Вести
Голем зелен ѕид би ги запрел мигрирањето на младите од Африка и екстремизмот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/sahara20vse.jpg)
Проектот за подигнување ѕид од стебла во Африка би требало да го запре ширењето на пустината и да гарантира сигурност во обезбедувањето храна, да создаде работни места и на младите да им понуди алтернатива наместо мигрирањето и екстремизмот, најавуваат експертите за природна околина.
Големиот зелен ѕид, долг 7.000 километри замислен како појас од вегетација, би се протегал од Сенегал во Западна Африка до Џибути во источниот дел од континентот, а конципиран е така да го запира песокот од Сахара и со тоа ширењето на пустината, како и да обнови 50 милиони хектари земја.
Обединетите нации предупредуваат дека 60 милиони Африканци би можеле да бидат принудени да ги напуштат своите домови во следните пет години поради процесот кој нивната земја ја претвора во пустина, а до 2025 година две третини од обработливата површина може да би биде загубена за африканскиот континент поради ширењето на пустината.
Доколку се остварат ваквите катастрофични сценарија, младите луѓе ширум Африка би можеле да избираат дали да им се приклучат на екстремистичките групации како што е Боко Храм или да се обидат да бегаат преку Средоземјето во Европа во потрага по работа и преживување, истакнува Камила Нордхејм-Ларсен од Конвенцијата за борба против дезертификацијата на ОН (UNCCD). „Недостигот од можност и шанси за живот ги тера младите луѓе на бегство“, предупредува.
Пред Африканската унија проектот за пошумување го претстави тогашниот нигериски претседател во 2005 година, а од тогаш замислата доби 4 милијарди долари поддршка од потписниците на договорот за климата на ОН договорен минатата година во Париз. Помош, исто така, најавија и Светската банка и Франција.
Критичарите на проектот забележуваат дека е донесен однадвор и оти зависи од финансиските извори во странство, меѓутоа организациите како што се Опсерваторијата за Сахара и Сахел (Sahara and Sahel Observatory – OSS) истакнуваат дека иницијативата ја поддржуваат локалните заедници.
Околу 15 отсто од Големиот зелен ѕид веќе се засадени, главно во Сенегал, а селата во државите како што се Буркина Фасо, Мали и Нигер, исто така, напредуваат во садењето на вегетацијата којашто се користи во медицината и во прехранбената индустрија, покажуваат податоците на Обединетите нации./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.