Свет
Се одбележува првиот Меѓународен ден на Нелсон Мендела
Генералното собрание на ОН првпат го одбележува новопрогласениот Меѓународен ден на Нелсон Мендела со кој му се оддава признание за неговото морално лидерство и борбата против расното угнетување и за промовирање на мирот во светот, јавуваат странските новински агенции
Обединетите нации усвоија резолуција со која во ноември минатата година 18 јули беше прогласен за меѓународен ден на Нелсон Мендела, на денот кога поранешниот јужноафрикански претседател, борец против расизмот и добитник на Нобеловата награда за мир беше роден.Така тој беше почестен за неговиот придонес кон разрешување на конфликти и подобрување расните односи, човековите права и помирување.Ова е првпат во историјата, ОН да прогласат Меѓународен ден во чест на една личност.Претседателот на Генералното собрание на ОН Али Абдесалам Трек , го нарече Мандела, кој денес го слави 92-от роденден, “икона и еден од најголемите морални и политички лидери на нашето време“.Трек го повика светот да го одбележи овој ден на зајакнувањето на борбата за социјална еднаквост, правда и потрагата по мир преку дијалог.Генералниот секретар на ОН Бан Ки-Мун, изјави дека Мендела е водечка фигура кој ги отелотворува највисоките вредности на човештвото и на ОН.Во домот на Мендела во Јоханесбург, во саботата пристигнаа 92 деца од селата во кои тој се родил и пораснал, објавија локалните медиуми.Децата пристигнаа во Јоханесбург да му помогнат на Мандела го прослави својот роденден. Мандела помина 27 години во затвор за време на режимот на апартхејдот во Јужноафриканската Република.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Судот смета дека Трамп е виновен за плаќањата кон порно актерката Даниелс, но нема да биде казнет
Судот во Њујорк пресуди во случајот на премолчена исплата на поранешниот и идниот претседател Трамп на порно актерката Сторми Даниелс. Судијата Хуан Мерчан безусловно го ослободи Трамп по сите 34 точки од обвинението. Тоа значи дека судот признава дека обвинетиот е технички виновен, но оценува дека во конкретниот случај не е потребна кривична санкција.
Безусловното ослободување значи дека Трамп нема да добие парична казна, условна или затворска казна.
„Ви посакувам се најдобро додека го преземете вториот мандат“, му рече судијата на Трамп.
Мерчан пред судот изјави дека безусловното ослободување е „единствената законска пресуда, без прекршување на највисоката должност во земјата“.
За време на судењето, Доналд Трамп седеше на иста маса опкружен со неговиот тим адвокати. Во првиот ред зад него обично имаше барем еден член на семејството и неколку републиканци кои доаѓаа да понудат поддршка.
Поранешниот и идниот претседател беше прогласен за виновен во мај по 34 точки од обвинението за фалсификување деловни досиеја и прикривање исплата од 130.000 долари на порно ѕвездата Даниелс во последните недели од неговата прва кампања во 2016 година.
Трамп е првиот поранешен претседател на САД кој е обвинет и првиот поранешен претседател кој е прогласен за виновен за кривично дело.
Свет
Шолц го блокира испраќањето нов пакет-оружје за Украина
Германскиот канцелар во заминување Олаф Шолц денеска го блокира предлогот за испраќање дополнителен пакет-помош за Украина во форма на оружје, кое се проценува на три милијарди евра, објави денеска „Дер шпигел“.
Планот наводно бил претставен од страна на министерката за надворешни работи, Аналена Бербок, и министерот за одбрана, Борис Писториус, како сигнал за непоколебливата поддршка на Германија за Украина.
Целта беше да ѝ се обезбедат на Украина клучни системи за оружје вклучувајќи три дополнителни батерии за противвоздушна одбрана „Ирис-Т“, 10 хаубици и повеќе артилериска муниција.
Свет
Данската премиерка се сомнева дека Трамп ќе се обиде да го заземе Гренланд со сила
Данската премиерка Мете Фредериксен рече дека не верува оти новоизбраниот претседател Доналд Трамп би се обидел да го заземе Гренланд со сила.
„Немаме причина да веруваме дека тоа ќе се случи“, рече данската премиерка.
Фредериксен рече дека се обидува да воспостави разговори со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за неговите изјави за преземање контрола врз Гренланд.
„Гренланд им припаѓа на Гренланѓаните“, рече Фредериксен додавајќи дека Данска е отворена за дискусии за американските интереси на Арктикот, пренесува „Анадолија“.
Претходно, Фредериксен се сретна со лидерите на политичките партии во данскиот парламент, вклучително и двајца претставници од Гренланд, за да ги информира за начинот на кој владата се справува со настаните.
„Предложивме разговор. Мислам дека ништо конкретно нема да се случи пред инаугурацијата на новоизбраниот претседател“, рече Фредериксен.
Трамп, чија инаугурација е на 20 јануари, повторно го иницира контроверзното прашање на платформата Truth Social.
„Гренланд е неверојатно место и луѓето ќе имаат огромна корист ако и кога ќе стане дел од нашата нација. Ќе го заштитиме од многу злобниот надворешен свет. Направете го Гренланд повторно голем“, напиша Трамп.
Данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен изјави во средата дека островот нема амбиции да стане сојузна држава во рамките на Соединетите Американски Држави.