Контакт

Вести

Ајатолах Хамнеи: Божјата рака ќе го одмазди погубувањето на саудискиот шиитски шеик

Објавено пред

Божјата рака ќе го одмазди погубувањето на саудискиот шиитски клерик шеикот Нимр Бакер ал-Нимр, порача во неделата иранскиот врховен верски водач и врховен авторитет во земјата, ајатолахот Али Хамнеи во врска со егзекуцијата којашто го предизвика гневот на шиитите во регионот и особено во Техеран каде што беше запалена амбасадата на Саудиска Арабија поради што беа приведени 40 лица. 

dobivaj vesti na viber

„Нема сомневање дека неправедно пролиената крв на овој маченик ќе даде плодови, а Божјата рака ќе им се одмазди на саудиските челници“, поради неговото погубувања, изјави ајатолахот Али Хамнеи во неделното обраќање пред верските и други челници, кое е објавено на неговата официјална интернет страница.

„Овој прогонет теолог не ги поттикнуваше луѓето да земат оружје, ниту тајно планирал напади, само отворено критикуваше. Господ нема да го прости пролевањето на крвта на овој невин човек“, истакна иранскиот ајатолах.

Шеикот Нимр ал-Нимр, 56-годишен, беше жесток критичар на сунитската династија Ал Сауд, и го предводеше опозициското движење формирано во 2011 година на истокот од Саудиска Арабија, каде живее најголемата шиитска заедница, која инаку е малцинство во земјата. Шиитите се жалат дека се маргинализирани во земјата којашто е позната по практикување на најконзервативниот облик на сунитскиот ислам. Ријад го осуди во октомври 2014 година за „бунт“, „непослушност кон монархот“ и „поседување оружје“, егзекутирајќи го и покрај повиците на шиитската регионална сила Иран да му го поштеди животот.

По потекло од мнозински шиитската Источна покраина на Саудиска Арабија, ал-Нимр во 1980 година се преселува во Иран каде се посветува на изучувањето на шиитскиот ислам. По враќањето во татковината стекнува голема популарност меѓу шиитите со своите пламени говори во кои сунтиските власти ги обвинуваше за експлоатирање и злоставување на своите шиитски граѓани и бараше поголеми права за ова малцинство кое сочинува околу 15 отсто од саудиското население

Во 2012 година ги поддржа протестите против владата во својата со нафта богата Источна покраина, вдахновен од востанијата ширум Блискиот исток кои започнаа една година претходно познати како Арапска пролет. Апсен е неколку пати, а последниот пат во 2012 година, кога поради тоа избувнаа жестоки протести во неговиот роден град Катиф и кога пророчки изјави дека „неговото апсење или смртта ќе бидат мотив за акција“.

Иран остро го осуди погубувањето на ал-Нимр и порача дека Ријад „скапо ќе плати“ за тоа. Огорчени поради погубувањето на шеикот, демонстрантите ноќта кон неделата ја нападнаа и запалија амбасадата на Саудиска Арабија во Техеран, како и конзулатот во Мошхад. Фрлаа молотови коктели врз зградата на амбасадата и влегоа во заштитениот простор околу зградата, од каде беа потисната од полицијата. Според очевидци, огнот кој беше подоцна изгаснат, сепак, ја уништил внатрешноста на зградата.

По нападот врз саудиската амбасада, во Техеран се уапсени 40 лица, соопшти државниот обвинител на иранската престолнина. „Засега се идентификувани и уапсени 40 лица кои влегле во амбасадата. Истрагата продолжува за да се утврди идентитетот на другите учесници во инцидентот“, изјавил за агенцијата ISNA, државниот обвинител Абаз Џафари Долатабади.

Портпаролот на министерството за надворешни работи, Хосеин Џабер Ансари, побара од полицијата да ги заштити дипломатските мисии на Саудиска Арабија во земјата, осудувајќи го притоа „неправедното погубување“ на ал-Нимр./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет49 минути

Аналитичар и уредник во Би-би-си: Путин, на многу начини, веќе го постигна она што го сака

Главниот аналитичар и уредник на Би-би-си за Русија напиша анализа откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека разговарал со Владимир...

Свет2 часа

Жестока закана на Израел: Ако заложниците не бидат ослободени до сабота, портите на пеколот ќе се отворат

Израел се закани дека ќе започне „нова војна“ во Појасот Газа што ќе овозможи спроведување на планот на Доналд Трамп...

Свет2 часа

Трамп најави дека ќе се сретне лично со Путин, објави каде

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе се сретне со неговиот руски колега Владимир Путин во Саудиска Арабија, откако во...

