Контакт

Свет

Според Бучковски, заклучоците на ревизорот се избрзани

Објавено пред

Премиерот го отфрла ревизорскиот извештај за незаконско работење во Министерството за одбрана

dobivaj vesti na viber

Премиерот го отфрла ревизорскиот извештај за незаконско работење во Министерството за одбрана

Премиерот вели дека извештајот не бил лажен, туку тенденциозни биле заклучоците на медиумите

БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ

Актуелниот премиер и ексминистер за одбрана, Владо Бучковски, го отфрли извештајот на државниот ревизор во кој беа наведени податоци за серија неправилности во Министерството за одбрана во последната година од неговиот мандат, а заклучоците во него ги оценува за избрзани.

"Државниот ревизор не упатува дека некој проневерил пари. Обвинувањата се претешки. Некој да обвините дека проневерил пари, тоа треба да го докажете. Од друга страна, може да се расправа дали процедурите се почитувани, а во краен случај, јас тврдам дека ниту еден денар не е ненаменски потрошен. Ние следиме како се одвиваат извештаите на државниот ревизор до оној момент кога ќе се во парламентарна процедура. Овој за 2004 година, не само за Министерството за одбрана, Министерството за надворешни работи, туку и за другите министерства ќе се најде пред пратениците. Потоа, согласно почитувањето на поделбата на власта, другите институции што сметаат дека има какво било основано сомневање дека некој ненаменски потрошил пари, тоа треба да се докаже. Во овој момент, според нашите укажувања и според она што го гледаме, нема такви злоупотреби", рече Бучковски.

Бучковски единствено се согласува со извештајот на ревизорот во делот  во кој се спомнуваат огромните трошоци за патувања исплатени на туристичката агенција "Орфеј". Тие 300 илјади евра исплатени на "Орфеј" во 2004 година, според премиерот, не ги потрошиле тој и неговите соработници, туку новинарите, па затоа тој најавува дека би можеле да се прифатат дел од препораките што се однесуваат за начинот на кој се покриваат трошоците на дел од новинарите за време на службените патувања. "Мора да се регулира тој однос и ние се обидуваме да го регулираме тоа", изјави Бучковски.

Преостанатиот дел од извештајот премиерот де факто го отфрла, оценувајќи дека "било работено врз основа на начелото за одговорност, дека процедурите се докрај почитувани и оти нема ненаменско трошење на парите". Бучковски вели дека и бојадисувањето на касарните би можело да се подведе под државна тајна, како што било правено во периодот на неговото министерување. "Оцените дека под превезот на државна тајна се правени реконструкции на некои апартмани, се паушални. Нема такви апартмани. Во конкретниот случај станува збор за една хотелска соба каде што живееше тогашниот началник на Генералштабот, генералот Бојаџиев. Дури ако вулгаризираме, бојадисување на некоја касарна не дава можност кој било да учествува во такво нешто. И ако се следат сите други стапки, да не говорам поединечно, ќе се види дека нема ненаменско трошење на парите", објаснува  премиерот.

Тој смета дека дел од заклучоците во извештајот на Државниот ревизор, кои, како што рече, и овој пат предизвикаа бурни реакции во јавноста, се избрзани, затоа што, според него, улогата на државниот ревизор не е да пресудува, туку да укажува и да дава препораки. "По дадените препораки за конкретната работа за Министерството за одбрана не се опфатени само 2004 и 2003 година, туку дел од препораките се однесуваат и на финансиското работење дури од 1992 година", вели Бучковски.

Според него, никој не може да тврди дека податоците се лажни, бидејќи, во краен случај, како што рече, ќе има расправа и во парламентот, кој го усвојува извештајот. "Можеме да спориме и затоа врз основа на препораките што ги дава државниот ревизор се преземени определени активности. Во Министерството за одбрана е останата само една нереализирана препорака, тоа е како ќе бидат регулирани односите помеѓу она што имавме како специјален статус на ‘Јасен’ и Министерството за одбрана. Сите други препораки се прифатени. Извештајот не е лажен, но тенденциозни се заклучоците што дел од медиумите ги изнесуваат. Во краен случај, јас прифаќам дека би требало да изградиме еден поинаков вид на култура и почитување на правото. Секој оној што се сомнева во спротивното, треба да го докаже и институциите кои се надлежни за тоа да ги расчистат сите овие случаи", рече Бучковски.

