Контакт

Вести

Путин: Су-24 е урнат на километар од територијата на Турција, неизвесни односите Москва – Анкара

Објавено пред

Рускиот авион е соборен над територијата на Сирија од турски авион, изјави рускиот претседател Владимир Путин, додека Кремљ соопшти дека во моментов е неблагодарно да се зборува за последиците што турското соборување на рускиот борбен авион  ќе ги има врз руско-турските односи.

dobivaj vesti na viber

„Нашиот авион бил соборен над територијата Сирија со ракета ‘воздух-воздух’ од турски авион ‘F-16’. Паднал на територијата на Сирија на 4 километри од границата со Турција. Додека бил во воздухот, кога бил извршен нападот бил на височина од 6.000 метри на оддалеченост од еден километар од турската територија. Во секој случај, нашите пилоти и нашиот авион со ништо не ја загрозувале Република Турција“, изјави Путин.

Рускиот челник, исто така, истакна дека инцидентот е резултат на незадоволството од руските удари врз „соучесниците на терористите“ и оти ги надминува рамките на „борбата против тероризмот“. Како што изјави Русија одамна имала регистрирано и документирано набавки на нафта за Турција од Сирија, од областите коишто ги контролираат терористите.

„Денешниот инцидент е поврзана со ударите што им ги нанесовме на соучесниците на тероризмот…. Поинаку не можам да го квалификува, она што се случи денеска..“, рече Путин во текот на средбата со јорданскиот крал Абдула Втори.

„Тоа се случи, и покрај тоа што ние со американските партнери потпишавме договор за спречување на инцидентите во воздухот, Турција, како што е познато, е меѓу оние коишто велат, наводно, дека учествуваат во борбата против тероризмот, како дел од коалицијата предводена од САД“, рече рускиот претседател.

Од Кремљ, пак, соопштија дека сметаат дека во овој момент не е благодарно да се зборува за тоа какви ќе бидат последиците за руско-турските односи од инцидентот со рускиот „Су-24“.

„Нема да биде во ред сега да се даваат какви и да се оцени и претпоставки, како и да се извлекуваат заклучоци, пред да ја имаме целата слика“, изјави за медиумите портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, одговарајќи на прашање на новинарите за перспективата на руско-турските односи по инцидентот.

„Сега е неопходно да се биде стрплив, станува збор за сериозен инцидент, но ќе повторам, во моментов нема целосни информации“, истакна портпаролот на Кремљ.

Во Кремљ, исто така, не знаеле дали ќе биде откажана посетата на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, на Турција која е закажана за среда./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

(Видео) „Децата биле брутално убиени со голи раце“: Израел го обвини Хамас за убиство на двете киднапирани момчиња

Ариел и Кфир Бибас, две израелски момчиња киднапирани од Хамас за време на терористички напад на 7 октомври 2023 година,...

Свет2 часа

Трамп: Зеленски не е доволно важен за да биде на преговорите

Американскиот претседател ја продолжи вербалната војна против својот украински колега. Овој пат Доналд Трамп изјави дека Зеленски не е доволно...

Македонија5 часа

Нема потреба од промена на химната, симболите треба да обединуваат, а не да разединуваат, порача Сиљановска-Давкова

Нема потреба од промена на химната, одговори денеска претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, која појасни дека треба да се биде...

Македонија5 часа

Вработените во Филхармонијата со порака до Љутков: „Нема да дозволиме институцијата да биде жртва на бесрамни политички договори

Вработените во Македонската филхармонија денеска на протест преку кој упатија јавен апел до министерот за култура и туризам, Зоран Љутков...

Македонија7 часа

Полициски возила ќе ги снимаат погрешно паркираните за автоматско казнување

Покрај камерите на улиците во рамките на „Безбеден град“, кои ќе ги ловат прекршоците во сообраќајот, полицајци со возило опремено...

Свет8 часа

„Ројтерс“: Американците и Русите се состанувале во Швајцарија со месеци на разговори за Украина

Претставници на САД и Русија се состанале во Швајцарија на неформални разговори за војната во Украина во последните месеци, од...

Македонија10 часа

Левицата на средба со рускиот амбасадор: „Односите ни се на минимум поради водење политика за туѓи интереси“

Во репрезентативната „Струшка сала“ на Собранието, пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Реџеп Исмаил – Хактан, вчера, остварија средба со...

Македонија11 часа

Мицкоски од Вашингтон: Прво, завршени преговори, па уставни измени, претрпевме многу понижувања

Ние како нација направивме сè што можевме, претрпевме многу понижувања и прифативме многу лоши договори поради нашата европска перспектива и...

Свет11 часа

Шефот на диломатијата на Трамп: Нема средба меѓу Путин и Трамп без напредок за крај на војната

Можниот состанок меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин во голема мера ќе зависи од тоа дали...

Македонија12 часа

Меџити најавува масовни вработувања во администрацијата: Ќе создадеме илјадници работни места за Албанците

Првиот вицепремиер и претседател на Демократското движење, Изет Меџити, ветува дека Албанците ќе се вработуваат во државната и јавната администрација....

Свет12 часа

Tрамп му понуди на Зеленски нов договор за минералите

Администрацијата на Трамп и понуди на Украина подобрена верзија од нацрт-договорот за минералите, откако претседателот Володимир Зеленски го налути американскиот...

Свет13 часа

Шефот на републиканците во Конгресот: Немаме апетит за финансирање на Украина

Претседателот на Претставничкиот дом на САД, Мајк Џонсон, синоќа изјави дека „САД немаат апетит“ за нов закон за финансирање на...

Свет13 часа

Израел: Телото што ни го врати Хамас не е на мајката на двете момчиња

Едно од четирите тела што вчера беа вратени од Газа во Израел не е на заложничкта Шири Бибас, како што...

Свет13 часа

Кина го поддржа Трамп во преговорите со Русија за постигнување мир во Украина

Синоќа, на состанокот на Г-20 во Јужна Африка, Кина ги поддржа напорите на американскиот претседател Доналд Трамп да постигне договор...

Свет13 часа

(Видео) Три празни автобуси експлодираа во Израел: „Ова требаше да биде стратешки терористички напад“

Израелската полиција истражува повеќе експлозии во кои учествувале три автобуси во Бат Јам, град јужно од Тел Авив, во, како...

Македонија1 ден

За 10.000 се намалил бројот на баратели на земјоделски субвенции од 2018 досега: враќање на земјоделските задруги за поефикасно субвенционирање

Со нов начин на субвенционирање Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство ќе ја укинува праксата парите од субвенциите да се...

Македонија1 ден

Жерновски отповикан од функцијата амбасадор во Романија: дознал од „Службен весник“

Македонскиот амбасадор во Романија, Андреј Жерновски, е отповикан од должноста, а за одлуката, како што напиша на социјалните мрежи, дознал...

Економија1 ден

Повисока за 521 денар: минималната синдикална кошничка за февруари изнесува 63.773 денари

Минималната синдикална кошница за февруари изнесува 63.773 денари и е 521 денари повисока отколку во јануари годинава кога беше 63.252...

Македонија1 ден

„Вреди“: М-НАВ е најјасниот пример за тоа како ДУИ ги „заштитила“ Албанците

ДУИ од црната листа нема никаква врска со интересите на Албанците, тие ги користат како штит за да го сокријат...

Македонија1 ден

ЗОО Скопје за последните случувања: Зоонегувателите професионално си ја вршат работата, да престанат дезинформациите и невистините

Зоолошката градина – Скопје моментно е дом на 646 животни од 91 вид за кои се грижат зоонегуватели што професионално...