за економија и...

Топ1 ден

(Фото) Уапсен 30-годишен скопјанец: при претрес пронајдена дрога, пиштол, пари

Вчера во 19.30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје...

Спорт1 ден

Почина Александар Јовиќ

Утрово тажна вест ја потресе македонската јавност. На 51-годишна возраст почина македонски репрезентативец Александар Јовиќ. Александар Јовиќ е роден во...

Македонија1 ден

ДУИ: Од првиот ден на мандатот Андоновска јасно ја покажува својата намера да го намали присуството на Албанците во ИЈЗ

Демократската унија за интеграција остро реагира на постапките на директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, која, како што...