Македонија
Изгоре куќа во ромската населба во Битола
Семејството Рустемови од ромската населбата Баир утрово околу 4 часот остана без покрив над главата, куќата им изгоре до темел, јавува Тв „Тера“.
За време на пожарот ниту еден член на семејството не бил во домот.
„Јас околу четири часот излегов од дома по работа. Кога дојдов во 12 часот видов дека куќата ми е до темел изгорена не знам како се случило“ вели Ерхан Рустемов.
„Куќата ми изгоре цела. Јас сум болна, спиев кај мајка ми сега ми кажуваат куќата ми изгорела од струјата. Се ми изгоре, се што имав Немам ни каде да одам ни каде да спијам, молам за помош, градоначалникот некој да ми помогне“, вели Наска Рустемова
Пламените јазици ја проголтале целата покуќнина. Кога пристигнале пожарникарите со две возила, куќата веќе била целата во пламен и кровната конструкција била урната.
Седумтемина пожарникари по 40 минути активна работа успеале да го изгаснат пожарот, велат од противпожарната служба од Битола.
Од Центарот за социјални работи во Битола велат дека се запознати со случајот и веќе ова семејство се обратило до нив за помош и поднело барање.
Од таму велат дека ќе извршат увид на местото на настанот и според одлуката на формирана комисија за вакви постапки ќе се одлучи за доделување еднократна парична помош. Ова е единственото нешто со кое Центарот може да им помогне, во однос на сместување на семејството, додека си ја обнови куќата или најде место каде да се смести./крај/тера/ом
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Зелениково и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, дел од корисниците од улиците Самоилова и Јоаким Крчовски, како и објектот на Музејот на Современа Уметност, општина Центар;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од селата Зелениково, Ново Село, Страхојадица и Смесница, општина Зелениково;
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците лоцирани околу ул. Австралиска бр. 5 во населба Даме Груев, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд
Променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Утре во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд, кои во текот на денот насекаде ќе престанат. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониска утринска температура.
Македонија
Ѓорѓиевски отпушти 500 вработени
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека се отпуштени 500 вработени од претпријатијата на Скопје затоа што се месеци, дури и години, не оделе на работа.
„500 лица до денес, се отстранети од работа од претпријатијата во градот Скопје. Тоа се лица кои се платени од парите на скопјани, но не оделе на работа со месеци, дури и години“, објави Ѓорѓиевски.
Тој најави дека секој кој чесно си ја работи работата, ќе биде награден, а оној што не работи ќе биде казнет.
„Тука, нема да има толеранција, а ќе има и одговорност! Секој оној што чесно си ја работи својата работа ќе биде награден, а оној што не работи – ќе биде санкциониран. Ред во Скопје, мора да има! Она што е платено со парите на граѓаните јас мора да го заштитам“, напиша Ѓорѓиевски на „Фејсбук“.

