Македонија
Стојановски – прв странец прогласен за почесен член на НГ Вермонт
Началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Мирослав Стојановски денеска беше одликуван со признание за почесен член на Националната гарда на Вермонт
Признанието на генерал-потполковник Мирослав Стојановски му го додели командантот на гардата, генерал-мајор Мајкл Дуби, кој престојува во Македонија.„Навистина е чест да се биде член на Тримаунтин бојс од Бермонт. Ова не е само признание за моето долгогодишно ангажирање, ова е признание на сите припадници на армијата, кои во изминатитите 16 години дадоа голем придонес во оваа соработка, во рамките на партнерската програма да биде навистина успешна. Ќе ни треба многу време да ги истакнеме сите оние придобивки и достигнувања, кои ги имаме постигнато во билатерланата соработка со Вермонт. Во секој случај не е скромно или претерано да се каже дека заради оваа соработка армијата на Македонија денеска е подобро и поборбено оспособена отколку што тоа беше на почетокот на формирањето на армијата“ рече Стојановски.Генерал-мајор Мајкл Дуби истакна дека ова признание му се доделува на Стојановски за добрата соработка и водството, како и за неговата посветеност на задачите. Ова признание, како што вели Дуби значи чест, интегритет и лојалност, а Стојановски е прв странец кој го добива ова признание.„Во Ирак служевме кога служеа и многу припадници на Македонија, и неодамна бевме горди и почестени што македонските војници беа вклучени во нашата бригада во Авганистан“ рече ДубиОва високо признание се доделува по третпат, а Стојановски е првиот странец што го добива. Досега за почесни членови на гардата се прогласени поранешен гувернер на Вермонт и генерал од американската армија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
По речиси една година од пожарот во „Пулс“, семејствата ќе ги добијат личните предмети на настраданите – телефони, обувки, накит
Одделението за внатрешни работи Кочани информира дека, во врска со трагичниот настан – пожарот во клубот „Пулс“ на 16 март, од денеска, 2 март 2026 година, почнува постапката за враќање на личните предмети пронајдени на местото на настанот.
Се известуваат сите повредени лица, блиски членови на семејствата на починатите, како и други лица кои биле присутни за време на настанот, дека во периодот од 2 до 6 март 2026 година, во времето од 09:00 до 18:00 часот, можат да се обратат во просториите на Одделението за внатрешни работи Кочани, на ул. „Тодосија Паунов“ бр. 12.
Целта на посетата е идентификација и враќање на личните предмети кои биле пронајдени при увидот и им припаѓаат на повредените и на починатите лица. Меѓу предметите што ќе се враќаат се: мобилни телефони, паричници, накит, часовници, ташни, облека и обувки.
Враќањето ќе се врши по претходна идентификација од страна на сопствениците или од блиски членови на семејствата на починатите, нагласуваат од ОВР Кочани.
Фото: ЕПА
Македонија
Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска
Левица поднесе кривична пријава против поранешната членка на Антикорупциска комисија Цвета Ристовка поради сторено кривично дело Противправно стекнување и прикривање на имот, соопштија од партијата.
„Имено, Цвета Ристовска, спротивно на обврските од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси за пријавување на целосна и вистинита имотна состојба, која вклучува личен и имот на членовите на семејството – иако била должна, не пријавила две компании во сопственост на членови на нејзиното семејство. Јасно е дека се работи за свесно и намерно прикривање на имот, ако се има предвид фактот дека компаниите кои не ги пријавила Ристовска добиле 2 милиони денари од касата на ДПМНЕ, очигледно како награда за непостапувањето на Ристовска против нивните функционери“, велат од Левица.
Според партијата, оваа теза дополнително ја потврдува фактот што поранешната антикорупционерка го пријавила останатиот имот на своите деца во анкетниот лист, но, како што велат од Левица, свесно и намерно, ја изоставила фирмата која постои уште од 2020 година.
„Цвета Ристовска стана симбол на корупција во институцијата која треба да се бори против високата корупција. Таа беше директна инсталација на владејачката партија, која амнестираше два високи функционери од партијата на власт – Бојан Христовски и Ивица Томовски. Само оставка од позицијата антикорупционер не е доволна. За свесното прикривање имот одговорност за Цвета Ристовска мора да има. Ревизија на сите предмети кои ги работела компромитираната антикорупционерка мора да има за да се стави крај на штитењето на корупцијата на највисоките ешалони на власта“, велат од Левица.
Македонија
Првиот човек на НАТО доаѓа во посета на Македонија, Сиљановска-Давкова ќе го пречека со највисоки државни и воени почести
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, утре – 3 март 2026 година, вторник, ќе го пречека генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој ќе престојува во официјална посета.
Генералниот секретар ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести на церемонија во Кабинетот на претседателот, по што ќе следи тет-а-тет средба и пленарен состанок на македонската и на делегацијата на НАТО.
Во рамки на програмата, предвидена е и заедничка прес-конференција со претседателката Давкова.
Ова е прва посета на Руте на земјата, откако ја извршува функцијата прв човек на Алијансата.
Фото: Depositphotos

