Контакт

Македонија

Викендов сончево со мала облачност

Објавено пред

Денеска и во наредните денови од претстојниот викенд, според најавите на синоптичарите, не очекува сончево време со умерена облачност, со ниски утрински температури.

dobivaj vesti na viber

Денеска и во наредните денови од претстојниот викенд, според најавите на синоптичарите, не очекува сончево време со умерена облачност, со ниски утрински температури. Денеска петок, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринските температури ќе се движат од 5 до 15 степени, а максималната дневна температура ќе достигне до 20, односно до 29 степени Целзиусови. Во сабота времето ќе биде сончево со мала облачност. Односно минималните утрински ќе се движат од 5 до 13 степени, а максималните дневни во интервалот од 20 до 26 степени Целзиусови. Во недела  температурите ќе бидат малку поголеми, односно утринските ќе се движат меѓу 6 и 14 степени, а дневните во распонот од 21 до 27 степени Целзиусови. Според прогнозата, не се очекуваат врнежи во двата дена од викендот. Во понеделник на 3-ти октомври нé очекува разведрување, односно сончево време, а се прогнозираат температури од 4 до 12 степени наутро, кои во текот на денот ќе достигнат меѓу 21 и 28-от степен./ухмр/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Времен режим на сообраќајот кај Градска Болница поради снимање на филмот „Збогум Копакабано“

Објавено пред

Од

Времен режим на сообраќајот ќе биде воведен утре, 31 јули, кај Градска Болница поради снимање на филмот „Збогум Копакабано“ на режисерот Милчо Манчевски.

dobivaj vesti na viber

„За потребите на снимањето на филмот „Збогум Копакабано“ во режија на Милчо Манчевски, во продукција на „Банана филм“ и во соработка со МВР и ЈП Улици и патишта, известуваме за времен режим на сообраќајот на булевар 11 Октомври во Скопје, поточно од раскрсницата кај Црвен Крст до раскрсницата кај Градска болница“, велат од ПР тимот.

Времениот режим е предвиден за ден 31.07.2025 (четврток) во времетраење од 22 часот до 4 часот во раните утрински часови.

Прикажи повеќе...

Македонија

Водата нема сериозно да поскапи ако конечната цена ја одредува Регулаторна, уверува Бислимоски

Објавено пред

Сегашниот сложен процес за одредување на цената на водата ќе се смени и одлуката за конечната цена на водата ќе ја носи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Водоводните претпријатија се согласни на оваа измена и заедно со Регулаторната комисија подготвуваат измена на законските решенија.

dobivaj vesti na viber

„Сега има еден посложен процес за определување на цените на водните услуги. РКЕ носи една одлука со која се определува минимална и максимална цена за секоја соодветна услуга која што ја даваат водоводните претпријатија и понатака врз основа на нашата одлука Управниот одбор на претпријатието во рамките на овој опсег од минимум и максимум носи одлука за цена која што потоа се доставува на одобрување во советот на соодветната општина. Очигледно е дека тоа е еден посложен процес бидејќи има политички влијанија и не секогаш се носат одлуки кои се во интерес на водоводните претпријатија,  но и во интерес на потрошувачите. Ние во изминатиот период во соработка со водовоните претпријатија во државата кои што имаат свое здружение, ‘АДКОМ’ се усогласивме и работиме на доставување на заеднички предлог – измени и дополнувања на најверојатно два закона со кои што ќе се овозможи РКЕ да ја определува крајната цена за секоја водна услуга“, рече претседателот на Регулаторната комисија, Марко Бислимоски.

РКЕ ќе ја носи одлуката за крајната цена на водата на ист начин како што тоа го прави за струјата, за парното и за природниот гас. Со планираните измени, одлуката на за цената на водата од РКЕ ќе биде задолжителна за комуналните претпријатија.

Бислимоски очекува со измените претпријатијата да ги намалат трошоците, а да ги зголемат инвестициите во мрежата кои пак ќе придонесат за намалување на загубите на вода.

„Имајќи предвид дека сите наши методологии се поттикнувачки и даваат сигнал до претпријатијата, без разлика од која дејност се, да ги намалуваат своите трошоци, веруваме дека ќе обезбедиме повеќе инвестиции во водоводната инфраструктура во државата. Сега имаме една исклучително лоша ситуација во државата. На државно ниво загубите на вода ни се 64%. Веруваме дека со овој нов концепт  ќе се придонесе за инвестиции во оваа инфраструктура која е стара 50, 60 , некаде и 70 години. Со тоа ќе се овозможи намалување на загубите кои ги има на вода, но исто така ќе се намали и процентот на ненаплатена вода. На тој начин, а тоа е во интерес и на потрошувачите, ќе имаат стабилно и сигурно снабдување со вода, но заради намалување на загубите, тоа нема да има драстично односно нема да има никакви сериозни зголемувања на цените за водните услуги бидејќи ќе се зголеми процентот на неоприходувана вода, тоа е нешто што досега го немаат како приход овие претпријатија и ќе се намалат загубите на вода. Значи трошокот за загуби ако се намали тоа значи дека тие пари може да се користат понатака за нови инвестиции без да има никакви сериозни промени на цените за водните услуги“, рече Бислимоски.

Во Скопје, изминативе години загубите на вода достигнаа и 40 отсто.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Јанковиќ: Власта нема пари за младите спортисти, а има за ПР агенции, Борко Ристовски да поднесе оставка

Објавено пред

Од

Срамната и понижувачка Младинска олимпијада со која Борко Ристовски ја изрезили државата пред целиот свет ја покажа целосната неговата неспособност, изјави Јовица Јанковиќ од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Според него, владата немала пари за младите на олимпијада ама имала за ПР агенции на власта.

„Ниту основни услови за младите спортисти актуелната власта не успеа да обезбеди со катастрофалната организација. Најгордата влада немаше пари за соодветно сместување со клима уреди, немаше за соодветна храна и доволно вода, немаше пари за соодветен превоз. Но коге е ПР во прашање мора да има пари, за фирмите кои се блиски до ВМРО-ДПМНЕ. Сопственикот на агенцијата ИДЕА Лаб, и дел од вработените, го добиле бизнисот за ПР за олимпијадата во различни сегменти, меѓу кои маркетинг и менаџмент на социјалните медиуми. Како е можно да има пари за ПР и маркетинг а да нема за основни услови на блам олимпијадата? Можно е. Сопственикот на ИДЕА Лаб, Димитар Атанасовски, е близок до власта. На неговиот профилот може да се видат тон слики со Борко Ристовски, Игор Јанушев, Орце Ѓорѓиевски, Владимир Нелоски и други високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Јанковиќ.

Тој праша дали близината со Борко Ристовски или шефот на кабинет на Мицкоски била пресудна за токму оваа фирма да биде ангажирана?

„Но не е само младинската олимпијада. Во изминатиот период оваа агенција добива пари и од многу државни институции и општини раководени од ВМРО-ДПМНЕ но и нивните коалициски партнери. Околу 50 илјади евра, пари на граѓаните, редовно се слеваат во оваа агенција. На пример, од Минстерството за образование добиле 8.000 евра, од Министерството за односи со заедниците над 24.000 евра, од Министерството за локална самоуправа 16.000 евра итн. Јака идеја е да се земаат пари од народот“, рече Јанковиќ.

Тој побара сите договори јавно да бидат објавени, а Борко Ристовски да поднесе оставка.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 минути

Водата нема сериозно да поскапи ако конечната цена ја одредува Регулаторна, уверува Бислимоски

Сегашниот сложен процес за одредување на цената на водата ќе се смени и одлуката за конечната цена на водата ќе...

Македонија10 минути

(Видео) Јанковиќ: Власта нема пари за младите спортисти, а има за ПР агенции, Борко Ристовски да поднесе оставка

Срамната и понижувачка Младинска олимпијада со која Борко Ристовски ја изрезили државата пред целиот свет ја покажа целосната неговата неспособност,...

Свет2 часа

Земјотресoт на Камчатка силен како 15.800 атомски бомби фрлени врз Хирошима

Земјотрес со јачина од 8,8 степени, како оној на Камчатка, ослободува огромна количина енергија. За споредба, атомската бомба фрлена врз...

Македонија2 часа

Пожарот во Прилепско отежнат поради детонации – сè уште активни три пожари во земјата

На територијата на Република Северна Македонија во изминатото деноноќие биле регистрирани вкупно 28 пожари на отворен простор, од кои три...

