Контакт

Македонија

Се гради пешачката патека на езерото Младост

Објавено пред

Се гради сопртската патека на Езерото Младост кај Велес. Таа ќе биде долга пет километри ќе ги поврзува двата краја на езерото, а на неа ќе може да се џогира но и да се воза велосипеди.

dobivaj vesti na viber

Се  гради сопртската патека на Езерото Младост кај Велес. Таа ќе биде долга пет километри ќе ги поврзува двата краја на езерото, а на неа ќе може да се џогира но и да се воза велосипеди.Како се одвивааат градежните  работи денеска на лице место виде  министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.  „Паралелно тука на Езерото Младост се работат повеќе активности, се прави патеката но и се работи на расчистување на просторот и на оформување на плажи. На овој начи ќе се подобри туристичката понуда на езерото “, рече министерот Јанакиески. За локалната власт, езерото Младост е значајно за развој на транзитниот туризам. Со доделување на плацовите за изградба  на викенд куќи, како и на угостителските објекти Младост ќе прерасне во значаен рекреативен центар во Мкаедонија. „Правиме напори да ја зголемиме туристичката понуда,  на Младост ќе има повеќе содржини. Општината планира да ги заокружи сите урбанистички работи но и да се донесе нов ДУП. Со акцијата на Владата за продажба на еден метар кавдратен земјиште  за едно евро ќе се продадат и парцелите предвидени за изградба на хотели, мотели и автокампови“, рече градоначалникот на Велес, Горан Петров. Покрај изградбата на патеката на Младост се работи и на оформување на плажи. Тие според министерот Јанакиески веројатно ќе бидат дадени под концесија.Финасирањето на градежните работи е со средстав од Владата на Република Македонија и локалната власт./крај/лис/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Предлозите на СДСМ за аерозагадувањето не се мерки, со нив проблемот не може ни да се ублажи

Објавено пред

Со голема сериозност ги разгледавме предлозите на СДС за аерозагадувањето прашувајќи се зошто, ако воопшто знаеле, како треба до пред 6 месеци со прст не мрднаа за да го решат ова горливо прашање. Но, сфатиме за што се работи, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

dobivaj vesti na viber

„И така читаме да видиме дали има нешто зрело и дали се промениле во СДС, иако има поговорка кај нас дека волкот ја менува кожата но наравот никогаш, кога има што да видиме. Не само што не се промениле, туку тие продолжуваат да тонат. Да, почитувани граѓани. И тоа можело. Мерките на СДС за борба против аерозагадувањето биле да не ода на работа луѓето. И да има контрола на возилата. Ете. Толку бил едноставен проблемот.

Но, да бидеме сериозни, трагедија се обидите на СДС загадувањето да го третира како тема. Освен што играат на картата дека народот заборавил дека до пред 6 месеци беа на власт и немаа ниту една, повторуваме ниту една мерка за животната средина, тие очигледно го потценуваат и капацитетот на народот кој јасно гледа дека ова што го предлага СДС не само што не се мерки туку се избрзани прес конференции да исполнат квота за која центарот за комуникации на СДС си добива добра плата. Не само што ова не се мерки, туку се далеку од тоа што е потребно за да се реши проблемот а дури и да се ублажи. Ние планиравме секако одредени категории на вработени да препорачаме и наложиме да бидат ослободени од работни обврски, но за решавање на загадувањето потребни се сериозни чекори и длабоки промени и инвестиции. Нешто кое ние го припремаме и за кое одвојуваме буџет и нешто за чија реализација е потребно време. Да мислеа повеќе на животната средина, наместо да крадат од кај ќе стигнат, СДС ќе направеа нешто по што ќе може да ги паметиме надвор од скандалите за набавки, криминални тендери, уништување на институциите и енергетскиот систем преку пљачка на РЕК Битола и ЕСМ, измеќарството кон ДУИ и националните предавства, трагедијата од пожарот во криминалната модуларна болница на Филипче, несреќите на Дурмо турс на пајташот на ДУИ, како и многу други наместени тендери и криминални злоупотреби.

