Контакт

Општество

Поднесени 137 барања за легализација на чамци, рокот истекува на 3-ти септември

Објавено пред

Крајниот рок за поднесување барање за легализација на чамци истекува на 3-ти септември оваа година. Досега се поднесени 137 барања, од кои 95 се веќе прегледени и процесуирани и за нив се очекува да се издадат решенија, ова го соопшти министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, на денешната средба со одговорните во Капетанијата на пристаништа во Охрид, јави Ohridnews.

dobivaj vesti na viber

 

 

„Очекуваме околу 200 барања да бидат поднесени до 3-ти септември и не планираме да го пролонгираме рокот, бидејќи се работи за многу едноставна процедура која не е скапа. Ги повикувам сите оние кои тоа досега не го сториле, да поднесат барање до Судот за легализација на чамците.“ – рече Јанакиески. За остварување на ова право заинтересираните треба да пополнат барање и соодветен формулар кои треба да ги достават до основниот суд, како и да уплатат судска такса и административни трошоци во вкупна висина од 960 денари, додаде министерот за транспорт.

 

На средбата во Капетанијата на пристаништа, станало збор и за ефектите од воведувањето на чартер бродската линија Охрид – Поградец.

 

„Од Капетанијата ме информираа дека досега од Охрид кон Поградец се направени осум тури со кои што се превезени 630 патници. Денеска има уште една тура, 9-та, така да можам да кажам дека бродската линија помеѓу двата града се одвива нормално.“ – изјави Јанакиески.

 

Горан Устијаноски, раководител на Капетанијата на пристаништата во Охрид, рече дека состојбата со водниот сообраќај во езерото е на задоволително ниво, а инспекторските служби посветуваат внимание на секој пловен објект.

 

„Состојбата оваа година е на задоволително ниво. Внимание се посветува советодавно и сугестивно на секој еден управувач на чамец или брод. Засега немаме поголеми проблеми при спроведување на тие инспекциски контроли, а оние прекршоци кои досега ги имаме изречено се во рамките на очекуваното.“ – изјави Устијаноски.

 

Инаку, министерот Јанакиески денеска ќе го посети селото Лескоец, каде во тек е изградба на канализациона мрежа. /крај/ohridnews/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“

Објавено пред

Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.

dobivaj vesti na viber

Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.

Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.

„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.

Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.

Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Македонија

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Објавено пред

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.

dobivaj vesti na viber

– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Православните верници го слават Велигден

Објавено пред

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

dobivaj vesti na viber

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија17 минути

Министерот Стоилковиќ објави видео од канцеларија со импровизирани кревети во кои работеле службеници од ДУИ

Министерот за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, објави снимка на социјалните мрежи на која, според него, е прикажана канцеларија во...

Македонија13 часа

Мицкоски: Лага е дека има договор за мигранти, граѓаните да бидат спокојни

„Јавноста да биде спокојна. Сè додека е оваа влада, нелегална миграција, легална миграција, како резултат на пропаднати апликации за азил,...

Македонија14 часа

„Чичко, прскај нè оти така полесно дишеме“: Николов со потресно сведочење за трагедијата во„Пулс“

На денешното судско рочиште за трагедијата во дискотеката „Пулс“, сведокот Дејан Николов, сопственик на автосервис во близина на дискотеката, во...

Македонија17 часа

(Видео) Филипче до Мицкоски: Граѓаните ли се талог затоа што ја критикуваат власта?

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната седницата за пратенички прашања во Собранието го праша премиерот Христијан Мицкоски дали кога...

Топ18 часа

Од водите на Вардар извлечено тело на машко лице

Вчера во 14:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 11:00 часот во водите на река Вардар, во атар...

Македонија18 часа

Мицкоски: Груби побара да се избрише балансерот и за тоа ДУИ им должи извинување на граѓаните Албанци

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна граѓаните треба да ја знаат вистината дека...

Македонија18 часа

(Видео) Дали Венко, кој има златна виза за Дубаи, е партнер на Заев во градењето на 40-катницата во Дубаи, прашува Манасиевски

„Денес откриваме нови факти за бизнисите на Зоран Заев и Венко Филипче во Дубаи. По сведоштвото од страна на Томе...

Македонија19 часа

Нацев кажа дека не бил во земјата кога се случи пожарот во „Пулс“ и се пожали на медиумски и јавен линч од безбедносни аналфабети

Судот ги слушна воведните зборови на сите 35 физички и три правни лица обвинети за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“,...

Македонија19 часа

Ѓорѓиевски за состојбата во која е затекнат Градот: Наследивме катастрофални 40, а сега имаме 400 милиони денари на сметка

На денешната седница на Советот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на град Скопје, се обрати со јасна и отворена...

Топ20 часа

(Фото) Спречен нелегален транспорт на оружје од Турција во Македонија

Вчера, со брза размена на информации преку центарот SELEC со Бугарската генерална дирекција за борба против организираниот криминал и Царинската...

Македонија21 час

Денес завршуваат воведните зборови на одбраната и почнува сослушувањето сведоци за пожарот во „Пулс“

Со воведни зборови на бранителите на агенцијата за обезбедување „Рубикон“, на компанијата „ММММ кафе“ и на Александар Нацев како неформален...

Македонија22 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Наводите за висококатницата на Заев во Дубаи добија сведоштво: „Тоа се милиони евра“

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека, според нивни наводи, поранешниот премиер Зоран Заев инвестира во изградба на 42-катна зграда во Дубаи, а заедно...

Македонија22 часа

Тошковски: Прекршок ќе се регистрира од 57 километри на час при дозволени 50, толеранцијата како кај полициските радари

Толеранцијата на камерите од системот „Безбеден град“ ќе биде иста како онаа што се применува кај другите полициски радари, изјави...

Свет24 часа

Католиците во светот денес го слават Божиќ

Католиците, протестантите и другите верници кои се придржуваат до грегоријанскиот календар, денес ширум светот го одбележуваат еден од најрадосните празници...

Свет24 часа

Трката по суперинтелигенција: технологија што го менува светот или опасна илузија

Колумнистот на „Гардијан“, Рафаел Бер, пишува дека ако вештачката интелигенција не им го променила животот на луѓето во 2025 година,...

Свет1 ден

ФБИ пронајде повеќе од еден милион нови документи поврзани со случајот на Епстин

Американското Министерство за правда соопшти дека се откриени повеќе од еден милион дополнителни документи кои би можеле да бидат поврзани...

Македонија1 ден

Променливо облачно со дожд и снег на планините, од утре стабилизирање на времето

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне во источните делови од земјата. На...

Македонија1 ден

Апелација ја зголеми затворската казна за двајцата директори поради пожарот во модуларната болница во Тетово

Апелационен суд Гостивар ја преиначи пресудата за случајот со модуларната болница во Тетово и на двајцата обвинети им ја зголеми...

Македонија1 ден

Бугарија понуди мазут за Македонија, од Владата уверуваат дека не е потребна надворешна помош

Бугарија ѝ понудила на Македонија итни залихи на мазут, со цел да помогне во надминување на кризата во снабдувањето со...

Македонија2 дена

Мухамет Хоџа и Беким Сали се новите министри во Владата

Собранието ги избра Мухамет Хоџа за министер за животна средина и просторно планирање и Беким Сали за министер за европски...