Македонија
Незири: Регионот е подготвен да исчекори напред и да ја подобри економската интеграција
Политики за промоција и привлекување на инвестиции во државите-потписнички на ЦЕФТА и регионот какоцелина, зголемување на потенцијалот за развој и промоција на синџири навредности во индустриите од регионален интерес, како и јакнење и координација на регионалните напори за олеснување на трговијата согласно меѓународните стандарди и принципи беа темите на кои се дискутираше на ЦЕФТА Неделата 2014, во рамки на претседателството на Република Македонија.
Посебен акцент беше ставен на презентацијата на најактуелните трговски прашања идентификувани од страна на бизнис заедницата во регионот, кои беа предмет на посебна сесија на Форумот на стопанските комори на државите-потписнички на ЦЕФТА.
На ЦЕФТА Неделата, која ја отвори министерот за економија Беким Незири земаа учество сите релевантни меѓународни и донаторски организации во Република Македонија и регионот, кои ги презентираа нивните проекти и иницијативи насочени кон јакнење на резултатите на државите-потписнички на ЦЕФТА во областите поврзани со надворешно-трговската размена и инвестициите.
„ЦЕФТА Договорот, како еден од најлибералните регионални договори за слободна трговија, дава можност за еднакво ниво на полето на соработката, пред да се отворат вратите на ЕУ за земјите од регионот. Бројните ЦЕФТА активности кои ги превземавме во рамките на нашето претседавање со ЦЕФТА оваа година го зголемија оптимизмот и покажаа дека регионот е подготвен да исчекори напред и да ја подобри економската интеграција. Уверен сум дека континуитетот на овие активности ќе придонесе заеднички да креираме услови за јакнење на економски раст, со краен ефект – подобрување на стандардот на нашите граѓани“, рече Незири во своето излагање.
Раководителот на Одделот за оперативни работи во Делегацијата на ЕУ, Јаромир Левичек посочи дека ЕУ го поддржува ЦЕФТА договорот кој, како што рече, претставува чекор напред за земјите од Западен Балкан од аспект на економијата и политиката.
„Оваа спогодба дава одлична рамка за земјите да се подоготват за пристапувањето кон Европската унија и се покажа како клучна за комплетирање на регионалната зона за слободна трговија од која најголем процент е веќе либерализирана. Натамошната либерализација кај земјоделските производи и елиминирањето на нетрговските бариери и отворањето на пазарите за јавни набавки понатаму ќе ги зголемат потенцијалите за раст на регионот“, рече Левичек.
Тој нагласи дека ЦЕФТА договорот приоднесува кон развивање на добрососедските односи и значи непречен пристап кон пазар со преку 20 милиони потрошувачи.
На свеченото отварање на ЦЕФТА Неделата 2014, во организација на Министерството за економија, а со поддршка на Проектот на УСАИД за унапредување на инвестирањето и извозот, свое обраќање имаше и заменик амбасадорот на САД, Бартон Путни.
„Регионалната соработка помеѓу земјите членки на ЦЕФТА има огромен потенцијал да придонесе кон економски развој. Сепак, како што го зголемуваат нивото на соработка и се доближуваатдоцелосно елиминирање на царинските давачки во меѓусебната трговија, земјите на ЦЕФТА се соочуваат со нови предизвици. Разноликоста на овие прашања целосно се одразува во агендата на настанот CEFTA Недела 2014, и ја потврдува комплексноста на процесот на трговско интегрирање“, потенцираше Путни, истакнувајќи дека Владата на САД,препознавајќи ја важноста на регионалниот дијалог и размената на мислења во рамки на ЦЕФТА, е почестена што доби можност да го поддржи овој настан преку Агенцијата за меѓународен развој УСАИД.
ЦЕФТА Неделата 2014 беше фокусирана на клучните приоритети на претседателството на Република Македонија со ЦЕФТА во 2014 година, прилагодени да ги опфатат четирите димензии на столбот за „Интегриран раст“ од Стратегијата на ЈИЕ 2020, со што се воспоставува врската помеѓу приоритетите на ЦЕФТА и приоритетите на ЈИЕ 2020.
Притоа, целта на столбот ,,Интегриран раст“ е да ја промовира регионалната трговија и инвестициите, нивната врска и политиките на недискриминаторска основа, транспарентноста, предвидувањата кои ќе го зајакнат протокот на стоки, инвестиции, услуги и луѓе во рамките на регионот. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Кузманоска: Домашните капитални инвестиции во 2026 година ќе бидат мотор за економскиот раст на земјата
Биљана Кузманоска, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, на денешната комисиска расправа за Предлог-буџетот за 2026 година порача дека Предлог-буџетот за 2026 година носи ред, мерливи резултати и стабилен економски раст, со силен фокус на инфраструктурата и инвестиции кои треба да отворат нови работни места.
,,Буџетот за 2026 година не е само финансиска рамка, тој е одраз на новиот начин на работа, на новата политика што ја ветивме, политика на одговорност, ред и чесност“, рече Кузманоска и додаде:
,,Воведуваме јасни прагови за реализација, и тоа не на хартија туку со мерливи рокови. До крајот на првиот квартал, 15% до вториот 40% до третиот 65% и најмалку 70% до 15 ноември“.
Кузманоска посочи дека фокусот на Предлог-буџетот за 2026 година е и инфраструктурата.