Државниот ревизор во извештајот за работата на Министерството за одбрана во 2004 година констатираше серија неправилности и незаконитости. Министерството ја избегнувало можноста да распишува јавни тендери, а со склучување договори во четири очи, на овој начин, на човек-фирми или на новоформирани фирми без бонитет им биле исплатени повеќе од 900 илјади евра. Исто така, исплатени се преку 50 милиони денари за договори за дело, издавани се објекти на МО за многу ниски цени, исплатени се речиси 35 милиони денари отштета за физичко лице, по основ на штета настаната од гранатирање на бачило во 2001 година, итн.

Ревизорот, сомневајќи се дека во случајот би можело да има елементи на кривична одговорност, извештајот го испрати и до Јавното обвинителство и до Антикорупциската комисија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

(Видео) Приватен авион се урна во Северна Каролина, повеќе загинати

Објавено пред

Повеќе луѓе загинаа откако приватен авион Цесна С550 поврзан со возачот на НАСКАР, Грег Бифл, се урна во близина на пистата во Северна Каролина и се запали, објави „Дејли меил“.

dobivaj vesti na viber

Несреќата се случила околу 10:15 часот по локално време кога авионот се урна во близина на пистата на регионалниот аеродром Стејтсвил. Снимките од местото на настанот покажаа густ црн чад како се издига од остатоците од авионот, кој беше целосно зафатен од пламен.

Канцеларијата на шерифот на округот Иредел потврди дека повеќе лица загинале во несреќата, но не даде точен број. Тие рекоа дека повеќе информации за жртвите ќе објави полицијата на Северна Каролина. Сè уште не е познато колку луѓе биле во авионот, кој вообичаено има капацитет од осум до десет патници.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Хаос и туркање во албанскиот парламент: драматични сцени во Тирана

Објавено пред

Во албанскиот парламент денес избувна хаос кога пратениците од опозицијата запалија факели и фрлаа вода за време на седницата, а сето тоа поради спор околу корупцијата во владата, објави  The Telegraph.

dobivaj vesti na viber

Драматични сцени од Тирана покажуваат како чад се шири низ салата додека пратениците се туркаат, а безбедносните сили се обидуваат да воспостават ред. Инцидентот е кулминација на неколкунеделните тензии во кои опозицијата ја обвини владата дека ги игнорира барањата за истрага за корупциските скандали што ја потресоа земјата.

Корупцијата е клучно политичко и социјално прашање во Албанија со години, а меѓународните институции и организации редовно предупредуваат за проблеми во судството, јавната администрација и системот за јавни набавки. И покрај реформите што официјално се започнати, особено во судството со поддршка на Европската Унија и САД, перцепцијата за широко распространета корупција останува силна кај јавноста.

Случаите во кои се вклучени високи државни функционери, градоначалници и луѓе блиски до владејачките структури привлекоа особено внимание, дополнително поткопувајќи ја довербата на граѓаните во институциите и политичкиот систем.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Украинските дронови уништија „неуништливи“ руски С-400

Објавено пред

Украинските оператори на беспилотни летала уништија два руски ракетни системи С-400 Триумф заедно со нивната муниција во рускиот регион Белгород, потврди украинскиот Генералштаб. Нападот, кој се случи на 14 декември, го изврши 15-та одделна артилериска извидничка бригада, а целата операција беше снимена, објави „Евромајдан прес“.

dobivaj vesti na viber

Ваквите напади се дел од пошироката украинска стратегија за ослабување на руската воздушна одбрана, како на руска територија, така и на окупираните територии. Системот С-400 Триумф, модернизиран наследник на советскиот С-300, е клучна компонента на слоевитата мрежа за воздушна одбрана на Русија. Русија повремено го користи и за напад на копнени цели, насочувајќи се кон украински градови. Затоа, уништувањето на овие системи се смета за голем губиток за руските сили.

Според извештајот на порталот Militarnyi, лансирните системи С-400 биле уништени додека биле во движење. Објавените снимки прикажуваат руски возила за противвоздушна одбрана како се движат по земјен пат, веројатно за време на промена на борбената позиција.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет11 часа

„Драги нелегални имигранти, вратете се дома за празниците!“, порача американско министерство

Министерството за внатрешна безбедност на САД објави графика слична на божиќна честитка на X, повикувајќи на депортација на луѓе кои...

Македонија11 часа

Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта

СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската...

Европа11 часа

(Видео) Зеленски: Искористете ги руските средства за одбрана, не плашете се од закани

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, по денешната прес-конференција во Брисел, се огласи на социјалните мрежи за дополнително да го разјасни својот...

