Македонија
Само косовците поголеми оптимисти од Македонците во регионот
Третина од населението во Македонија очекува следната 2011-та да биде подобра од 2010 г. од која останаа да се потрошат и последнтие четири денови покажува анкета спроведена од 22. до 29 октомври врз 1.213 испитаници
Како што покажало истражувањето на Galup international, 33 отсто од македонските граѓани очекуваат 2011 г. за нив лично и за нивните семејства да биде подобра од 2010 г., 34 проценти сметаат дека ќе биде иста, а 30 отсто дека ќе биде полошаПоголеми оптимисти од Македонците за тоа каква ќе биде следната година, се само жителите на Косово – 55 отсто а помали оптимисти се во Босна и Херцеговина каде што 22 проценти очекуваат 2011 г. да им биде подобра од 2010-та, во бугарија процентот оптимисти изнесува 21 додека, пак, во Србија е 11 отсто.На прашањето дали 2011 г. ќе биде година на економскиот просперитет, 21 отсто од анкетираните македонски граѓани одговориле потврдно, 42 дека ќе биде исто а 34 отсто очекуваат полошо.За граѓаните на Република Македонија најголем економски проблем и натаму претставува невработеноста, а 45 сметаат дека таа вгодина ќе се зголеми, 24 отсто семаат дека ќе се намали а 27 проценти сметаат дека ќе остане на годинашното ниво.Истражувањето на институтот Galup e спроведено во 53 држави во кои живее 76 отсто од светската популација, и тоа покажува дека 42 отсто од анкетираните очекуваат 2011 г. на глобално ниво да биде подобра од претходната година, а 19 отсто вкупно се песимисти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина и тоа:
· во период од 06:00-10:00 часот корисниците на улицата Пајак, улицата Наум Наумовски Борче (од Костарика до Министерство за земјоделие), општина Центар;
· во период од 08:30-14:30 часот корисниците на дел од улицата Радишанска, општина Бутел;
· во период од 09:00-12:00 часот корисниците на улицата 29 Ноември бр.37, општина Центар;
· во период од 09:00-14:00 часот корисниците на дел од улицата Урош Џудовиќ, општина Карпош.
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините снег
Облачно, со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови (над 15 l/m²), а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух вренежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Денеска ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен дожд, во југозападните делови над 15 l/m², а на повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Нови врнежи ќе има и во текот на седмицата кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег. Од денеска ќе има појава на магла по одредени котлини. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер.

