Контакт

Вести

СБ на ОН едногласно ја усвои резолуцијата за поддршка на политичката транзиција на Сирија

Објавено пред

Откако петте постојани членки на советот за безбедност при Обединетите нации се договорија околу резолуцијата, петнаесетчлениот Совет едногласно го одобри планот за мирното решавање на конфликтот во Сирија и политичката транзиција во оваа земја врз принципите кои бе договорени на состаноците во Виена, пренесуваат агенциите.

dobivaj vesti na viber

Според документот, во кој увид имала агенцијата AFP, мировните преговори меѓу власта и опозицијата се планирани „на почетокот од јануари“. Во нацртот се бара од генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун да ги „собере претставниците на сириската влада и на опизицијата за што поскоро да започнат формалните преговори за процесот на политичката транзиција, со цел тие преговори да започнат на почетокот од јануари 2016 година“.Советот во нацртот „ја потврдува својата поддршка на Женевската декларација“ од  јуни 2012 година за политичката транзиција во Сирија и „ги потврдува декларациите од Виена“. Текстот се темели на насоките кои големите сили ги подготвија на своите состаноци во виена во октомври и ноември годинава.Третиот круг од овој ткн Виенски процес се одржа во петокот њујоршки хотел со учество на министрите за надворешни работи на седумнаесет земји.Покрај тоа, Советот „го поддржува примирјето на целата сириска територија“ кое треба да стапи на сила веднаш штом власта и опозицијата „ги направат првите чекори кон политичката транзиција“. Се изразува, исто така, и „поддршката за одржување слободни и чесни избори“. Во резолуцијата се бара од ОН во рок од еден месец да ги подготви „опциите“ за воведување „механизми за надзор и проверка“ на примирјето, а подоцна и за спроведување и за проверка и верификација на резултатите од спроведените избори.Како што истакнува агенцијата ТАСС, која исто така добила копија од резолуцијата, се истакнува цврста поддршка за политичкиот процес, „чијашто цел треба да биде создавање преодна влада во рок од шест месеци, како и одржување не подоцна од 18 месеци слободни и фер избори, во согласност со новиот устав“. Како што нагласено во Советот за безбедност на ОН, во нив треба да бидат вклучени „сите сиријци, вклучителни претставниците на дијаспората“. Се истакнува дека примирјето „нема да се однесува на офанзивните и одбранбените акции“ против екстремистичките групи, како што се Исламската држава и Џебхат ан-Нусра.Во нацртот, меѓутоа, не се истакнува ништо за иднината на сирискиот претседател Башар ал-Асад во политичката транзиција, според AFP. Познати се ставовите дека Западот и сунитските земји од регионот сакаат тој да замине од власт, додека шиитски Иран и Русија инсистираат за тоа да се решава на избори.Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров пред состанокот на Советот за безбедност најави дека Москва нема да поддржи резолуција којашто ќе го вклучи заминувањето на Асад од власта. Наместо тоа во резолуцијата се истакнува дека „сирискиот народ ќе ја одреди иднината“ на својата земја.Претходно пред гласањето во Советот за безбедност по завршувањето на средбата на Меѓународната група за поддршка на Сирија, на која учествуваа 18-те шефови на дипломатии, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека резолуцијата ја зајакнува контролата на Советот во врска со спроведувањето на договорите од Виена. Генералниот секретар на ОН, и неговиот специјален пратеник за Сирија, Стефан де Мистура „треба да ја имаат водечката улога во организацијата и спроведувањето на преговарачкиот процес имајќи ги предвид исходите од средните на сириската опозиција во Москва, Каиро, Ријад, Дамаск и Хасака“, додал Лавров.Од својата министерот за надворешни работи на Франција, Лорен Фабиус, изјави дека новата резолуција претставува редослед за решавање на кризата. „Преодниот период мора да биде придружен со прекин на огнот. Во условите за прекин на огнот мора да биде осигурено доставувањето на хуманитарната помош, мора да прекинат и нападите врз цивилите“, рече Фабиус.На состанокот на Меѓународната група за поддршка за Сирија во Њујорк која траеше пет часа, беше усогласуван и списокот на групите кои се сметаат за вооружена умерена опозиција и оние кои се одредени како терористички.Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека „остануваат пречките и острите поделби во меѓународната заедница, особено за судбината на претседателот Башар ал-Асад“. Истакна дека за решението на таквите прашања преодниот политички процес во земјата „мора да го водат мажите и жените во Сирија“.„Неопходно е Сиријците да се договорат за алтернативното привремено раководство“, истакна државниот секретар на САД, повторувајќи го ставот кој претходно на прес-конференцијата во Белата куќа го искажа претседателот Барак Обама, дека Асад ја загубил довербата и не може да ја обедини земјата, како и дека „нема морален авторите да управува со неа во иднина“.Ситуацијата во Сирија нема да биде надмината, сé додека на власт во земјата е Асад, смета британскиот министер за надворешни работи Филип Хамонд. Според него, усвојувањето на резолуцијата во Советот за безбедност на ОН претставува „значаен чекор“ на патот на решавање на сириската криза, но и дека „сé уште е рано да се предвидува кога ќе заврши сириската криза“. Лавров повтори подоцна дека во изгласаната резолуција е предвидено дека само сирискиот народ може да ја определи сопствената иднина вклучително и судбината на Асад. „Сирија мора да остане унитарна, секуларна, мултиконфесионална и мултиетничка земја, безбедна за сите групи население“, цитираше Лавров пред новинарите дел од резолуцијата. „И само самиот сириски народ има право да ја определи својата иднина. Ова е јасен одговор на обидите за наметнување решенија однадвор на Сиријците, вклучително и прашањето за судбината на нивниот претседател“, додаде.Истовремено некои дипломати, како јорданскиот министер Насер Џода, потенцираа дека целосно не е усогласена листата на терористичките организации кои дејствуваат во Сирија. Истакна дека задачата за составување и усогласување на овој список е доделана на неговата земја. „Ние ја претставивме на Меѓународната група за поддршка на Сирија и појаснивме дека за некои терористички групи има консензус, а за други нема, и оти преговорите би можеле да продолжат“, заклучи Џода./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија19 минути