Затоа, обмислете ги убаво соопштенијата, а за тоа не е потребно само плата туку и капацитет и интегритет. Очигледно кај вас недостасуваат“, се наведува во реакцијата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на министерот Муртезани со амбасадорот на Словачка, Маркуш

Објавено пред

Министерот за европски прашањa, Орхан Муртезани, оствари средба со Амбасадорот на Словачка, Хенрих Маркуш. Средбата се одржа во духот на заемната соработка и пријателските односи меѓу двете земји.

dobivaj vesti na viber

Главна тема на дискусијата беше процесот на интеграција на Северна Македонија во Европската унија, при што беа разменети мислења за актуелните предизвици и перспективите на земјата во овој контекст. Министерот Муртезани ја истакна посветеноста на Владата на Северна Македонија во спроведувањето на реформите кои се од клучно значење за забрзување на интегративниот процес.

Од страна на Амбасадорот Маркуш беше потенцирана поддршката на Словачка за евроинтегративните аспирации на Северна Македонија, како и интересот за натамошно продлабочување на билатералните односи меѓу двете земји. Амбасадорот, исто така, истакна дека Словачка има голем потенцијал за развојна соработка и поддршка на земјите во развој и изрази уверување дека постои добар потенцијал за проширување на нашата билатерална соработка во оваа насока.

Бидејќи Северна Македонија е меѓу партнерските региони на SlovakAid, заедно со останатите земји од Западен Балкан, ова дава простор за подлабока и проширена соработка на регионално ниво.

На средбата, исто така, беа разгледани можностите за засилена соработка во повеќе области од заеднички интерес, со цел понатамошно унапредување на врските меѓу Северна Македонија и Словачка.

Прикажи повеќе...

Македонија

Тошковски: Граѓаните ќе се опоменуваат, нема да се казнуваат за возачките дозволи и за личните карти со старото уставно име

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски рече дека полицијата ќе се фокусира на опоменување, а не казнување на граѓаните што сè уште користат лични документи со старото уставно име. Како што рече, голем дел од документите, како возачките дозволи и пасошите, се веќе заменети со новото уставно име.

dobivaj vesti na viber

Тошковски нагласи дека граѓаните не треба да трпат штета поради погрешните политики на претходната власт.

„Огромен број од возачките дозволи се веќе заменети. Еднаш упатив јавен апел до сите полициски службеници дека не треба македонските граѓани да бидат казнувани поради тоа што во минатото имало политичари што не си ја сакале државата. Упатувам апел да ги применат законските одредби за опомена и укажување на сите оние што во овој адаптабилен период сè уште користат возачка дозвола важечка според рокот, но не е усогласена со законот“, изјави Тошковски и додаде:

„Полициските службеници треба да постапуваат внимателно применувајќи ги одредбите за опомена за да не се казнуваат граѓаните поради минатите пропусти“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет6 минути

Судот смета дека Трамп е виновен за плаќањата кон порно актерката Даниелс, но нема да биде казнет

Судот во Њујорк пресуди во случајот на премолчена исплата на поранешниот и идниот претседател Трамп на порно актерката Сторми Даниелс....

Македонија2 часа

Тошковски: Граѓаните ќе се опоменуваат, нема да се казнуваат за возачките дозволи и за личните карти со старото уставно име

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски рече дека полицијата ќе се фокусира на опоменување, а не казнување на граѓаните што...

Свет6 часа

Нови сателитски снимки на Пацифик Палисадес: „Изгледа како да паднала атомска бомба, се плашиме од бројот на загинати“

Бројот на загинати во разорните пожари што беснеат во Лос Анџелес денеска се искачи на десет, а пожарот уништи речиси...

Македонија8 часа

ДУИ реагира: Во очаен обид за политички опстанок СДСМ одлучи да јава на бранот на албанофобијата следејќи го патот на ВМРО-ДПМНЕ

„Во очаен обид за политички опстанок, СДСМ одлучи да јава на бранот на албанофобијата, следејќи го патот на ВМРО –...

