Свет
НАТО ќе ги продолжи операциите и по предавањето на овластувањата на Авганистан
НАТО ќе продолжи да ги спроведува борбени операции во Авганистан и по целосното преносување на одговорноста за безбедноста во земјата врз тамошната армија и полиција, изјавија во четвртокот одвоено генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен и Белата нуќа во Вашингтон.
НАТО ќе продолжи да ги спроведува борбени операции во Авганистан и по целосното преносување на одговорноста за безбедноста во земјата врз тамошната армија и полиција, изјавија во четвртокот одвоено генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен и Белата нуќа во Вашингтон. „Дури и кога последните провинции и области ќе им бидат предадени на одговорност на Авганистанците, ние сѐ уште треба да ги поддржуваме авганистанските безбедносни сили, вклучувајќи го и спроведувањето борбени операции“, изјави Андрес Фог Расмусен за новинарите по првиот ден од состанокот во Брисел на 28-те министри за одбрана на земјите членки на НАТО, во четвртокот навечер. „Ако некој мисли дека мисијата на ИСАФ (Меѓународните безбедносни сили за помош во Авганистан под команда на НАТО) ќе биде завршена до 2013 година, за тоа можам да кажам дека тоа нема да се случи“, додаде првиот човек на НАТО. Генералниот секретар на НАТО потсети дека според „распоредот“ за Авганистан, усвоен на самитот на НАТО во ноември 2010 година во Лисабон, етапниот процес на предавање на овластувањата и одговорноста за безбедноста од ИСАФ под контрола на авганистанските безбедносни сили треба да биде завршен до крајот на 2014 година. Сепак, според Расмусен, овој процес „многу ќе зависи од реалната безбедносна ситуација на теренот“, пренесува AFP. „Прерано е да се предвиди во детали, кога точно последните провинции и области ќе бидат дадени во надлежност на Авганистанците, но јасно е дека ние ја следиме рамката доенсена во Лисабон“, вели Расмунсен. Генералниот секретар на НАТО дал дека во моментов авганистанската армија и полиција ја обезбедуваат безбедноста на половината од населението во Авганистан и оти на нив отпаѓаат 40 отсто од воените операции коишто сега се одвиваат на територијата на земјата.Белата куќа, пак, од своја страна соопшти дека не е донесена одлука за измена на улогата на американските единици во Авганистан, како и дека коментарите на министерот за одбран Леон Панета за американските војски коишто во 2013 година ќе ја звршат борбената мисија не претставуваат скршување од зацртаното.„Тоа беше процена на она што може да се случи во контекстот на прифаќањето на политиката на НАТО да безбедноста се префрли врз афганистанските сили до 2014 година, а во рамките на тој рок ќе се случи транзицијата. На тоа се однесуваа зборовите на министерот Панета“, изјави портпаролот на Белата куќа, Џим Карнеј, во четвртокот доцна навечер на брифинг за новинарите, пренесува Reuters.Министерот за одбрана на САД, Леон Панета, во средата изјави дека САД и НАТО ќе настојуваат својата борбена мисија во Авганистан да ја завршат идната година, и дека ќе го преместат тежиштето врз улогата на поддршка и обука на авганистанските безбедносни сили, којашто ја пренесоа светските агенции.„Се надевам дека до средината или во вториот дел од 2013 година ќе бидеме во можност да направиме премин од борбената улога во Авганистан кон обучувањето и советодавната и помошна улога“, им рекол Панета на новинарите коишто патувале заедно со него на состанокот на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО во Брисел кој се орджува во четвртокот и петокот./крај/афп/ро/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Непалските работници во Хрватска штрајкуваат поради ниски плати и лоши услови
Неколку часа траеше прекинот на работата во складиштето за овошје на логистичко-дистрибутивниот центар на „Плодине“ кај Кукуљаново, откако непалските работници изразија незадоволство од условите, јави „Индекс“
Синдикатот NSRH информира дека странските работници, најмногу од Непал, реагирале на ниските плати, прекувремената работа и условите. Во објектот работат околу 100 странци и околу 70 домашни работници.
Синдикатот предупреди и на случајот со седуммина непалски работници кои по зачленување во синдикат биле изложени на притисоци и закани со губење на работен и престојувачки статус.
Штрајкот е прекинат откако им било ветено дека во понеделник ќе имаат средба со лице од повисоко раководно ниво.
Свет
(Видео) Пожар во трговски центар во Пакистан, 6 лица загинаа, 11 се повредени
Во голем пожар што зафати трговски центар во центарот на Карачи, најголемиот град во Пакистан, загинаа шест лица, а 11 се повредени, објави „Ројтерс“. Пожарот избувнал во саботата навечер во трговскиот центар „Гул Плаза“, по што брзо се проширил од приземјето кон горните катови и ја зафатил речиси целата зграда.
Противпожарните екипи интервенирале во текот на ноќта за да го спречат ширењето на огнот во густо населената деловна зона. Во меѓувреме, стотици луѓе се собрале околу објектот, меѓу нив и сопственици на уништени продавници.
#WATCH | A massive fire breaks out at Gul Plaza, a multi-storey shopping mall in central Karachi, killing at least three people and injuring more than 20.#GulPlaza #Karachi #Fire #Accident #Shoppingmall pic.twitter.com/PX7yvGMcUi
— The Federal (@TheFederal_News) January 18, 2026
Од цивилната болница во Карачи соопштија дека се примени шест тела и 11 повредени лица, а полицијата ги активирала протоколите за масовни катастрофи. Локалните медиуми јавуваат дека делови од зградата почнале да се уриваат и постои страв од целосно рушење на конструкцијата.
Свет
(Видео) Париското обвинителство отвори истрага по падот на спратот за време на забавата во Париз, едно лице потешко повредено
Во текот на ноќта во Париз се урна кат од зграда на кој се одржувала забава со присуство на педесетина лица. Во инцидентот се повредени 20 лица, од кои едно потешко, јави „Ле Монд“.
Париското државно обвинителство потврди во неделата наутро за агенцијата Франс-прес (АФП) дека е покрената истрага за причините на несреќата. Според последните информации од противпожарната служба, 14 лица се здобиле со полесни повреди, додека едно лице е потешко повредено и пренесено во болница. Обвинителството соопшти дека е отворена истрага за околностите на повредите и дека увидот е во тек.
PARIS : 20 personnes ont été blessées, dont une grièvement, après l’effondrement d’un étage d’immeuble lors d’une soirée où étaient réunies une cinquantaine de personnes dans un appartement rue Amelot, dans le 11ᵉ arrondissement. (AFP / Actu17)pic.twitter.com/lg3SJyBQsn
— Infos Françaises (@InfosFrancaises) January 18, 2026
Пожарникарите ја примиле пријавата малку по полноќ, откако кат од зградата на улицата „Амело“ во 11. париски арондисман се урнал врз станот под него. Првичните наоди укажуваат дека причината за уривањето е „структурална“, а не е поврзана со истекување гас.
Во интервенцијата учествувале околу 125 пожарникари со четириесетина возила, како и бројни екипи на итна медицинска помош. Улицата во неделата наутро повторно била отворена за сообраќај.

