Свет
Бенедикт XVI ја осуди „идеолошката манипулација на религијата“

Папата Бенедикт XVI, кој престојува во Јордан во рамки на повеќедневната посета на Светата земја, денеска во најголемата џамија во Аман ја осуди
Папата Бенедикт XVI, кој престојува во Јордан во рамки на повеќедневната посета на Светата земја, денеска во најголемата џамија во Аман ја осуди „идеолошката манипулација на религијата“ за политички цели.
Говорејќи пред муслиманските верски старешини во џамијата ал-Хусеин бен Талал, Папата се изјасни против оние кои „говорат дека религијата е нужна причина за поделбите во нашиот свет„ и „тврдат дека што помалку внимание и се придава на религијата, тоа е подобро“.
Признавајќи го „постоењето на напнатоста и поделбите меѓу припадниците на различните верски традиции“,Бенедикт XVI рече дека „идеолошката манипулација на религијата, често, понекогаш и за политички цели, е вистински катализатор на напнатоста и поделбите, понекогаш дури и за насилства во општествата“.
„Муслиманите и христијаните поради заедничката историја, толку често одбележана со неразбирање, денеска мораат да се потрудат да бидат признати како почитувачи на Бог, секогаш свесни за заедничкото потекло и достоинство на целиот човечки род“, рече Папата на вториот ден од посетата на Светата земја.
Тој побара од верниците на двете вери да го „преземат предизвикот за развој на широкиот потенцијал на човечкиот ум“.
Овие зборови со кои го поврзува исламот и разумот, како што изгледа, претставуваат оддалечување од говорот на Папата во Регенесбург во 2006. во кој алудираше дека исламот не се темели врз разумот, со што предизвика жестока полемика во муслиманскиот свет.
Бенедикт XVI вчера ја започна осумдневната турнеја по Светата земја, во чии рамки следната недела треба да го посети Израел и палестинските територии. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Меланија ми рече дека е апсолутно прекрасно – Трамп за писмото што му го предаде Зеленски

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во интервју за „Фокс њуз“ изјави дека намерно не го прочитал писмото што му го предаде украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера.
Зеленски за време на состанокот во Овалната соба му даде на Трамп писмо од неговата сопруга, адресирано до Меланија Трамп.
Ова се случи откако првата дама на Соединетите Американски Држави му напиша писмо на Путин.
Зборувајќи за писмото на Олена Зеленска, Трамп изјави за „Фокс њуз“ дека било запечатено. „Меланија ми рече дека е апсолутно прекрасно писмо“, рече тој.
„Сигурен сум дека е прекрасно писмо“.
Свет
Дизајнерот кој го облече Зеленски откри што се крие зад оделото што го носеше во Белата куќа

Украинскиот моден дизајнер Виктор Анисимов, кој работеше на оделото за претседателот Володимир Зеленски, истакнува дека поформалниот стил што Зеленски го одбра за посетата на Белата куќа бил однапред планиран и не е само реакција на критиките што ги добил по февруарската средба во Овалниот кабинет.
Анисимов објаснува дека на новиот изглед работеле уште од јануари, пред да се појават критиките за претходниот избор.
Иако Зеленски е познат по својот едноставен и воен стил, дизајнерот вели дека претседателот одлучил да го развива својот имиџ со формална комбинација.
Оделото што Зеленски го носеше во Белата куќа, во сини и црни тонови, првично било дизајнирано за Денот на независноста на Украина.
„Не размислувавме за политичката симболика на облеката, туку како ќе изгледа и како ќе се чувствува претседателот во тоа одело“, рече Анисимов.
Според него, формалниот стил бил дел од поширока стратегија која го вклучуваше имиџот на Зеленски на светската политичка сцена, особено во светло на неговите напори да го заврши конфликтот во Украина без територијални отстапки и без одземање на членството во НАТО.
Иако модата стана централна тема на дискусија, Анисимов нагласува дека не бил загрижен за политичкото внимание што го предизвикала одлуката на Зеленски за облеката.
„Повеќе ме интересира кој ќе биде со нас како земја отколку што Зеленски носел“, рече дизајнерот, потенцирајќи дека за него многу поважен е исходот од состанокот и иднината на Украина.
Одлуката за поформален стил била дел од поширока стратегија на Зеленски да ја прикаже Украина како одлучна и сериозна нација на глобалната политичка сцена.
Прочитај повеќе: По критиките на претходната средба со Трамп, Зеленски овојпат доби комплименти за облеката
Свет
Трамп: Зеленски мора да биде флексибилен во преговорите, Европа сака да има војска на терен

Американскиот претседател беше прашан од новинарите дали има вести за можна трилатерална средба на која би учествувале рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Трамп рече дека вчера се слушнал со Путин и дека се надева оти рускиот лидер ќе се однесува како што треба. Ако не, додава Трамп, тоа ќе биде тешка ситуација.
Трамп изјави дека се надева дека Зеленски ќе направи што мора да направи, но нагласува дека мора да биде и „флексибилен“ во преговорите. Тој додава дека не би рекол дека Зеленски и Путин некогаш ќе станат „најдобри пријатели“, но забележува дека токму овие двајца лидери „мора да донесат клучни одлуки“.
Кога беше прашан за можноста за безбедносни гаранции, Трамп рече дека европските земји „ќе го преземат најголемиот товар“. „Тие сакаат да имаат војска на терен“, додава тој, осврнувајќи се на Франција, Германија и Обединетото Кралство. „Не мислам дека тоа ќе биде проблем.“
Кога беше прашан дали може да гарантира дека американските војници нема да бидат на терен, Трамп одговори потврдно.
„Вие ја имате мојата гаранција, а јас сум претседател. Само се обидувам да го спречам убивањето луѓе.“
Трамп, исто така, посочи дека поддршката на САД за безбедноста на Украина би можела да дојде во форма на воздушна сила. Американскиот претседател, исто така, рече дека отсекогаш ја сметал Украина за еден вид тампон-зона помеѓу Русија и Европа.
Трамп наведува дека вчера имал „многу добар разговор“ со Путин по средбата со Зеленски и европските лидери. „Не го направив тоа пред нив, мислев дека би било непочитување кон претседателот Путин“, вели тој. „Путин не сакаше да разговара со луѓе од Европа“.