Македонија
Отворен “центар за истражување на тутунот“
Снаодливата Кери Фентон, сопственичка на паб, отворила “центар за истражување на тутунот“, каде пушачите можат да запалат цигара во име на науката
Бидејќи од 2007 година во Велика Британија на сила е забраната а пушење на јавни места, вклучувајќи ги рестораните и баровите, снаодливата Кери Фентон, сопственичка на паб, пронашла “дупка“ во законот, отворајќи “центар за истражување на тутунот“, каде пушачите можат да запалат цигара во име на науката.
Гостите на пабот прво мора да исполнат прашалник за своите навики за консумирање на тутунот, а потоа можат да уживаат во цигарите во просторијата посебно наменета за тоа, што, според зборовите на сопственичката, е комплетно легално.
“Центарот за истражување“ на Кери Фентон е отворен од пред неколку денови и, секако, преполн е со гости желни за никотинското уживање.
“Се надевам дека истражувачите ќе ги искористат нашите прашалници за да ги проучат ефектите на законот против пушењето. Јас сум непушач, но ја почитувам слободата на избор“, вели Фентон.
Британското министерство за внатрешни работи најави дека ќе ја испита законитоста на оваа идеја што би можеле да ја искористат и сопствениците на другите пабови.
Според податоците на здружението на британските пабови, барови поради новиот закон останале без голем број гости, а околу две илјади се затворени минатата година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Проштална средба на Гаши со американската амбасадорка Агелер
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Ангела Агелер.
На средбата, претседателот Гаши изрази благодарност за нејзината лична посветеност, професионален пристап и поддршка на демократските процеси во државата. Посебно беше нагласена нејзината улога во јакнењето на институционалната соработка, градењето доверба и унапредувањето на дијалогот со Собранието.
Претседателот Гаши упати благодарност и до Амбасадата на САД за континуираната и силна поддршка на Република Северна Македонија во зајакнувањето на демократските институции, владеењето на правото, стабилноста и евроатлантската ориентација на земјата. Во тој контекст, беше нагласена и благодарноста до Соединетите Американски Држави како стратешки партнер и сојузник.
Претседателот Гаши нагласи дека придонесот на амбасадорката Агелер и на САД оставил видлива и позитивна трага во развојот на демократските и современите процеси во државата. Тој, исто така, изрази уверување дека пријателските односи и соработката ќе продолжат и во иднина.
Македонија
Утре без вода дел од Центар
Утре без вода ќе останат дел од корисниците од Општина Центар.
„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) поради поврзување на водоводна и хидрантска мрежа за стариот објект на Комерцијална Банка на плоштад Пресвета Богородица бр. 3 од страна на фирмата Бауер БГ, во периодот од 08.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат објектите на МНТ, Музичкото Училиште, Министерството за Транспорт и Врски, како и Управата за издавање на матични книги“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Отворена нова подрачна канцеларија на Агенцијата за катастар во Општина Ново Село
Агенцијата за катастар на недвижности отвори нова подрачна канцеларија во Општина Ново Село.
Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски, денес заедно со градоначалникот на Општина Ново Село официјално ја отворија новата подрачна канцеларија на Агенцијата.
Со отворањето на оваа канцеларија, повеќе од 10.000 жители на Општина Ново Село и околните населени места од денес ќе можат побрзо и поедноставно да ги остварат своите катастарски права и обврски, без потреба од патување до Струмица.
Директорот на Агенцијата, Иван Живковски, при посетата на новата канцеларија истакна дека ова е дел од поширокиот процес на реорганизација и системско приближување на институцијата до граѓаните, со цел обезбедување подостапни, поефикасни и поквалитетни услуги.

