Свет
Вработените на "Рудкоп" обвинуваат дека им суделе нечесни судии
Незадоволни поради неспроведувањето на судските одлуки педесетина работници од Рудкоп вчера протестираа пред Основниот суд во Кавадарци.
Протести пред кавадаречкиот суд
Незадоволни поради неспроведувањето на судските одлуки педесетина работници од Рудкоп вчера протестираа пред Основниот суд во Кавадарци. На повеќето транспаренти работниците имаа испишано обвинувања за судиите што ги водат предметите на “Рудкоп”. “Дафков, давај ги предметите на чесни судии”, пишуваше на еден од нив.
“Дојдовме пред судот во Кавадарци да го изразиме нашиот протест против понижувањето од судии на кавадаречкиот суд и ‘Фени индустри’. Останавме на улица. Ни ги одзедоа машините и опремата и нў отстранија на другата страна од капијата”, ни изјавија револтираните работници.
“Време е да се свестат претседателот и судиите да ги спроведуваат законите или ќе побараме надлежните институции итно да ги разрешат и да поведат кривична постапка и постапка за одземање и конфискување на нивниот личен имот што го стекнале со одземање на машините и правото на овие акционери”, рече Љубица Рубен од “Акционер”.
Делегација составена од Тане Костадиновски, претседател на Управниот одбор на “Рудкоп”, Љубица Рубен и неколку вработени беа примени од претседателот на судот, Јордан Дафков, кој им објаснил дека надлежноста на Основниот суд е успешно завршена и им посочи да ја бараат правдата кај другите институции.
(А.Д.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

