Македонија
Пратениците ги усвоија измените на Законот за јавни патишта и Законот за вработување и осигурување
Пратениците во Собранието на Република Македонија во четвртокот ги донесоа измените и дополнувањата на Законот за јавни патишта со 47 гласа „за“, а измените и дополнувањата на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност со 58 гласа, во рамки на продолжението на 85-та седница.
Пратеникот Панче Орцев од редовите на СДСМ рече дека Дополнетиот предлог закон за изменување и дополнување на Законот за јавни патишта тешко ќе се имплементира и ќе направи збрка наместо да ги расчистува ситуациите, а граѓаните наместо еднаш ќе треба два пати да плаќаат доколку возилото остане во дефект.
„Граѓаните кои плаќаат во сметката за регистрација нивното возило да биде отстрането доколу остане во дефект. Сега за тоа ќе треба да плаќаат два пати доколку остане во дефект на пат кој е од локално или општинско значење“,истакна Орцев.
За време на дебатата за Дополнетиот предлог закон за изменување и дополнување на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност Цветанка Иванова од СДСМ рече дека пратеничката група на СДСМ ќе ја поддржи ваквата измена бидејќи се воведува законска можност за субвенционирано вработување на лицата корисници на социјална помош но потенцираше дека со ваквата измена се спроведува уште едно дискрециско право на министерот за труд и социјална политика.
Таа истакна дека со вака предвидените измени корисниците на социјална помош се ставаат во нерамноправна положба и ќе се спроведува дискриминациона политика па затоа побара висината на субвенцијата да биде иста за сите приматели на социјална помош, наместо да зависи од висината на примената социјална помош.
„Во пракса ќе се субвенционира вработување на лицата кои примаат највисока социјална помош, бидејќи Владата на работодавачот му субвенционира 80 отсто од висината на исплатената социјална помош. Воедно никој нема да вработи лице кое зема социјална помош повеќе од три години, бидејќи субвенцијата ќе биде само 50 отсто“, рече Иванова.
Бети Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека вака донесениот предлог е поддржан и од репрезентативните синдикати. Според неа Законот ќе биде во интерес на работниците, работодавачите и на државата, а од него најголема корист ќе имаат оние на кој најмногу им треба работата.
Собранието претпладнево го разгледа и Дополнетиот предлог на закон за електронски комуникации, во второ читање, а за него ќе треба да се гласа по редовната пладневна пауза./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Mузичари од БиХ настапувале во локал во Кичево без работна дозвола, поднесена прекршочна пријава
При засилена акциска контрола спроведена на 29 и 30 ноември од полицијата во Кичево и Регионалниот центар за гранични работи Запад, во координација со Пазарниот и Трудовиот инспекторат, во угостителски објекти во Кичево биле затекнати музичари од Босна и Херцеговина кои работеле без соодветна дозвола, соопшти МВР.
Во угостителски објект на магистралниот пат Кичево–Охрид биле затекнати пејачката Џ.Р. (23) и членовите на бендот К.Џ. (27), Е.П. (25), Ф.Ј. (28) и И.К. (24), сите од Босна и Херцеговина. Тие настапувале без претходно обезбедена работна дозвола, соопшти МВР.
Против нив е поднесена прекршочна пријава до Основниот суд Кичево.
Македонија
Герасимовски со УНИЦЕФ: Заедно во превенција на вандализам и воведување општокорисна работа за малолетници
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, одржа работен состанок со тимот на УНИЦЕФ предводен од Лесли Милер, претставничка на организацијата во државата.
На состанокот се дискутираше на тема општокорисна работа и превенција на вандализмот кај малолетните лица.
Беа разгледани насоки за склучување меморандум за меѓународна соработка и отпочнување пилот-проект во општинските училишта, со вклучување на учениците, наставниците и родителите, со цел да се изнајдат решенија и спроведат координирани активности за превенција на девијантни појави кај малолетниците.
Експертите на УНИЦЕФ споделија искуства од регионот и светот, нагласувајќи дека проблемите поврзани со децата можат да се надминат само преку обуки, едукација и активно учество на целата заедница.
Се разговараше и за потребата од дополнителна регулација во областа на правата на децата и малолетничката деликвенција, преку подзаконска рамка и унифицирање на постапувањето на сите надлежни институции на државно ниво.
Општина Центар прва ја покрена иницијативата, која потоа ја поддржа и ЗЕЛС, за меѓуинституционална соработка и воведување општокорисна работа како воспитна мерка за малолетни сторители на вандализам.
„Вандализмот е сериозен проблем што бара итна и координирана реакција. Малолетните сторители мора да се соочат со одговорност, заедно со нивните родители“, порача градоначалникот Герасимовски.
Иницијативата предвидува измени на Законот за прекршочна постапка, Законот за пробација и Законот за правда за децата, со цел општокорисната работа да стане системска мерка која ќе придонесе за превенција и ресоцијализација.
Дополнително, побарани се измени во Законот за семејство и Законот за извршување санкции, со кои би се вовела и одговорност на родителите преку заедничко учество во општокорисната работа.
Македонија
(Видео) Николоски: Пробиени 17 километри за обиколување на „Стража“ на автопатот Гостивар–Букојчани
Интензивно се одвиваат градежните активности на автопатот Гостивар – Букојчани, кој е дел од Коридорот 8 на релацијата Скопје – Струга – Охрид, објави вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски на „Фејсбук“.
Тој сподели и видео-материјал од теренот, наведувајќи дека досега се пробиени 17 километри од трасата, со што се заобиколува популарната планинска делница „Стража“.
Во објавата Николоски порача: „Ја градиме Македонија!“.
Автопатската делница Гостивар – Букојчани е дел од големиот инфраструктурен пакет на Коридор 8, кој треба да ја подобри поврзаноста меѓу Скопје, западниот регион и Охридско-струшкиот крај.

