Свет
Убиен уште еден син на Гадаф?
Еден од синовите на либискиот лидер Моамер ел- Гадафи, е убиен, како што се претпоставува, за време на воздушен напад на авионите на НАТО, јавува во петокот AFP повикувајќи се бунтовнички извори
Според агенцијата, авионите на НАТО во текот на ноќта кон петокот извеле нови напaди врз либиската престолнина Триполи во која одекнале десетина силни експлозии. Според либиската државана телевизија, цели на нападите на Алијансата биле „цивилни и воени инсталации“ во предградието на главниот град Хелат ал-Ферџан. Либискитe револуционерен сили тврдат дека еден од синовите полковникот Моамер ел-Гадафи е убиен во воздушен напад на авионите на НАТО во западниот град Злитан.„Во текот на ноќта беше извршен авионски напад од страна на НАТО врз штабот за воени операции на силите на Гадафи во Злитан, пти што се убиени околу 32 војници. Еден од нив е Камис“, изјави Мохамед Завави, портпарол на обединетите либиски револуционерни сили.Завави додава тој ја добил информацијата од бунтовничките шпиони инфилтрирани во редовите на војскат ана Гадафи, пишува Press TV.Хамис Гадафи долго време ги предводеше про-режимските милициски групи во ргадот Злитан долго време и командуваше со бробите за овој западен град за да сопре напредувањето на бунтовничките сили кон главнот град Триполи.НАТО не може да ја потврди оваа информација, туку од Брисел потврдуваат дека воените авиони на Алијансата го нападнале регионот на градот Злитан во кој според оперативните информации се наоѓаат најлојалните и најдобро опремените сили на Гадафи. Тие во Злитан ги држат позициите за одбрана на Триполи кој е оддалечен околу 160 километри.Градот Злитан се наоѓа на патот меѓу упориштето на либиските востаници, Мисрата и Триполи а бунтовничките сили веќе подолго време се обидуваат да го заземат и да го ослободат крајбрежниот пат кон либиската престолнина.Претставниците на НАТО од оперативната команда во Неапол изјавија дека слушнале за информациите за смртта на синот на Гадафи, но дена не можат да ги потврда. „во овој момент не можеме ништо да потврдиме“, бидејќи нема луѓе на тој терен, но се обидуваме да дознаеме што точно се случило“, изјавил соговорник на Reuters од командата во Неапол.Засега ниту владата во Триполи сé уште не се огласи по информациите за загинувањето на Хамис Гадафи.Во воздушнен напад на авионите на НАТО од ноќта меѓу 30-ти април и 1-ви мај врз резиденцијата на Гадафи во Триполи, беше убиен најмладиот син на либискито водач, 29-годишниот Саиф ал-Араб, како и три внуци на Гадафи – двегодишниот Сеиф, двегодишната Картаџе и четиримесечното бебе Мастура, како и неколкумина негови пријатели и соседи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

