Контакт

Свет

Над 100 кгр завршиле во маркетите во Шпанија

Објавено пред

Над 100 килограми кокаин сокриени во пакети со банани, наместо на наркопазарот, завршиле во повеќе маркети ширум ШпанијаСпоред полицијата, шверцерите направиле грешка и по некоја случајност пакетите со банани завршиле во супермаркетите во шпанските градови.

dobivaj vesti na viber

Над 100 килограми кокаин сокриени во пакети со банани, наместо на наркопазарот, завршиле во повеќе маркети ширум Шпанија

Според полицијата, шверцерите направиле грешка и по некоја случајност пакетите со банани завршиле во супермаркетите во шпанските градови.

Властите во Мадрид претпоставуваат дека пакетите требало да бидат подигнати од пристаништето Сагунто во Валенсија, но тоа не се случило.

Најголемата количина од оваа пратка или приближно 25 тони кокаин се пронајдени во еден од супермаркетите на познатиот синџир маркети на „Лидл“ во Мадрид.

Ова е втора по ред заплена на наркотици во последните две недели во шпанскиот главен град.

Пред неполни десет дена шпанските власти открија поголема количина на наркотици сокриени во палети со цвеќе во еден авион што пристигна од Колумбија./крај/мф/вм

Извор: AFP



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Противпожарно возило излета од патот поради скали, повредени осум пожарникари во Калифорнија

Објавено пред

Осум пожарникари се повредени во тешка сообраќајна несреќа на автопат во Јужна Калифорнија во која учествувало противпожарно возило, соопштија денеска властите.

dobivaj vesti na viber

Шефот на противпожарната служба на округот Оринџ, Брајан Фенеси, изјави дека противпожарното возило се превртело на државната рута 241 во Калифорнија, северно од Портола Хилс, пренесува АП.

Возилото превезувало тим кој се враќал во станицата по 12-часовниот пожар во округот Оринџ.

Фенеси соопшти дека несреќата ја предизвикала скала која била на патот и возилото извртело за да ја избегне скалата, а потоа удрило во заштитната ограда и се превртело.

Најмалку еден пожарникар е пренесен со хеликоптер во болница, додека останатите се пренесени со брза помош.

Прикажи повеќе...

Свет

Хирург за ранетите во Либан: Извршив повеќе операции на очите за една ноќ отколку во целата моја кариера

Објавено пред

Либански хирурзи сведочат за повредените кои ги лекувале два дена по експлозијата на пејџерите, и воки-токи и им нанеле бројни рани.

dobivaj vesti na viber

Хирургот Илиас Џараде изјавил дека лекувал жени и деца, но дека повеќето пациенти кои ги видел биле млади мажи, пишува Би-Би-Си.

Хирургот кажал дека повеќето од пациентите биле „тешко повредени“ во експлозијата на пејџери и дека многумина го изгубиле видот на двете очи.

Докторот Џараде вели дека ранетите на кои им помогнал биле „главно цивили“.

„И, да, многу е тешко. Мора да се оградите. Повеќе или помалку, ти си робот. Мора да се однесуваш така, но внатре си длабоко повреден. Гледаш повредена нација“, раскажува хирургот.

Хирурзите како него работеа речиси 24 часа на ден на ранетите, од кои многумина го изгубиле видот или рацете, изјави министерот за здравство на земјата за Би-Би-Си.

Специјалистот за очи, професорот Илиас Варак, изјави за Би-Би-Си на Арапски дека отстранил повеќе оштетени очи за една ноќ отколку што тоа го направил порано во својата кариера.

„Беше многу тешко. Повеќето од пациентите беа млади мажи на дваесеттите години и во некои случаи морав да им ги извадам двете очи. Во целиот мој живот, никогаш не сум видел сцени слични на оние што ги видов вчера“, рече тој.

Министерот за здравство Фирас Абијад изјави за Би-Би-Си дека повредите на жртвите ќе се покажат како промени во животот.

„Ова е нешто што, за жал, ќе бара многу рехабилитација“, рече тој.

Околу 3.200 луѓе беа повредени, од кои повеќето во нападот во вторникот во кој беа детонирани илјадници пејџери.

Прикажи повеќе...

Свет

Трамп: Ако победи Камала, Израел ќе престане да постои во рок од две години

Објавено пред

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека еврејските американски гласачи ќе бидат делумно виновни доколку тој ги загуби изборите на 5 ноември и ако победи актуелниот потпретседател и кандидат на демократите Камала Харис.

dobivaj vesti na viber

Во говорот на Националниот самит на израелско-американскиот совет во Вашингтон, поранешниот американски претседател се пожали дека заостанува зад Харис меѓу американските Евреи.

„Израел веројатно ќе престане да постои во рок од две години доколку Харис победи на изборите, а Евреите ќе бидат делумно виновни за тој исход, бидејќи тие имаат тенденција да гласаат за демократи“, тврди Трамп.

„Ако јас не победам на овие избори, а еврејскиот народ, ако тоа навистина се случи, ќе има многу врска со тоа бидејќи 40 отсто, мислам, 60 отсто од нив гласаат за непријателот – Израел, според мое мислење, ќе престане да постои во рок од две години“, им рече Трамп на толпата.