Светна новогодишната елка! Отворен и Божиќниот маркет во Скопје

Во Скопје вечерва светна новогодишната елка и официјално беше отворен Божиќниот маркет, со што симболично беше означен почетокот на празничната...

Свет52 минути

Зеленски: Не е постигнат компромис за територијалното прашање за време на преговорите во Берлин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека позициите на САД и Украина за поделбата на териториите сè уште се разликуваат. Тој...

Свет3 часа

Херојот Ахмед од Сиднеј би можел да ја загуби раката: „Сè би повторил“

Ахмед ал Ахмед, случаен минувач кој вчера херојски совлада и разоружа еден од напаѓачите на плажата Бонди, порача дека и...

Свет4 часа

(Фото) Фудбалер на македонскиот клуб „Рокдејл Илинден“ меѓу жртвите во нападот на плажата Бонди во Австралија

Меѓу убиените во вчерашниот терористички напад на плажата Бонди е и фудбалер на Рокдејл Илинден – клуб на македонската дијаспора...

Економија7 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија8 часа

(Видео) Мицевски: Поднесовме Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со пратеници од коалицијата ВРЕДИ и ЗНАМ, ја поднесовме „Резолуцијата за осуда на манипулациите на...

Македонија10 часа

(Видео) Крај на мигранти во Македонија се става само ако се потпише резолуцијата на СДСМ, рече Кузеска

„Со договорени мигранти за пари ДПМНЕ ја предаде Македонија, ја продаде за пари, за скапи кредит врз грбот на народот....

Свет10 часа

(Фото) 10-годишно девојче, двајца рабини и маж што го преживеал холокаустот: познати жртвите од Сиднеј

Во терористичкиот напад на плажата Бонди вчера беа убиени најмалку 15 цивили, од кои многумина го славеа првиот ден од...

Свет13 часа

(Видео) Татко и син убија 15 луѓе во Сиднеј: „Се заколнале на верност на ИСИС“

Таткото и синот кои убија 15 лица на еврејски фестивал на плажата Бонди во Сиднеј во неделата можеби имале врски...

Европа13 часа

(Видео) Снимено уривањето на огромен руски воен транспортен авион, се преполови во воздухот

Рускиот канал на Телеграм „Маш“ објави снимка од падот на рускиот воен транспортен авион Ан-22 во регионот Иваново. Снимката го...

Македонија13 часа

Земјотрес почувствуван во Македонија

Утрово во 7.20 часот беше почувствуван земјотрес на територијата на Македонија, објави ЕМСЦ. Според ЕМСЦ земјотресот бил со јачина од...

Свет14 часа

(Видео) Нападот врз Бонди е чин на чисто зло, вели австралискиот премиер

Австралискиот премиер Ентони Албанез и началниците на полицијата одржаа прес-конференција во Сиднеј. „Она што го видовме вчера беше чин на...

Свет14 часа

(Видео) Преживеан од холокаустот загина штитејќи ја сопругата на плажата Бонди

Една од жртвите на терористичкиот напад во неделата за време на прославата на Ханука во Австралија беше Алекс Клајтман, преживеан...

Свет15 часа

(Видео) Американски режисер и неговата сопруга пронајдени мртви: полицијата се сомнева дека е убиство

Полицијата на Лос Анџелес истражува нешто што го опишува како очигледно убиство откога две тела беа пронајдени во домот на...

Македонија1 ден

Неправилности и проблеми со „Безбеден град“ ќе се пријавуваат преку специјален пункт или на интернет

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, е задоволен од резултатите од тест-периодот на проектот „Безбеден град“. Тошковски вели дека граѓаните...

Економија1 ден

Мицкоски: Буџетот е ликвиден, трезорот нема да се затвори на 15 декември

Премиерот Мицкоски изјави дека Буџетот е ликвиден и сите обврски се извршуваат тековно. Како што појасни Мицкоски, 15 декември не...

Македонија1 ден

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ предлага Резолуција за осуда на дезинформациите за мигранти

ВМРО-ДПМНЕ денеска претстави „Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција“. „Во изминатите...

Македонија1 ден

(Видео) Димитријевиќ: Власта носи мигранти за пари

„Во буџетот нема пари. За првпат во историјата, утре – 15 декември – се затвора Трезорот. Државата доцни со сите...

Топ1 ден

Oбвинителство: За насилство во училиште во Сарај, побарана судска постапка спрема пет деца

Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје поднесе Барање за поведување подготвителна постапка за...

Македонија1 ден

АХВ: Спречен увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спречија увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил...