Свет
Почна судењето на екс-претседателскиот кандидат на американските демократи Едвардс
Судењето на поранешниот кандидат за демократската номинација на претседателските избори во 2004 и 2008 година, Џон Едвардс, кривично гонет поради користење средства од кампањата за љубовницата, почна во понеделникот пред сојузниот суд во државата Северна Каролина.
Педесет иосум-годишниот Џон Едвардс кој во 2004 година беше номиниран за потпретседател на демократскиот кандидат за претседател на САД Џон Кери, кривично е гонет по шест точки од обвинението меѓу кои и за заговор поради кршење на законот за финансирање на кампањата, малверзации и лажни изјави со цел средствата од кампањата да ги користи за забошотување на љубовната врска.
Обвиненијата се однесуваат на сума од речиси милион долари кои доаѓаат од два богати донатора коишто Едвард ги користел за сместување на неговата љубовница Риел Хантер, членка на неговиот изборен штаб со којашто доби дете.
Парите доаѓале од богатиот тексашки адвокат Фред Барон, кој почина во 2008 година, и Рејчел Мелон, денес 101-годишна, вдовица на банкарот Пол Мелон.
Аферата започна во голем дел со сведочењето на Ендрју Јанг, блискиот соработник на Џон Едвардс во тоа време, кој во прво време тврдеше дека е татко на детето за да може Едвардс да ја продолжи својата кампања во 2008 година во рамките на демократската партија против тогашниот кандидатски двоец за претседател Барак Обама и Хилари Клинтон.
Како сведок Јанг зборувал за своето восхитување од надоаѓајќи ѕвезда на демократската партија, опишувајќи го истовремено движењето на парите.
Јанг раскажал како Рајчел Мелон во Џон Едвардс видела духовен наследник на Џон Фицџералд Кенеди. „Мислеше дека може да ја спаси Америка. Праша: Како можам да помогнам?“, опишал Јанг.
Адвокатите на некогашниот кандидат за претседателска номинација тврдат дека донациите коишто нивниот клиент ги примал биле подароци од лична природа од богати пријатели за да се сокрие неговата вонбрачна врска, како и дека немале никаква врска со претседателската кампања.
Џон Едвардс кој мораше да ја напушти политиката откако беше откриена неговата авантура, тврди дека не го кршел законот и изјавил дека не се чувствува виновен./крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Жена во Хрватска го уби мажот со нож
Рано утрово во Селница Шќитарјевска во близина на Велика Горица, Хрватска, 40-годишна жена убила 52-годишен член на семејството, соопшти полицијата.
Според првичните информации, мажот најверојатно бил убиен со остар предмет. Како што неофицијално пренесе Индекс.хр, жртвата бил сопругот.
Осомничената е под надзор на полицијата, а на местото на настанот во тек е истрага која ќе ги утврди околностите за ова тешко кривично дело.
Свет
Петмина загинати и повеќе од 100 повредени во торнадо во Бразил
Најмалку пет лица загинаа, а 130 се повредени во торнадо кое синоќа опустоши дел од село во јужен Бразил, во сојузната држава Парана, соопштија локалните власти.
– Цивилната заштита на Парана со жалење објавува дека веќе се потврдени пет смртни случаи по торнадото што ја погоди општината Рио Бонито до Игуасу, се вели во соопштението.
Свет
(Фото) Русите пак ја нападнаа Украина, има загинати
Украина пријави нов руски напад врз нејзината енергетска инфраструктура во текот на ноќта, во кој едно лице загина, а неколку региони останаа без струја. На пат кон освојување на важниот логистички центар Покровск на исток, руската војска ги интензивира и воздушните напади врз гасните и енергетските постројки низ цела Украина, зголемувајќи ги стравувањата од сурова зима за цивилите со падот на температурите.
„Непријателот повторно започнува масовен напад врз енергетската инфраструктура на Украина. Затоа се воведени вонредни прекини на електричната енергија во голем број региони“, изјави министерката за енергетика Свитлана Гринчук на Фејсбук.
🤬 Russians massively attacked Dnipro and its suburbs with kamikaze drones. One of the drones punched through a residential block, collapsing several floors.
Eyewitnesses have shared photos of the aftermath. pic.twitter.com/6vIC0HsbYY
— Denys from Kharkiv (@GlushkoDenys) November 7, 2025