Топ2 часа

Уапсен маж од Скопско, бил затекнат како пали оган во близина на автопатот Скопје – Тетово

Педесет и деветгодишен маж е уапсен рано утрово поради предизвикување пожар во близина на автопатот Скопје – Тетово. Според информациите...

Македонија3 часа

ВМРО-ДПМНЕ по интерпелацијата на Коцевски: На Македонија ѝ треба обвинителство отпорно на политичко влијание

Социјалдемократскот сојуз и ДУИ, вчера здружно застанаа на браникот да го спасат Љупчо Коцевски, на кого веќе му е изгласана...

Свет3 часа

(Видео) Земјотрес од 8,8 степени за време на операција, докторите останаа смирени

Силниот земјотрес со магнитуда од 8,8 степени го погоди полуостровот Камчатка на далечниот исток на Русија предизвикувајќи цунами високо до...

Свет5 часа

(Видео) Брановите удрија во брегот – први снимки од цунами по разорниот земјотрес во Русија

Првиот бран цунами ја погоди крајбрежната зона на Севернокурилскиот Регион откога Камчатка беше погодена од разорен земјотрес со магнитуда од...

Свет6 часа

(Видео) Силен земјотрес од 8,8 степени во Русија предизвика цунами, Јапонија и Хаваи наредија евакуација

Силен земјотрес со интензитет од 8,8 степени што го погоди рускиот Далечен Исток предизвика цунами, а Јапонија и Хаваи наредија...

Македонија15 часа

(Видео) Драчево бара лежечки полицајци на „Јустинијан Први“: Не утре, туку сега, пред да има мртви

„Колку животи треба да се изгубат на улица „Јустинијан Први“ за конечно да се преземе нешто? Денеска повторно автомобил излета...

Македонија16 часа

Три активни пожари во државата, чешкиот „Блек Хок“ слета во Скопје, утре ќе гаси на Готен

На територијата на државата има вкупно 20 пожари на отворен простор, информираат од ЦУК за состојбата до 18:30 часот. Според...

Свет18 часа

„Дедо, работи прво на Америка “: Медведев по ултиматумот на Трамп

Откако поранешниот претседател на Русија, Дмитриј Медведев изјави дека Доналд Трамп не може да му поставува ултиматуми на Владимир Путин,...

Македонија21 час

Со 71 глас „за“, изгласана интерпелација на државниот обвинител Љупчо Коцевски

Собранието денес ја изгласа интерпелацијата на државниот обвинител Љупчо Коцевски, поднесена од партијата „Левица“. Со 71 глас „за“, без воздржани...

Македонија22 часа

(Видео) Митрески: СДСМ нема да учествува во гласањето за интерпелацијата на обвинителот Коцевски

Интерпелацијата за јавниот обвинител, Љупчо Коцевски, нема правни последици и СДСМ нема да учествува во гласањето, одлуката е на обвинителот,...

Македонија24 часа

Кривична пријава за градоначалникот на Кичево – дозволил дива депонија во населена зона во градот

Полицијата поднесе кривична пријава против градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „несовесно...

Македонија1 ден

(Видео) Лефков: Шоферот на Заев уапсен за подметнување пожар во Струмица

Во изминатиов период кажувавме дека голем дел од пожарите низ државата се подметнуваат од структури блиски до СДС, а денес...

Македонија1 ден

Мицкоски: Проектот за студентските домови, конечно, излезе од лавиринтите на бирократијата

Премиерот Христијан Мицкоски денеска при посетата на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ во Скопје изјави дека рехабилитацијата на студентските...

Македонија1 ден

Гори во Радовиш, Берово, Прилеп – активни седум пожари, три под контрола

Во текот на измнинатото деноноќие на територијата на државата евидентирани се вкупно 27 пожари на отворен простор. Од нив, седум...

Македонија1 ден

Кривична против директорка во Виница, си ја вработила ќерката во истото училиште иако немала соодветно образование

Полицијата поднесе кривична пријава против Г. С. (45) од Виница, директорка во основно училиште во овој град, поради несовесно работење...

Македонија1 ден

Поништена јавната набавка за 120 електрични eкоавтобуси, се пријавила една фирма што не исполнувала услови

Министерството за транспорт ја поништи јавната набавка за избор на понудувач за набавка на 120 електрични еколошки автобуси за јавен...