Македонија
Убиство во скопското село Тисовица
Едно лице е убиено во атарот на скопското село Тисовица на планината Лисец, потврдува МВР.
Едно лице е убиено во атарот на скопското село Тисовица на планината Лисец, потврдува МВР.
Убиството е пријавено во 11.40 часот. Според информациите на МВР лицето било убиено при лов со истрел од огнено оружје, но од МВР не соопштуваат други детали.
Според неофицијални информации, убениот бил ловочувар и настрадал при пукање на ловџија.
На местото на убиството се врши увид, а од полицијата најавуваат детали за подоцна./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот. Снег со слаб интензитет провејува на планинскиот премин Ѓавато, кој не се задржува на коловозот.
Намалена видливост поради појава на магла со видливост од 50 до 70 метри има на Плетвар.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Студено време, преку денот облачно со услови за слаб снег
Времето утрово е студено со појава на магла по одделни котлини. Преку денот ќе биде променливо облачно наместа со услови за провејување на слаб снег.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од -1 до 7 степени, информираат од УХМР.
Во Скопје наутро студено со појава на слаба магла, преку денот претежно облачно и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Од петок ќе преовладува стабилно време со пораст на дневните температури. Утринските температури насекаде ќе бидат под нула, а наместа ќе се спуштат и под -10 степени. По котлините ќе има појава на магла и пониски дневни температури.
Скопје
Без вода утрово жителите на Ленинова
Поради дефект, жителите на улицата Ленинова утрово ќе останат без вода.
„Поради дефект на приклучна цевка од Ф 1” (Цол) на улицата Ленинова бр.77, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од Ленинова ( потегот од бул.Митрополит Теодосие Гологанов до ул.Никола Тримпаре од 09:00 часот до санирање на дефектот. (општина Центар)“, соопшти Водовод.