,,Фокусот е на инфраструктурата што ја поврзува Македонија. Патишта, железници, училишта, болници, локални проекти. Со овој буџет имаме реален раст и стабилност. Буџетот е поставен на реални и внимателни проекции. Раст на економијата од 3,8% проекти, инфлација стабилна на 2,5%, и дефицит кој е намален н 3,5% од БДП“, истакна Кузманоска.
Таа дополни дека во 2025 година Македонија имаше рекордни странски инвестиции, што според неа, покажува стабилност, а истакна и дека во 2026 година се очекува инвестициите заедно со домашните капитални вложувања да бидат мотор на економскиот раст и да отворат нови работни места.
,,Минатата година го достигна највисокото ниво на странски директни инвестиции во својата историја, над 1 милијарда евра. Тоа не се бројки, туку доказ дека инвеститорите гледаат стабилност, предвидливост и волја за работа. Во 2026 година, заедно со домашните капитални вложувања очекуваме инвестициите да бидат мотор што ќе го движи економскиот раст и ќе отвора многу нови работни места“, кажа Кузманоска.
Економија
Илиевска: Предлог-буџетот за 2026 година е развоен, стабилен и насочен кон подобрување на животниот стандард на граѓаните
На денешната комисиска расправа за Предлог-буџетот за 2026 година свое обраќање имаше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дијана Илиевска каде истакна дека Предлог-буџетот е развоен, стабилен и директно насочен кон подобрување на животниот стандард на граѓаните.
„Предлог-буџет за 2026 година со рекорден износ од 6,7 милијарди евра и она што е особено важно, а граѓаните треба да го знаат е дека во овој буџет се обезбедуваат повеќе средства за повисоки плати, пензии, за нови училишта, нови спортски сали, игралишта, нови градинки, нови болници, за нови патишта, за развивање на инфраструктурата, за развивање на дигитализацијата, и најважно од се за реализација на капитални инвестиции кои се особено важни, бидејќи тоа се зрели проекти кои се веќе и во реализација, конкретно оние проекти во општините кои токму државата ги финансира, а се однесуваат и се наменети за граѓаните“, вели Илиевска.
Илиевска дополни дека со буџетот се проектира раст на просечната нето-плата од 6,5%, зголемување на бројот на вработени за 1,6% и намалување на невработеноста на 10%. Проектираниот економски раст од 3,8%, според неа, е показател за стабилен и забрзан развој на економијата.
„Со овој Предлог-буџет се очекува просечната нето-плата да порасне на 6,5%, а бројот на вработени да се зголеми за 1,6% што невработеноста би се намалила на 10%. Проектираниот раст на економијата за 3,8% е многу важен и покажува дека се нуди континуиран раст и се дава сигнал дека економијата продолжува да се развива со забрзано темпо“, истакна Илиевска.
Илиевска посочи дека граѓаните ќе ги уживаат бенефитите со новиот буџет кој е конципиран во контекст на економскиот раст, финансиската стабилност и реализација на стратешки приоритети на Владата.
„Во буџетот за 2026 година се планирани 52,6 милијарди денари за плати, или зголемување од 3,6 милијарди денари, односно 7,5% во однос на ребалансот. Тоа значи повисоки плати за работниците, за наставниците и професорите, за здравствените работници, за полициските службеници, едноставно за сите луѓе коишто творат и создаваат во Македонија“, заклучи Илиевска.
Економија
Ангелова: Буџетот за 2026 обезбедува зголемени средства за социјална заштита, како и за раст и редовна исплата на пензиите
На денешната седница за Предлог-буџетот за 2026 година се обрати пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Емилија Ангелова, која се осврна на делот кој се однесува на социјалната заштита и поддршката на граѓаните, истакнувајќи дека цврсто стои зад буџетската рамка, затоа што обезбедува зголемени средства за социјална заштита и поддршка на ранливите категории.
„Предлог Буџетот за 2026 година обезбедува зголемени средства за социјална заштита, и поддршка на ранливите категории – децата, лицата со попреченост, самохраните родители, старите лица и сите кои се соочуваат со сиромаштија и социјална исклученост. Со Буџетот се обезбедува редовна исплата на платите и пензиите, како и континуирана социјална заштита. Средствата за социјална заштита се проектирани на 206,3 милијарди денари, што е раст од 6,7 проценти. Платите изнесуваат 52,6 милијарди денари, или 7 проценти повеќе во однос на оваа година, во кое е опфатено зголемување на платите со порастот на минималната плата“, вели Ангелова.
Пратеничката Ангелова посочи дека ќе продолжи растот на пензиите и во наредниот период но и дека ќе се продолжи со мерки кои обезбедуваат одговорно управување со јавните финансии, постепено намалување на расходите и одржливо ниво на буџетски дефицит и јавен долг како и засилена фискална дисциплина и транспарентност.
„Во пензискиот систем се вклучени сите зголемувања реализирани во износ од 5.000 денари во септември 2024 и март 2025 година, како и последното зголемување од 1.000 денари. Растот на пензиите ќе продолжи и во наредниот период, со цел поддршка на стандардот на пензионерите. Со овој Предлог – буџет за 2026 година ќе има засилена фискална дисциплина, поголема ефикасност во капиталните инвестиции, централизирана контрола и транспарентност, јасна процедура за субвенции и трансфери, подобра контрола врз општините, транспарентност во повратот на приходи, редовно известување и отчетност, правна сигурност и предвидливост и поголема одговорност на институциите“, рече Ангелова.

