Македонија
Папандреу пред Клинтон – Името предуслов за интеграција
Грција пред САД соопшти дека решавањето на прашањето за името е предуслов за Македонија на патот кон пристапување во Европската унија.Грчкиот премиер Јорго Папандреу оваа „апсолутно јасна“ порака и ја соопштил на американската државна секретарка Хилари Клинтон.
Грција пред САД соопшти дека решавањето на прашањето за името е предуслов за Македонија на патот кон пристапување во Европската унија.Грчкиот премиер и министер за надворешни работи Јорго Папандреу оваа „апсолутно јасна“ порака и ја соопштил на американската државна секретарка Хилари Клинтон на вчерашната неформална средба во Берлин, пренесува агенцијата Ана-Мпа.Папандреу уште истакнал дека решението за името треба да биде согласно „националните црвени линии“ на Грција, односно сложено име со географска одредница за сите употреби, без исклучок.На средбата, што се одржала на грчка иницијатива, Папандреу се осврнал и на состанокот со македонскиот премиер Никола Груевски, неодамна во Брисел./крај/с/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Дел од општина Зелениково без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваaт дека без електрична енергија ќе останат
– во периодот од 10.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од с.Пакошево, кон Ново Село (општина Зелениково)
Македонија
Во ек на сезона на пневмонии и грипови, нема рентген на државно – матичен лекар ја критикува состојбата на клиниките
Матичен лекар укажа на проблеми со упатите на клиниките во Скопје, додека амбулантите се преполни со пациенти болни од грип.
Д-р Драган Ѓоргиевски вели дека кога пациентот е со влошена клиничка слика потребен е ртг наод, но на клиниките апаратите за рентген не им работат, или пак ги блокирале итните упати поради гужвите.
„Почнувам со најблиската поликлиника: Јане Сандански (ртг апаратот не работел), Клиника за радиологија ги блокирала итните упати, инаку пнеумонии и плеврални изливи се итни состојби. ГОБ 8.Септември исто. Ги проверив сите поликлиники: Букурешт, Чаир, Бит Пазар, и итен упат не дозволува. Единствено даде во Ѓорче Петров и гледај чудо таму не работеле со итни упати имале гужва. Епа и матичните имаат гужва. Јас денес 90 луѓе во една смена прегледав и никој не ме прашал дали сум имал гужва. Епа нека ми објасни некој каде во Скопје на државно да се направи ртг наод“, прашува докторот во објава на социјалните мрежи.
Како што додава, во сезона на грип и пневмонии не е коректно сите поликлиники да бидат блокирани. Ни останува, вели тој, сите со наоди да ги пратиме на Инфективна, додека и тие не ги блокираат упатите.
Македонија
Груби доби отказ од тетовскиот универзитет кадешто предаваше новинарство
Поранешниот вицепремиер, Артан Груби доби отказ од тетовскиот универзитет поради тоа што не се појавил на работа.
Груби на универзитетот беше вработен како асистент по новинарство.
Функционерот од редовите на ДУИ се бара со меѓународна потерница поради сомнеж за криминал во „Државна лотарија“, а се наоѓа и на црната листа на САД поради вклученост во корупција. Тој не е достапен за органите на прогонот.