Македонија
Скопските општини времено ќе вработат 1.000 лица за јавни работи
Околу 1.000 невработени лица од Скопје од 1. јули до крајот на декември ќе можат времено да извршуваат јавни работи во скопските општини, за што ќе
Околу 1.000 невработени лица од Скопје од 1. јули до крајот на декември ќе можат времено да извршуваат јавни работи во скопските општини, за што ќе примаат месечен надомест од 6.300 денари.
Ова денеска го соопшти скопскиот градоначалник Коце Трајановски, кој најави дека Градот Скопје и Општините до 15. јуни до Агенцијата за вработување ќе поднесат програми и пријави, а Агенцијата ќе врши избор на луѓето што треба да работат јавни работи.
Градоначалниците на скопските општини постигнале согласност за надоместокот што ќе го примаат лицата што ќе бидат ангажирани да биде приближно ист, а и бројот на ангажирани од сите општини да биде еднаков.
Градоначалникот Трајановски изрази жалење што оваа одлука не била донесена порано, но најави дека ќе се обидат и сега максимално да ја искористат, со надеж дека таа ќе продолжи да се применува и во следните години.
Според скопскиот градоначалник, лицата ќе бидат ангажирани за изведување јавни работи, пред сè чистење на улици, косење тревници, уредување на излетничките места и слични работи.
Оваа мерка е во согласност со одлуката на Владата, која донесе одлука да одвои средства за времено ангажирање на 5.000 лица на територијата на целата земја. /крај/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