Македонија8 часа

Утрово најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка

Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени -2 степени, 0 било на Попова Шапка и во Крива Паланка,...

Свет9 часа

Сателитските снимки го покажуваат обемот на ужасот во Лос Анџелес, изгоре сè до океанот

Пожарот речиси целосно уништи голем дел од Пацифик Палисадес во Лос Анџелес, покажуваат новите сателитски снимки од Maxar Technologies. Сликите...

Свет9 часа

Трамп: Путин сака да се сретнеме, се договара состанок

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека се договара средба меѓу него и рускиот претседател Владимир Путин. „Тој сака да...

Топ9 часа

Истрага против две лица за изнуда и палење автомобил во Штип

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца соизвршители на кривични дела – Изнуда од член...

Свет19 часа

(Видео) „Една од најразорните катастрофи во историјата на Лос Анџелес“, сцените се ужасни

Потврдениот број на пет загинати веројатно ќе се зголеми, изјавија официјални лица, бидејќи снимките од беспилотни летала ги доловуваат размерите...

Свет20 часа

(Видео) Бајден, Трамп, Обама, Буш и Клинтон присуствуваа на државниот погреб на Џими Картер

Поранешниот американски претседател Џими Картер, кој мораше да се справи со лошата економија и заложничката криза и беше почитуван за...

Македонија24 часа

Најотворана веб страница во Мала Речица е таа на Стејт департментот, секое утро проверуваат да не имаат некој член на црна листа, велат од ВЛЕН

„ДУИ е прва партија на Албанците која ги оддалечува Албанците од нивните западни стратешки партнери, заради својот криминал и корупција....

Македонија1 ден

Министерството за надворешни работи со осуда: Злонамерните изјави на официјални личности од бугарската политичка сцена се директен напад на суверенитетот, интегритетот и независноста на нашата држава

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија силно ја осудува објавата на лидерот на бугарска политичка...

Македонија1 ден

Таравари нема информација оти некој рендген не работи, а матичните од Скопје два дена немаат каде да ги испратат на снимање пациентите

Министерот за здравство Арбен Таравари не знае за проблемите со кои се соочија матичните лекари оваа недела кога ординациите им...

Македонија1 ден

Докторите немаат никаква грешка за смртта на седуммесечното бебе на Детската клиника, Таравари го доби извештајот од стручната комисија

Лекарите на Детската клиника не направиле грешка при лекувањето на седуммесечното бебе, кое почина на клиниката на почетокот на минатиот...

Македонија1 ден

Измамници се претставуваат како банки и институции, МВР апелира граѓаните да не споделуваат лични податоци

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи активно презема мерки за истрага и справување со телефонските измами кои...

Македонија1 ден

Бугарската агенција за патишта има делумна вина за несреќата на автобусот на „Беса транс“

Агенцијата за патна инфраструктура на Бугарија (АПИ) има делумна вина за трагичната несреќа на автобусот на „Беса транс“ во 2021...

Македонија1 ден

Лидерот на Преродба побара присоединување на Македонија кон Бугарија

Лидерот на крајнодесничарската бугарска партија Преродба, Костадин Костадинов, ја повика владата во Софија официјално да излезе со претензии за присоединување...

Свет1 ден

Сателитски снимки го покажуваат обемoт на катастрофата во Лос Анџелес

Петте активни пожари во Лос Анџелес, двата најголеми – Итон и Палисадес – сè уште се целосно надвор од контрола....

Свет1 ден

(Видео) Знакот „Холивуд“ во опасност, пожарот им се заканува на повеќе знаменитости

Последниот пожар што го зафати врвот на познатиот Холивуд Хилс ги принудува жителите да се евакуираат, а луѓето во близина...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Гасната централа ќе обезбеди топлинска енергија со драстично намалување на загаденоста

Загадениот воздух во градовите во државата е сериозен проблем, кој бара системски и долгорочен пристап за негово решавање. И првите...