Македонија
Шангајскиот универзитет ќе ги рангира македонските факултети

Квалитет на работењето на високообразовните институции во Македонија годинава за прв пат ќе биде оценуван од страна на една водечка светска институција за оваа намена.Ресорниот министер за образование и наука Никола Тодоров на денешната прес конференција објави дека рангирањето на македонските високообразовни институции ќе му биде доверено на Центарот за светска класа и универзитети при шангајскиот Чиа Тонг.„Во рангирањето ќе бидат вклучени петте јавни универзитети, со сите единици во нивен состав, десет приватни универзитети, една јавна-приватна непрофитна установа, пет високи стручни школи и шест јавни школи и еден приватен научен институт“, појасни Тодоров. Тој истакна дека ваков вид на рангирањето на високообразовните установи во Македонија ќе биде спроведено за прв пат, додека во светот тоа претставува долгогодишна пракса. „Рангирањето ја стимулира конкуренцијата помеѓу високообразовните установи и дава значајни информации, поврзани со статусот на установата, кои се корисни за работодавачите, стопанството, студентите и за сите субјекти“, изјави Тодоров.Ресорниот министерот напомена дека рангирањето може да придонесе и за потранспарента и поправедна алокација на средствата за универзитетите во зависност од нивниот квалитет и нивната успешност. Предвидено е рангирањето да биде насочено кон сите релевантни учесници во високообразовниот процес, како што се професорите, студентите, наставниците, истражувачите, соработници, административно-техничкиот кадар и надлежните органи.Истражувањето ќе биде спроведено согласно берлинските принципи за рангирање на високообразовни установи и се очекува да придонесе кон зајакнување на транспарентноста во поглед на квалитетот и ефикасноста на нашите установи. Договорот за изведба на рангирањето треба да биде склучен наскоро во Скопје, а резултатите од истражувањето се очекува да бидат објавени во декември.Тодоров информираше дека Центарот за светска класа и универзитети бил единствениот кој поднел валидна документација на тендерот, распишан од странана министерството, при што за понудил цена од шест милиони денари (близу 100 илјади евра). /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Локални избори: На полноќ завршува јавниот увид во избирачкиот список

На полноќ завршува увидот во Избирачкиот список, којшто граѓаните од 23 август можат да го проверат и да поднесат барања за запишување, дополнување или бришење податоци.
Барањата се поднесуваат писмено до ДИК, по електронска пошта или преку месните канцеларии, а решенијата се носат во рок од 24 часа.
Заклучно со 9 септември, увид извршиле вкупно 5729 граѓани, од кои 3397 мажи и 2332 жени. Осум лица поднеле барање за запишување во Избирачкиот список, 136 за бришење, а 59 за промена на податоците, најчесто поради промена на адреса или презиме.
Изборната кампања за Локалните избори почнува на 29 септември, а гласањето ќе се одржи на 19 октомври.
Македонија
Променливо облачно време, попладне со пороен дожд и грмежи

Времето денес ќе биде променливо облачно, попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има услови за изолирана појава на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 15л/м2) и засилен ветер (над 60км/ч).
Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степена.
Во Скопје, променливо облачно, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 31 степен.
Во петок ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а во сабота ќе има изолирана појава на нестабилност. Во недела повторно на повеќе места ќе биде нестабилно со локален дожд и грмежи, наместа со поинтензивни процеси.
Македонија
Ветрот го сменил правецот од Дрисла, Скопје вечерва мириса на изгорено

Вечерва ветрот го смени правецот и дува од депонијата Дрисла во насока на Скопје поради што во делови од главниот град се чувствува силен непријатен мирис, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
Соопшти дека и вечерва продолжуваат активностите за затрупување на депонијата Дрисла, а ќе бидат дополнително засилени рано наутро.
За утре се планирани и повеќе дополнителни активности на дивата депонија Вардариште, најави Ангелов.
Преходно денес беше соопштено дека пожарот на депонијата „Дрисла“ се гасне со затрупување на најкритичните делови.
Премиерот Христијан Мицкоски рече дека е потпален, а како причина за тоа ги наведе физичките процеси на распаѓање на отпадот, кога се ослободува метан – штетен гас кој е лесно запалив, поради што Мицкоски вели дека е доволен само еден отпушок за да се предизвика пожар.
Граѓаните од главниот град вечерва се жалат на миризбата надвор која им предизвикува отежнато дишење. Ситуацијата, според мерните станици, особено е алармантна вечерва во Аеродром и во Ново Лисиче.