Македонија
Парламентарците оптимисти за средбата на државниот врв и Нимиц
Македонските парламентарци се оптимисти дека средбата на државниот врв ќе биде конструктивна, но со сомнеж дека нема да бидат информирани за предлозите кои ќе му бидат доставени на медијаторот Метју Нимиц.
Македонските парламентарци се оптимисти дека средбата на државниот врв ќе биде конструктивна, но со сомнеж дека нема да бидат информирани за предлозите кои ќе му бидат доставени на медијаторот Метју Нимиц.
Во врска со денешната посета на посредникот во решавањето на грчко-македонскиот Нимиц од опозицијата бараат јавноста и опозицијата да бидат известени за ставот на Владата и за она што ќе биде разговарано на средбата.
„По вчерашната средба на државниот врв имаме изјава дека од сега па натаму државниот врв ќе биде проактивен. Ова ни остава простор да констатираме дека овие две години Владата и Претседателот не биле толку активни и конструктивни во оваа насока“, рече Флора Кадриу од Нова демократија.
Таа рече дека потребно е сите политички субјекти да бидат дел од формирањето на еден заеднички став, а за тоа е потребно меѓупартиски и меѓуетнички консензус.
Опозициската СДСМ очекува суштински разговори околу проблемот со името.
„ Краток ни е периодот и истиот максимално треба да се искористи во таа насока. Воедно очекуваме и како политичка партија и како граѓанин, премиерот Груевски и претседателот Иванов да ја информираат јавноста и граѓаните за разговорите водени денеска“, изјави Цветанка Иванова од СДСМ.
Од владеачката ВМРО-ДПМНЕ изразија задоволство од конструктивниот и проактивен однос на државниот врв и надеж дека таквиот однос ќе го има и другата страна.
„ Државниот врв во континуитет води проактивна политика за решавање на овој проблем и не би сакале да дозволиме прашањето за името да се користи во политички цели, како што изгледа тезата на нашите опозициони колеги“, рече Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека доколку Нимиц донесе нови предлози кои што имаат суштински карактер за кој што е потребно одржување на лидерска средба апсолутно ВМРО-ДПМНЕ нема да бега од истата, напротив ќе биде иницијатор.
И ДУИ оптимисти за средбата меѓу државниот врв и Нимиц.
„ Се надеваме дека од посетата на Нимиц ќе имаме позитивни резултати и ние сме оптимисти во оваа насока. Во врска со изјавата на Милошоски дека ќе се води проактивна политика, мислам дека тука нема ништо ново, туку дека тоа е континуитет на една политика која што и доликува на Република Македонија за надминување на македонско-грчкиот спор“, изјави Сафет Незири од ДУИ./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Гази Баба и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Товарник бр. 3, како и дел од корисниците од ул. Среќко Пужалка. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улиците Кичевска и Рафаел Батино. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Утрински минусни температури, кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од снег
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Времето во наредните денови
Денеска кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе има услови за појава на магла. Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег
Македонија
Утре променливо облачно време со локални врнежи од снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди.
По котлините ќе има услови за појава на магла.
Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег.

