Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Не бегаме од ревизорските извештаи и завршната сметка
По вчерашната реакција на премиерот Никола Груевски дека Собранието треба да расправа за завршната сметка на Буџетот и за годишниот ревизорскиот извештај, денеска ретерираше и неговата матична партија ВМРО-ДПМНЕ, дека не ја исклучуваат праксата истите да се разгледуваат на седница
По вчерашната реакција на премиерот Никола Груевски дека Собранието треба да расправа за завршната сметка на Буџетот и за годишниот ревизорскиот извештај, денеска ретерираше и неговата матична партија ВМРО-ДПМНЕ, дека не ја исклучуваат праксата истите да се разгледуваат на седница.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека со амандманот на пратеничката Соња Гелова Стојанова се останува исто, само се укинува поединечното разгледување на извештаите на Државниот завод за ревизија (ДЗР).
„Ништо не се промени во поглед на ревизорските извештаи и надзорната улога на Собранието. Ревизорските извештаи остануваат обврска на Државниот завод за ревизија, а пратениците ќе имаат обврска да ја разгледаат завршната сметка“, изјави Силвана Бонева, од ВМРО-ДПМНЕ.
Според ВМРО-ДПМНЕ во ниедна парламентарна демократија извештаите на Државните заводи за ревизија не се разгледуваат на парламентарна седница, затоа што на тој начин како што велат оттаму Собранието би се претворило во судница, а ДЗР во јавно обвинителство.
„Неопходно е да се најде модел кој ќе овозможи правилно разгледување на извештаите на ДЗР. Процесот е отпочнат, но е на самиот старт. Се уште немаме избрано модел, а во оној момент кога ќе се избере ќе почнеме со обука на пратениците, но и ДЗР треба да си направи анализа со какви формулации се служи“, вели Бонева.
Таа појасни дека кога во нивните извештаи ќе напишат незаконско работење, да биде и објаснето, што конкретно тоа значи за луѓето кои што ќе ги разгледуваат извештаите, точно да знаат дали има елементи за кривично гонење на посочената институција.
Како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ, практиката останува Собранието да расправа за завршната сметка и за годишниот ревизорски извештај, а ДЗР и понатаму има обврска да ги доставува до парламентот поединечните извештаи истите јавно да ги објавува./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

