Свет
Двајца милитанти на Ал Каеда убиени во Јемен
Едeн милитант е ранет во борбите кои се’ уште се водат, а двајцата се убиени, потврдил официјален извор од јеменската власт за Reuters
„Се верува дека овие елементи претставуваа закана за американската амбасада“, изјавил извор за агенцијата. Амбасадите на САД и Британија во Јемен втор ден се затворени, од безбедносни причини Според признанијата, Ал Каеда на Арабискиот полуостров, поточно нејзиниот огранок во Јемен е одговорен за обидот за урнување на американскиот авион над Детроит на Нигериецот, Умар Фарук Абдулмуталаб. Властите во Јемен, исто така, се соочуваат со бунт на шиитски муслимани во северниот дел од земјата и нестабилност на сепаратистичките на југ, рече дека тоа нема да се толерираат милитантните групи на нејзината територија.Западните сојузници се обидоа да ја поддржат јеменската влада поради стравот дека Ал Каеда може да се искористат на нестабилноста во државата да подготвува напади коишто ќе ги извршува низ светот.Јеменскиот министерот за надворешни работи, Абунакр ал Квири изјави дека во декември во земјата има стотици милитанти на Ал Каеда, од кои некои можат да бидат извршители на напади врз западни цели.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.
Свет
Зеленски: Русија ја нападна Украина со повеќе од 450 дронови и 45 ракети, повредени се и деца
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија ја нападнала Украина од полноќ со повеќе од 450 дронови и 45 различни видови ракети.
– Во тек е спасувачка операција во Дњепар. Русија ноќеска го гранатираше градот, погодена е станбена зграда. Досега е познато дека се повредени 11 лица, вклучувајќи деца. За жал, едно лице почина. За жал, едно лице почина и во регионот Харков, има жртви во регионот Киев и Полтава, информира Зеленски во објава на Фејсбук.
Според него, руските сили ги нападнале и регионите Дњепропетровск, Кировоград, Николаев, Суми и Чернихив.
– Целите на терористите се непроменети, обичниот живот, станбените згради, нашата енергија, инфраструктурата. Прашањето е во ресурсите за убивање, за парите – потребни се санкции за да се лиши Русија од можноста да ја продолжи војната што ја почна и што се влече. Ги цениме сите чекори што нашите партнери веќе ги презедоа, но руските напади покажуваат дека притисокот мора да биде посилен, нагласи Зеленски.
Свет
Жена во Хрватска го уби мажот со нож
Рано утрово во Селница Шќитарјевска во близина на Велика Горица, Хрватска, 40-годишна жена убила 52-годишен член на семејството, соопшти полицијата.
Според првичните информации, мажот најверојатно бил убиен со остар предмет. Како што неофицијално пренесе Индекс.хр, жртвата бил сопругот.
Осомничената е под надзор на полицијата, а на местото на настанот во тек е истрага која ќе ги утврди околностите за ова тешко кривично дело.