Свет12 часа

(Видео) Собрани над 2,5 милиони долари за херојот што го спречи напаѓачот од Сиднеј

Ахмед ал-Ахмед, 43-годишен продавач на овошје од сириско потекло, стана национален херој по неговата храбра интервенција за време на масакрот...

Македонија13 часа

МОН: Младите во Македонија ја менуваат перцепцијата за тутунот, неговата употреба се намалува, но се зголемува на електронските цигари

„Во образовниот систем во Македонија одамна е поставен механизам за превенција од употреба на психоактивни супстанци, но тој мора да...

Македонија13 часа

(Фото) Сиљановска-Давкова ја посети шивалната во КПД Идризово: Секој заслужува втора животна шанса – работењето е клучно за ресоцијализација на осуденичките

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја посети шивачката работилница, којашто функционира во рамките на женското одделение во КПУ-КПД Идризово, Скопје, каде оствари...

Македонија13 часа

Недостасуваат 204 судии, Филков најави кадровско зајакнување во 2026 година

Во присуство на претставници на Делегацијата на Европската Унија, на амбасадите во земјава, судии, јавни обвинители, адвокати, Советот на ИКТ,...

Македонија17 часа

(Видео) Петрушевски: Обвинителството треба да истражи каде завршиле речиси 1 милион евра од „Државната лотарија“

Криминалите во Лотарија под раководство на Бајрами и неговиот гуру Груби, а дозволено од страна на СДС се потврди и...

Македонија17 часа

(Видео) Филипче во Брисел ќе бара поддршка за одбрана на демократијата во Македонија

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, најави дека во Брисел ќе бара поддршка за одбрана на демократијата во Македонија по изгласаната...

Македонија18 часа

Скопје меѓу најзагадените градови во светот, не сакаме огномет за Нова година: „Зелен хуман град“ со апел до скопските градоначалници

Активисти на граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ со апел до сите скопски градоначалници да се откажат од огномет за Нова...

Македонија18 часа

Обвинение за директорот на „Комунална хигиена“ – Скопје поради преполните контејнери во главниот град

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против две лица, кои се товарат дека како соизвршители...

Македонија19 часа

Поднесено обвинение за упадот во просториите на редакцијата на „Инфомакс“

Јавен обвинител ја заврши постапката за прибирање докази и до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинение против едно лице за...

Македонија19 часа

Грција со реакција на изјавата на Мицкоски: Името Северна Македонија е дел од Уставот

Грчкото Министерство за надворешни работи повтори дека Преспанскиот договор, со кој се реши деценискиот спор за името меѓу Атина и...

Регион20 часа

Фон дер Лајен: Импресивен напредок на Албанија и Црна Гора, проширувањето на ЕУ, првпат по повеќе од десет години, стана реална можност

Потпретседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, синоќа во Брисел изјави дека Албанија и Црна Гора постигнале импресивен напредок...

Свет20 часа

Трамп го критикува Бајден: Тој го остави хаосот, јас ја извлеков Америка од работ на пропаст

Во своето обраќање до нацијата во среда вечерта, американскиот претседател Доналд Трамп го критикуваше поранешниот американски претседател Џозеф Бајден за...

Свет21 час

Минск е можно место за нова средба меѓу Путин и Трамп

Можна нова средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп би можела да се одржи во Белорусија,...

Регион21 час

Шефот на Европскиот совет: Западен Балкан избира да остане во минатото или европска иднина

Западен Балкан може да избере да остане заробен во минатото или да продолжи кон заедничка иднина во Европската Унија, изјави...

Македонија1 ден

Арсовска не знаела дека треба да поднесе имотна состојба по престанокот на мандатот, ја обвини ДКСК за јавен линч

Поранешната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, не знаела дека треба да поднесе имотна состојба по престанок на нејзиниот мандат...

Македонија1 ден

Мицкоски: Поради вештачки причини ние сè уште не можеме да бидеме дел од европското семејство

Поради вештачки причини ние сè уште не можеме да бидеме дел од европското семејство, изјави премиерот, Христијан Мицкоски во Брисел....

Македонија2 дена

(Видео) Кузеска: Фирма со тројца вработени добила 1,2 милион евра за два месеца

„Им благодариме на сите граѓани кои се приклучија и доставија информации и докуметни на нашата дигитална платформа за борба против...