Свет
До средината на март ќе биде исплатено целото грозје
Протестот, под силно полициско обезбедување, почна пред Пиварница- Скопје, а беше прекинат по ветувањето од Свето Јаневски и од премиерот Владо Бучковски за исплата на грозјето
Протестот, под силно полициско обезбедување, почна пред Пиварница- Скопје, а беше прекинат по ветувањето од Свето Јаневски и од премиерот Владо Бучковски за исплата на грозјето
Блокадата на „Тиквеш“ ќе биде тргната по исплатата на првите налози
АЛЕКСАНДРИЈА СТЕВКОВСКА
Тиквешките лозари добија гаранција од винарската визба "Тиквеш" и лично од премиерот Владо Бучковски дека од денеска ќе започне исплатата на целото преземено грозје од реколтата 2005 година. Деблокирањето на "Тиквеш" ќе почне со реализирање на првите исплати, а дотогаш пристап до фирмата ќе биде овозможен само за менаџментот и за вработените во сметководството, кои треба да ги подготват документите за исплата. Ветувањето за целосна исплата на грозјето лозарите го добија откако вчера дојдоа во Скопје на протести. Протестот, под силно полициско обезбедување, почна пред Пиварница-Скопје, а потоа беше прекинат по добивање на ветувањето од претседателот на Управниот одбор на "Тиквеш", Свето Јаневски, и од премиерот за почеток на исплатата на грозјето Со тоа, најавата за протестирање пред куќата на Јаневски не беше реализирана.
"На разговорот со Свето Јаневски се договоривме за начинот и сумата за исплата на средствата за грозјето. Остана добивањето на гаранцијата од Владата за она што е во нивна надлежност. Владата повторно им излезе во пресрет на лозарите и договорот постигнат со М6 и претседателот на УО на "Тиквеш", Свето Јаневски, дека тие имаат обезбедено средства за стопроцентна исплата на грозјето од денеска до 15 март. Знаејќи дека Владата има придонес во изнаоѓање на конструкцијата за исплата, од премиерот баравме гаранција за она што го договривме со М6. Ги добивме сите гаранции од него и очекуваме договореното да биде почитувано", изјави градоначалникот на Кавадарци, Панчо Минов, по завршување на средбата со премиерот Бучковски.
‘
Според Минов, само така блокадите од "Тиквеш" ќе се тргнат.
"Попладне во визбата пристап ќе има само раководството и сметководството на визбата, а веќе со реализација на првите налози за исплата, блокадата од визбата ќе биде сосема тргната", додаде Минов.
Според градоначалникот на Кавадарци, од Јаневски е побарано извинување за нивното оквалификување како уличари, а тоа ќе биде проследено и со кривична пријава. Претходно, од "Тиквеш" преку соопштение негираа дека лозарите биле наречени така, нагласувајќи го партнерскиот однос меѓу нив и визбата.
На прашање како може Владата да гарантира за исплата на средства од приватна фирма, Минов објасни дека Владата може да гарантира исплата на средства од една приватна фирма, бидејќи станува збор за прашање кое не се однесува на нивото на фирмата, туку е прашање кое засега повеќе од 10.000 семејства од Тиквешијата кои се занимаваат со лозарство и е прашање за кое двапати расправала Владата.
"Владата има разбирање за проблемите на лозарите на досегашното неисплатување на средства за предаденото грозје, поради што и таа активно се вклучи во изнаоѓање, во рамки на банкарскиот систем, конструкција на средства за обезбедување на парите. Токму поради тоа ние побаравме лична гаранција од премиерот дека заклучоците од Владата ќе бидат извршени. Според "Тиквеш", средствата за исплата се обезбедени од комерцијални извори", истакна Минов.
Атмосферата во која дојдоа лозарите и протестираа во Скопје беше крајно наелектризирана, а лозарите беа истрајни во намерата да издејствуваат решение прифатливо за нив, со оглед на тоа дека најавата на "Тиквеш" за исплата само на половина од грозје, предизвика огромен револт. Незадоволството делумно беше намалено по средбата со Јаневски, иако претходно на насобраната толпа лозари им се обрати координаторот на "Тиквеш", Ѓорѓи Петрушев, кој им вети целосна исплата на грозјето. Меѓутоа, лозарите беа убедени дека станува збор за уште едно лажно ветување, па откако побараа средба со Јаневски и се сретнаа со него, а потоа и со премиерот, само ги доубеди дека нивниот труд ќе се исплати, по што се вратија во Кавадарци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

