Свет
Еден војник на НАТО загина, двајца се ранети во Авганистан

Еден војник на силите на Алијансата загинал, а двајца други се повредени во четвртокот во две провинции во Авганистан, пренесува РИА Новости повикувајќи се на соопштение на прес-службата на Меѓународните безбедносни сили за помош во Авганистан (ИСАФ) и авганистанските владини претставници Според прес-службата на ИСАФ, војникот од составот на НАТО бил убиен во напад на бунтовниците во јужниот дел од Авганистан. Точната локација на инцидентот и националноста на загинатиот војник, според политиката на ИСАФ, не се обелоденети, односно се препушта информацијата да ја соопштат националните министерства за одбрана или команди на земјите кои учествуваат со свои контигенти во мисијата. Од службата за односи со јавноста на гувернерот на провинцијата Логар, пак, е соопштено дека два странски војника се ранети откако нивниот оклопен транспортер налетал на нагазна мина. Од почетокот на годинава силите на анти-терористичката коалиција во Авганистан веќе изгубија 659 војници, а две третини од нив се Американци. Во Авганистан стационираните американски сили ги предводат НАТО и ИСАФ кои бројат вкупно 152 илјади војници. Две третини од нив се американски војници, кои се обидуваат да го задушат отпорот на талибаните и нивните сојузници кои дејствуваат на речиси 70 отсто од територијата на Исламската Република – Авганистан. /крај/риа/сн/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Трамп: Ја решив војната меѓу Албанија и Азербејџан

Американскиот претседател Доналд Трамп, во гостување на „Фокс њуз“, изјави дека успеал да реши војна меѓу Албанија и Азербејџан – конфликт што никогаш не постоел.
Очигледно, тој ја помешал Албанија со Ерменија.
Трамп раскажа дека, наводно, ги довел лидерите на „двете држави“ во својот кабинет и ги натерал да се прегрнат и помират.
„22 години се борев, убивав негови луѓе“, наводно рекол едниот; „Седум години убивав нивни луѓе“, додал другиот.
„Јас им реков: ’Ајде да се прегрнете’. И го решивме проблемот“, изјави Трамп.
Trump confused Armenia with Albania during a Friday interview on Fox News.
“I ended wars that were thought to be unsolvable. Azerbaijan and Albania. It went on for many, many years,” he said. pic.twitter.com/86KJvi17Rm
— NEXTA (@nexta_tv) September 12, 2025
Свет
Осомничениот за убиството на Чарли Кирк се брани со молчење

Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на Чарли Кирк, престанал да комуницира со истражителите откако ангажирал адвокат. Деталите од неговиот прв разговор со полицијата се непознати.
„Тајлер Робинсон, човекот осомничен за пукањето и убиството на Чарли Кирк во среда, не разговара со истражителите“, потврдија за „Си-ен-ен“ два извори запознаени со случајот.
Еден од изворите рече дека Робинсон првично комуницирал со полицијата, но набрзо замолчил откако утрово ангажирал адвокат. Засега не е познато што разговарал со истражителите пред да одлучи да молчи.
Свет
Убиецот на Кирк би можел да биде осуден на смрт со стрелање

Властите на Јута ќе бараат смртна казна за 22-годишниот Тајлер Робинсон кој се сомничи за убиството на соработникот на Доналд Трамп, политичкиот активист, Чарли Кирк. Јута е една од петте американски држави кои дозволуваат егзекуција со стрелање.
Можноста за барање најстрога казна претходно ја објави гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, кој изјави дека смртната казна е опција.
Јута, државата каде што се случи пукањето, е една од петте американски држави кои дозволуваат егзекуции со стрелање.