Контакт

Вести

FBI: Нема основа за обвинение против Клинтон за електронската пошта

Објавено пред

Американското Федерално биро за истраги (FBI) ќе му предложи на државното обвинителство да не подигнува обвинување против Хилари Клонтон по едно годишната истрага за користење на приватната електронска пошта за државни работи во времето кога била државна секретарка што е спротивно законите за безбедност, изјави во вторникот директорот на Бирото, Џејмс Коми.

dobivaj vesti na viber

Истрагата покажала дека тогашната државна секретарка Хилари Клинтон „извонредно непретпазливо“ ја користела електронската пошта и дека најмалку 110 електронски пораки содржеле доверливи податоци, изјави директорот на FBI Џејмс Коми.

Меѓутоа, FBI заклучил дека „ниеден разумен обвинител“ би подигнал обвинение против Клинтон, најверојатната кандидатка на Демократската партија на ноемвриските претседателски избори во САД.

„Иако конечната одлука ја носи државното обвинителство, нашиот став во овој случај е дека нема основа за подигнување обвинение“, изјави Корнеј на прес-конференција во Вашингтон.

Поранешната прва дама Хилари Родам Клинтон во саботата околу три и пол часа беше испрашувана во американската сојузна полиција Федералното биро за истраги (FBI) во рамките на истрагата за користењето на нејзината приватна електронска пошта за службена комуникација во времето кога ја извршуваше должноста државна секретарка.

Оваа афера беше малку потисната во втор план изминатиот период сé додека не се откри дека минатите денови оти американската главна државна обвинителка Лорета Линч, која ја именуваше актуелниот демократски претседател Барак Обама, неодамна во авион имала тајна средба со поранешниот претседател Бил Клинтон, сопругот на претседателската кандидатка Хилари.

Републиканците побараа оставка и од обвинителката Линч, а нивниот претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека состанокот во Феникс ќе останел таен, доколку за него не дознаел локален новинар.

Лорета Линч изјави во петокот дека ќе ги прифати препораките на директорот на Сојузната полиција (FBI) за тоа дали треба да се повлече од истрагата против најверојатната претседателска кандидатка на Демократската партија, Хилари Клинтон.

Правосудните органи сакаат да ја завршат прелиминарната истрага пред почетокот на партиските конвенции на републиканците и демократите кои започнуваат на 18-ти односно 25-ти јули, така што доколку против Хилари Клинтон биде покренато обвинение, Демократската партија да може да предложи друг кандидат за претседателските избори.

FBI истражуваше дали Клинтон го прекршила законот кога службената комуникацијата во времето додека беше државна секретарка во периодот од 2009 до 2013 година ја вршела од својот приватен сервер во нејзиниот дом во Њујорк и од приватната електронска адреса со што доверливите документи станале можен лесен плен за хакери, а не од службената на американското министерство за надворешни работи.

Американската сојузна полиција Федералното биро за истраги (FBI) ја истражува Хилари Клинтон дали го прекршила законот кога за деловната комуникација во периодот од 2009 до 2013 година додека беше државна секретарка, ја вршела од својот приватен сервер во домот во Њујорк и од приватната електронска пошта, а не од службената како што наложуваат законите.

Американската сојузна полиција Федералното биро за истраги (FBI) ја истражува Хилари Клинтон дали го прекршила законот кога за деловната комуникација во периодот од 2009 до 2013 година додека беше државна секретарка, ја вршела од својот приватен сервер во домот во Њујорк и од приватната електронска пошта, а не од службената како што наложуваат законите. Истрагата со месеци фрла сенка на нејзината кампања за претседателските избори кои ќе се одржат на 8-ми ноември.

Хилари Клинтон е критикувана за користење на приватната електронска пошта во периодот кога беше американскиот државен секретар од 2009 до 201 година. Опасноста експертите ја гледаат во тоа што користејќи го приватниот сервер во нејзиниот дом нејзината службена преписка станал достапна за хакери. Покрај тоа, политичката одговорност се гледа во тоа што Клинтон имала целосна контрола врз кореспонденцијата и можела да избрише некои несакани пораки.

Во полемиката којашто ја загрозува Клинтон, Стејт департментот на својата интернет страница ланскиот септември објави бројни електронски пораки (4.368 мејлови, или околу 7.000 страници) кои ги испраќала, примала или ги проследувала од приватната електронска адреса и приватниот сервер додека ја водеше американската дипломатија.

Стејт депарментот по налог на американското правосудство од пролетта 2015 година, ги проверува, сортира и објавува во фази, секој месец, стотици и илјадници од повеќето од 30.000 службени електронски пораки на поранешната шефица на американската дипломатија.

Министерството призна дека шеесетина пораки морале дополнително да бидат вброени меѓу „доверливите“, што е најниското ниво според строгите стандарди и прописи кои важат за внатрешната и надворешната комуникација и размена на информации на американската администрација. Од околу 7.000 страници објавени пред половина година има речиси 250 страници, или стотина дополнителни пораки, кои се дополнително „подигнати на повисоко ниво на доверливост“.

Клинтон во нејзиниот мандат на државна секретарка, примила и проследила 62.320 електронски пораки од својата приватна електронска адреса (clintonemail.com), а не од владината (state.gov), како што наложуваат прописите, и како што тоа го правеле нејзините советници.