Трамп се осврна на анкетата која покажа дека Харис освоила 60 отсто од гласовите меѓу американските Евреи. Во исто време, тој изрази жалење што на изборите во 2016 година, на кои победи, и на изборите во 2020 година, на кои победи демократскиот претседател Џо Бајден, доби помалку од 30 отсто од гласовите на американските Евреи.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија55 минути

Започнува судењето за двојното убиство на Вања и Панче

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска започнува судењето за двојното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. Судечкиот...

Свет2 часа

(Видео) Напад со нож во Ротердам: Има мртви, напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

Најмалку едно лице загина, а две се тешко ранети во напад со нож што се случи синоќа во Ротердам. Како...

Свет2 часа

Водостојот на Дунав расте: во Будимпешта би можело да го достигне својот врв за време на викендот

Дунав, чијшто водостој моментално е над осум метри, би можел да го достигне својот врв во Будимпешта за време на...

Свет3 часа

Подморницата Титан се расипа само неколку дена пред фаталното нуркање

Подморницата која имплодираше при фаталното нуркање до потонатиот брод Титаник, при што загинаа сите петмина на бродот, се расипа неколку...

Свет3 часа

Нова студија ја потврди теоријата дека коронавирусот започна од кинески пазар

Нова студија за потеклото на Ковид понуди дополнителни докази за поддршка на теоријата дека вирусот првпат бил пренесен на луѓето...

Европа3 часа

Русија: Ќе ги браниме нашите интереси на Арктикот и во воена смисла

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју објавено денеска вети дека Москва ќе ги брани своите интереси на...

Свет3 часа

„Компонентите од пејџерите користени во експлозиите во Либан не се од Тајван“

Компонентите користени во илјадници пејџери детонирани во Либан во вторникот не се направени во Тајван, рече тајванскиот министер за економија...

Македонија16 часа

Очигледно раководството на Северна Македонија не сака да продолжи по патот на европската интеграција па ја обвинува Бугарија, вели Ковачев

Во Република Северна Македонија немаат желба за европска интеграција и бараат изговор зошто тоа не може да се случи. Вака...

Македонија17 часа

Мицкоски од Брисел: Бевме понижувани многупати, ние не можеме повеќе да прифаќаме ултиматуми

Денеска до сега, до овој момент имав две значајни средби. Првата беше работниот ручек кој што го организираше старо-новата претседателка...

Македонија18 часа

Од пазарот се повлекуваат бисквити поради можност од присуство на надворешно тело, соопшти АХВ

Од македонскиот пазар се повлекуват производите на „Атлантик Штарк“: Кексичи како перелив 220 гр. серија 1507482842 и Најлепше жеље кукис...

Македонија22 часа

Мажот од Кочани, кој почина од западнонилска треска, дал податок дека не патувал никаде

Мажот од Чешиново-Облешево, кој почина од западнонилска треска во Македонија, до Инситутот за јавно здравје (ИЈЗ) дал податок дека претходно...

Македонија23 часа

Маж од Кочанско почина на Инфективната клиника поради компликации од западнонилска треска

78-годишен маж од општината Чешиново-Облешево, Кочани, почина на 16 септември на Клиниката за инфективни болести поради компликации од вирусот на...

Македонија1 ден

Бугарија лута по изјавите на Александар Николоски: „Тој провоцира, ги известивме партнерите“

Лавина реакции во Бугарија предизвикаа изјавите на македонскиот вицепремиер и министер за транспорт Александар Николоски, кој ја нарече земјата „нецивилизиран...

Европа1 ден

„Путин знае дека НАТО е најсилниот воен сојуз во светот, затоа и не влегува во конфликт, алијансата нема да биде вовлечена во војна“

Генералниот секретар на НАТО во заминување Јенс Столтенберг ги отфрли како „лажни“ тврдењата дека одлуката на сојузниците да и дозволат...

Свет1 ден

(Видео) Неверојатна снимка токму во моментот на нападот: како изгледаше Бејрут кога се активирале пејџерите

Меѓународната новинска агенција Ројтерс снимаше директен пренос од панорамата на Бејрут, главниот град на Либан, кога точно во 15 часот...

Европа1 ден

(Видео) Поплави на северот на Италија: „Ситуацијата е многу драматична“

Домовите се евакуирани во северниот италијански регион Емилија-Ромања бидејќи бурата Борис, која од минатата недела однесе најмалку 24 животи во...

Свет1 ден

Јапонската компанија: Овие воки-токи не сме ги произведувале од 2014 година

Јапонскиот ИКОМ соопшти дека моделот на нивните воки-токи поврзани со експлозиите во Либан бил прекинат пред една деценија и дека...

Свет1 ден

Блискиот Исток се соочува со најголемата војна во последните 50 години, предупредува саудискиот амбасадор

Блискиот исток е најблиску до регионална војна во последните 50 години, предупреди саудискиот амбасадор во Велика Британија. Принцот Калид бин...

Свет1 ден

„Ирански хакери краделе информации за кампањата на Трамп и ги испраќале до луѓето на Бајден“

Ирански сајбер актери испратија е-пошта во текот на летото до луѓе вклучени во тогашната кампањата за реизбор на американскиот претседател...

Македонија2 дена

Од денеска нема да има загарантирани работни места на Албанците и другите немнозински заедници, честито Таравари, велат од Алијанса за Албанците

По предупредувањата на претставниците на моноетничката Влада, Мицкоски, Димитриевски, Таравари, денеска Уставниот суд направи голем чекор од проектот за деалбанизација...