Македонија
Петнаесетгодишно девојче рането во автобус во Скопје
Петнаесетгодишно девојче од скопското село Долно Количани е рането вечерва во пукање што се случи на автобуската постојка кај Народна Банка, соопштуваат од СВР Скопје.
Петнаесетгодишно девојче од скопското село Долно Количани е рането вечерва во пукање што се случи на автобуската постојка кај Народна Банка, соопштуваат од СВР Скопје. Уште двајца други патници кои се возеле во автобусот се примени во Градската болница со исекотини.Според информациите на СВР Скопје, вечерва во 19.50 часот настанала тепачка во автобус со број 74 меѓу две групи кои се возеле во автобусот кај постојката под Железничката станица. Кога автобусот застанал на постојката кај Народна банка, непознато лице кое стоело на постојката извадило пиштол и пукало низ отворената врата. Еден куршум завршил во телото на петнаесетгодишното девојче. Девојчето е пренесено во Градската болница, а пукачот избегал. Полицијата направи увид на лице место и трага лицата кои учествувале во тепачката./крај/мф/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Седумгодишно дете и уште три лице се изгубија на патот од Кожле кон Велес
Четири лица планинарејќи го згрешиле патот и залутале на стрмно опасно место за понатамошно нивно движење. Меѓу лицата има едно малолетно седумгодишно дете. Тие залутале на патот од село Кожле кон Велес, месност Манастирски Мост.
Од ЦУК информираат дека тимови се на лице место за да ги извлечат изгубените лица од опасниот стрмен предел меѓу Кожле и Велес.
Македонија
Без име на државава Сиљановска Давкова положи венец на спомен плочата на Св. Кирил и Методиј
Претседателката на државата, Гордана Сиљановска – Давкова вчера на своето прво меѓународно учество на одбележувањето на ликот и делото на словенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, постави венец, но бидејќи не го признава уставното име Северна Македонија, на венецот нема име на држава, туку пишува „Претеседател Гордана Сиљановска – Давкова“.
Откако стапи на должноста, Давкова избегнува да го каже името на државата, а освен уставното име таа не го изговара ниту името Република Македонија.
Претседателката Сиљановска Давкова ја посети и базиликата „Санта Марија Маџоре“, каде положи венец на спомен – плочата на македонски јазик во чест на делото на Светите браќа Кирил и Методиј, соопштија од кабинетот на претседателката.
Македонија
Смрдеа затвори дел од салите за операции во комплексот клиники „Мајка Тереза“
Претставник на Министерството за здравство бил сослушан во скопското Обивнителство, а по него според неофицијални информации следуваат директорите на хирушките клиники. По собраните искази и докази обвинител ќе процени дали постои основа да поведе постапка и против кого во врска со информациите дека само во три сали во комплексот клиники „Мајка Тереза„ во моментов се извршуваат исклучително итни операции. Останатите сали веќе 7-ми ден се затворени, поради ширеење на непријатна миризба.
Вработените и натаму не знаат кога салите ќе се вратат во функција, а од Министреството за здравство одговор нема.
Пацинетите кои не се третираат како итни слуачи се препраќаат во другите здравствени установи.
Од ВМРО ДПМНЕ денеска на прес конференција обвинија дека не работат ниту лифтовите на клиниката за трауматологија, па велат, пациенти со скршеници, но и оние што одат на контрола или во посета, или треба да одат по скали или да се туркаат со оние лифтови кон операционите сали. И за овие обивнувања се обративме до министерството за здравство но одговор нема.
„Цела недела 4 лифта не работат, ниту двата мали кај влезот, ниту двата кај трауматологија, па пациенти со скршеници, но и оние што одат на контрола или во посета, или треба да одат по скали или да се туркаат со оние лифтови кон операционите сали. Цела недела, од минатата сабота трае проблемот со системот односно цевководот за кислород до операциски сали, цела недела нема испитување што е, што мириса, дали е загадено, дали навистина има јаглерод диоксид“, изјави Наум Стоилковски ВМРО ДПМНЕ.