Американското министерство за надворешни работи првпат кон крајот на јануари годинава призна дека најмалку 22 електронски пораки испратени од приватната електронска адреса на Клинтон, ги содржеле некои од најчувствителните државни податоци, како што претходно веќе тврдеа американските безбедносни служби.

Во новиот пакет од електронската кореспонденција на Хилари Клинтон, објавен врз основа на наредба на сојузниот американски суд, изоставени се 22 електронски пораки поради тоа што податоците во нив се категоризирани како оние со највисоко ниво на тајност./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Видео) Во Гази Баба се гради огромна дива депонија без никакви дозволи, објави Арсовска

Во општина Гази Баба, фирма затекната од инспекторат на град Скопје при вршење нелегални активности, правење огромна дива депонија со...

Македонија4 часа

За двајца поранешни министри запрена постапката за трагедијата во Кочани

За 11 лица е запрена постапката и нема да се гонат за трагедијата во Кочани бидејќи немало доволно докази, а...

Македонија5 часа

Полицајците во „Пулс“ не презеле мерки да спречат активирање на пиротехниката, чие палење не било пријавено во полиција

Истрагата за пожарот во Кочани вчера беше проширена на уште 13 полицајци од СВР Штип. Според информациите на МВР, тие...

Македонија5 часа

Без дозвола реконструиран, со употреба на несоодветни материјали: дискотеката во Кочани не ги исполнувала ниту минималните услови за угостителска дејност

Вчера се приведени 13 лица инволвирани во трагедијата во Кочани, потсети денеска на прес-конференција јавниот обвинител, Љупчо Коцевски. Тој извести...

Македонија6 часа

Владата блокира уште 173 интернет-страници за онлајн-коцкање, информира Меџити

Владата донесе одлука за блокирање 173 интернет-страници за онлајн-коцкање, кои на нелегален начин нудеа услуги за игри на среќа во...

Економија7 часа

Укинувањето на царините за стоките од САД не е само трговска одлука, туку и дипломатски чекор, вели Стојанова

Со новите измени и дополнувања на Законот за царинските тарифи, Собранието ќе даде зелено светло на планот на Владата да...

Свет7 часа

Како ќе одговори Иран на Израел: пет можни сценарија

Израел го нападна Иран преку ноќ. Според израелски воени извори, погодени се објекти поврзани со нуклеарната програма на Иран и...

Македонија7 часа

Успешно изведени две трансплантации на коска од починат донор на Клиниката за ортопедски болести

На Клиниката за ортопедски болести успешно се изведени две сложени трансплантации на коска од починати донори, со што продолжува примената...

Регион8 часа

ГЕРБ: Властите во Скопјe треба да ја запрат репресијата врз Бугарите во РСМ

Пратеничката група на ГЕРБ изрази несогласување со пресудата на Основниот суд во Битола против Љубчо Георгиевски. Од собраниската говорница утрово,...

Македонија9 часа

Оставки од Тошковски и од Јанев и кривична одговорност, бара СДСМ

Последната акција на ОЈО ГОК потврди сè. СДСМ ја говореше вистината за Кочани од првиот ден. Уапсените полициски службеници вчера...

Македонија9 часа

МНР со апел до македонските граѓани: Воздржете се од какви било патувања во Израел и во Иран

Во врска со информациите за влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до...

Свет9 часа

Анализа: Иран ќе го нападне Израел со сè што има

Ова е моментот од кој многумина на Блискиот Исток се плашеа со години, но исто така и го чекаа. Како...

Свет10 часа

Пристигнуваат реакции од целиот свет по израелскиот напад врз Иран

Израел започна напади врз Иран во петокот, насочени кон нуклеарни постројки, фабрики за ракети и воени команданти, а иранските медиуми...

Свет11 часа

(Видео) Израел нападна воени згради во Техеран, објавени снимки

Израел изврши воздушни напади врз Иран во текот на ноќта, насочени кон неговата нуклеарна програма и капацитетите за балистички ракети...

Свет11 часа

Кого убија Израелците во нападот врз Иран? Воени шефови, нуклеарни научници…

Според иранските државни медиуми, неколку високи ирански воени функционери и нуклеарни научници беа убиени во израелската операција „Rising Lion“, чија...

Свет11 часа

Трамп: Однапред знаевме за израелскиот напад, но не учествувавме

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави за „Фокс њуз“ дека однапред знаел за израелските планови за напад врз Иран, но...

Свет12 часа

Убиен висок ирански воен функционер

Иранската државна телевизија IRINN објави дека генералот Мохамед Багери, началник на Генералштабот на иранските вооружени сили и највисок воен офицер...

Свет12 часа

Иранскиот ајатолах: Ционистичкиот режим ќе се соочи со болна судбина

Полуофицијалната новинска агенција Тасним на Иран објави соопштение кое му се припишува на врховниот лидер на земјата, ајатолахот Али Хамнеи....

Свет12 часа

(Видео/фото) Техеран по израелскиот напад

Фотографии од запалена зграда во Техеран беа објавени на Телеграм каналот на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ). Ирански медиуми:...

Свет12 часа

Иранската војска им порача на Америка и на Израел: „Ќе платите“

Портпаролот на иранските вооружени сили изјави дека САД и Израел ќе платат „висока цена“ за нападите, објави Ројтерс. „Вооружените сили...