Македонија
Продавале храна собрана од депонија
Полицијата откри две лица кои од депонијата Дризла собирале храна и пијалоци со изминат рок на траење и потоа ги продавале
Полицијата откри две лица кои од депонијата Дризла собирале храна и пијалоци со изминат рок на траење и потоа ги продавале.
Станува збор за Б.И. (55) и К.Б (64) двајцата невработени од селото Батинци. Полицијата го фатила К.Б на 17 јули во Драчево, кога на работна машина за сечење дрва пренесувал пакети со смрзната риба со изминат рок, а пет денови подоцна разговарала со Б.И. кој негирал дека продавал прехранбени продукти кои биле за во депонијата, но потврдил дека во неколку наврати му носел на К.Б. салами за наводно да го нахранел кучето.
Според сознанијата на полицијата двајцата во мај годинава се договориле Б.И. да набавува месо, риба, салама, пијалоци и други прехранбени продукти од депонијата и да му ги продава на К.Б., кој потоа требало да ги препродава на граѓани од околината на Скопје.
Б.И собрал околу 300 килограми фрлена риба, која на непознат начин ја изнел од депонијата и му ја продал на К.Б за 13 денари по килограм, односно за 4000 денари. Тој рибата ја замрзнал а потоа ја продавал на непознати лица во Јурумлери, Идризово, Петровец, Трубарево, Шуто Оризари и други населби за 40 до 50 денари за килограм. Истото се случило и со разни салами, виршли и сокови.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека по целосно документирање на случајот против двајцата осомничени ќе биде поднесена кривична пријава за производство и пуштање во промет на штетни прехранбени и други продукти. /крај/со/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

