Македонија
Џахангир – Верските заедници со значително политичко влијание
Двете најголеми верски заедници во земјата вршат значително политичко влијание и може да направат упад во уставниот концепт на одвојување на државата
Двете најголеми верски заедници во земјата вршат значително политичко влијание и може да направат упад во уставниот концепт на одвојување на државата и религијата.
Ова денеска на пресконференција во Скопје го изнесе Специјалниот известувач на Обединетите нации за слобода вероисповед или убедување Асма Џахангир, која додаде дека ваквата перцепција и била посочена од соговорниците за време на посетата на Македонија.
Според неа Законот за верски заедници и групи од 2007 година е во согласност со меѓународните стандарди, но неговата примена не е прецизно посочена, посебно во однос на прашањата со регистрацијата
Во врска со одлуката на Уставниот суд за веронауката, Специјалниот известувач рече дека пресудата на никој начин не е во спротивност со слободата да се добива верска поука надвор од наставата во основите училишта.
Таа изрази запрепастеност од јавно изразениот бес од страна на одредени верски водачи и политичари против пресудат на судот
„Од витална важност е целосно да се почитува независноста на судството, особено при одлуки во врска со верските прашања. Од критична важност е судовите да можат да судат по верски прашања без страв или фаворизирање“, рече Џахангар.
Според неа независното судство е суштинско за чување на слободата на вероисповед или уверување.
Специјалниот известувач на ОН додава дека неможноста за казнување на случаите на поттикнување на верска омраза ги охрабрува силите на фанатизмот.
„Владата има примарна обврска да ги заштити своите граѓани од акти на верска нетрпеливост и дискриминација“, рече Џахангар.
Таа додава дека на владата и е потребна активна поддршка од граѓанскиот сектор за да создаде свест за прашањата околу човековите права, вклучувајќи ја и слободата на вероисповед или убедување.
Специјалниот известувач рече дека е загрижена поради непочитувањето на правото на протест на студентите по архитектура, но и поради односот на полицијата која стоела на страна, па дури ги поддржувала попречувачите на протестот, коментирајќи ги неодамнешните протести против изградба на црква на плоштадот./крај/ст/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на магистралниот пат Струмица – Дабиле
Од 04:20 часот сообраќајот на магистралниот пат Струмица – село Дабиле е нормализиран, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Министерката Јаневска ќе учествува на „Глобалниот конгрес за популација, здравје и човечки развој“ во Каиро
Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска од 12 до 15 ноември ќе учествува на „Глобален конгрес за популација, здравје и човечки развој“ што по трет пат се одржува во Каиро, под покровителство на Претседателот на Египет, Абдел Фатах Ел – Сиси.
Предвидено е учество на министерката Јаневска на повеќе панел дискусии посветени на човечкиот развој, развој и примена на иновации со фокус на вештачката интелигенција, а ќе биде и воведен говорник на сесија посветена на неформалното образование како концепт на доживотно учење.
За време на конгресот, Јаневска ќе оствари билатерална средба со египетскиот министер за високо образование и научни истражувања, Мохамед Ајман Ашур.
Македонија
Неколку улици во Скопје денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач ф-125мм на крстосницата Индира Ганди/Гвадалахара, прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици; Гвадалахара, Индира Ганди, Метохиска, Јован Хаџи Шишко и Гарсија Лорка, општина Шуто Оризари.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека денеска поради уличен дефект од ф 1” на улицата Прашка бр.50, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од улицата Прашка од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