Свет2 часа

Објавата на Трамп за разговорот со Путин менува сè, Европа во шок

Американскиот претседател Доналд Трамп најави итен почеток на мировните преговори меѓу Русија и Украина по, како што рече, „долгиот и...

Македонија11 часа

МНР на Бугарија со длабоко разочарување: Изјавите на Мицкоски ги поткопуваат напорите за градење добрососедски односи и европска интеграција

Министерството за надворешни работи на Бугарија, се огласи по повод изјавите на премиерот Христијан Мицкоски. Тој рече дека „нема потреба...

Македонија17 часа

Мицкоски: Коцевски не ја оправда довербата, доблесно ќе биде да се повлече

Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарското прашање за разрешување на Државниот јавен обвинител, истакна дека Љупчо Коцевски, имал доволно можност...

Македонија18 часа

Доживотен затвор за Фадил Зејнелов, убиецот на Емилија Пешева

Доживотен затвор доби Фадил Зејнелов, 33-годишниот убиец на 29-годишната Емилија Пешева од Штип. Пред два дена сега осудениот Зејнелов на...

Македонија20 часа

(Видео) Пратениците од власта не се откажаа од енормните суми за патни трошоци, рече Мециновиќ

Пратениците од партиите на власт не го поддржаа законот за ограничување на патните трошоци, што го предложи партијата Левица. Пратеникот...

Македонија20 часа

ЗНАМ тврди дека не наплаќа патни трошоци и не го поддржа предлогот на партијата Левица за нивно намалување

Пратениците од ЗНАМ ниту досега наплаќале, ниту ќе наплаќаат патни трошоци. Само еден колега од пратеничката група за седум месеци...

Македонија20 часа

Тања Чачарова-Илиевска не е спремна да зборува за став за интерпелацијата, но забележала дека се бара колективна одговорност

Тања Чачарова-Илиевска, членка на Судскиот совет, денес не беше спремна да зборува за поднесената интерпелација за петтемина членови на Судскиот...

Македонија20 часа

Јавниот обвинител Коцевски со месеци штити поранешни функционери, изјави Петрушевски

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски со месеци штити поранешни функционери на Социјалдемократскиот сојуз, Обвинителството го претвори во нивна филијала, изјави пратеникот...

Македонија21 час

Дамева: Оставка се поднесува само ако постојат оправдани причини, ќе ја анализирам содржината на интерпелацијата

Поранешната претседателка на Судскиот совет, Весна Дамева, вчера ја добила интерпелацијата, но за да изгради став, вели дека треба да...

Топ21 час

(Видео) Уапсен 24-годишник од Скопје, при претрес пронајдено речиси еден килограм дрога

Денеска во 00.20 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје, со судска наредба, извршиле претрес...

Македонија23 часа

Македонија и Украина потпишаа спогодба за либерализација на билатералниот транспорт и транзит на стока

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, оствари видео конференциска врска со Олекси Кулеба, заменик претседател на Кабинетот на министри...

Европа23 часа

Данското разузнавање: Русија би можела да почне голема војна во Европа во рок од 5 години

Ако Русија процени дека НАТО е слаб, би можела да биде подготвена да води „војна од големи размери“ во Европа...

Свет1 ден

(Видео) Снежна лавина блокира хотели, луѓе евакуирани со хеликоптери: драма кај Фукушима

Четириесет лица, вклучително и гости на хотел, беа евакуирани со хеликоптер за спречување катастрофи кога лавина блокира три хотели во...

Свет1 ден

Данците почнаа петиција за купување на Калифорнија од САД: собраа речиси 200.000 потписи

Како одговор на идејата на американскиот претседател Доналд Трамп да го купи Гренланд, во Данска е поведена петиција оваа европска...

Европа1 ден

(Видео) Масовен ракетен напад врз Киев, горат станбени згради: „Вака Путин сака да ја заврши војната!“

Во утринските часови руската војска извршила ракетен напад врз Киев, соопштија украинските власти. „Вака Путин сака да ја заврши војната....

Регион1 ден

(Видео) Се појави нова снимка од земјотресот во Хрватска: „Се тресеше 5-6 секунди, стравот беше голем“

Далмација вчера беше потресена од земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала, со епицентар на 15 километри североисточно...

Економија2 дена

Владата ќе ги ограничи маржите на повеќе производи, меѓу кои и детергентите и бебешката храна

Владата го задолжи Министерството за економија да донесе одлука за 10 проценти ограничување на маржата во трговија на мало и...