Македонија
Беџети:Барањето за аболиција на Кежаровски е преседан
Барањето на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) за аболиција на новинарот од дневниот весник „Нова Македонија“, Томислав Кежаровски може да биде преседан бидејќи судењето е при крај, изјави министерот за правда Блерим Беџети кој најави дека наскоро Министерството ќе излезе со официјална одлука.
„Ние сериозно го разгледуваме барањето во министерството за правда, но сме претпазливи да не придонесеме да се случи еден преседан. Моите сознанија се дека случајот Кежаровски е веќе во судска постапка, не е во истражна постапка или во рана фаза. Затоа сме претпазливи и како министерство за правда да не влијаеме во такви преседани, имајќи предвид дека иако е новинар, не е судење за слобода за изразување, туку за друг почувствителен предмет“, изјави Беџети.
Судењето за случајот „Ликвидација“ и денеска продолжи со презентација на доказите прибавени со посебни истражни мерки.
Веќе во четврток се очекува обвинетите да дадат завршни зборови, што значи дека судењето се ближи кон крајот. Во случајот обвинети се судии, адвокати, обвинител, а Кежаровски одговара за откривање на идентитетот на заштитениот сведок во случајот со убиството на старецот од Ореше. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, во вечерните часови повремен дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови од утре во вечерните часови до понеделник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни и во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²).

