Македонија
Анализата на коските на Ангела чини 15.000 евра
Институтот за судска медицина е пред финанскиски колапс. Долговте на судовите кон Институтот во моментов се 400 илјади евра, предупреди директорот на Институтот на судска медицина, Алексеј Дума.
Институтот за судска медицина е пред финанскиски колапс. Долговте на судовите кон Институтот во моментов се 400 илјади евра, предупреди директорот на Институтот на судска медицина, Алексеј Дума.
„Немаме хемикалии, нема можност да инвестираме во едукации, немаме можност во воведување на нови методи, за да го направиме ова ние треба многу да потрошиме“, вели Дума.
„Секогаш се случува исто од Палер, од Авиоимпекс, Непроштено, хеликоптерот, авионот во Мостар и уште многу други настани, секогаш Институтот е интересен додека не ги даде резултатите никој не праша како е возможно тоа да се направи“ додава тој.
Директорот на судска медицина предупреди дека со ваква финансиска политика, Институтот понатаму не може да функционира и да ја врши својата задача.
“Потребни се најмалку 1,8 милиони евра. Последните шест месеци направивме прецизни пресметки, колку чини секој метод, колку чини секоја техника и математиките се многу јасни 1,8 милиони евра е минимумот што треба да биде годишно за Институтот да може да функционира согласно меѓународните стандарди“, објаснува Дума.
Тој додаде дека само за анализата на коските на Ангела Ѓорѓиевска, чии резултати беа објавени денеска, биле потрошени 15 000 евра, кои биле обезбедени со помош на Деканатот на Медицинскиот факултет и директорот на Бирото за јавна безбедност Љупчо Тодоровски.
“Тие не се должни да го помагаат нашиот институт, затоа молам надлежните ако сметаат дека треба да постои институтот да најдат начин како да се финансира институтот“ вели Дума.
Анализата за коските на Ангела спаѓа во посебно тешки анализи. „Сметам дека во рекордно кратко време се сработени анализите, без разлика на некој од коментарите“ изјави Дума.
Тие се подготвени да одговорат и на второ мислење, ако евентуално биде правно изречено незадоволство од резултатите на коските на малата Ангела. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Криминалната Влада на Мицкоски молчи за тендерите од 9 милиони евра
Помина цел ден, а Владата на Мицкоски како да зенемела за скандалот што го објавивме, нема одговор на ниту едно прашање што го поставивме. Криминалната Владата молчи за тендерите од 9 милиони евра за фирма со двајца вработени формирана минатата година, обвини СДСМ.
„Па зарем немаат што да им кажат на граѓаните? Или им ги фативме криминалните шеми на кој начин преку „најповолни“ понуди се местат тендери, па се бранат со молчење? Станува збор за парите на граѓаните, речиси 9 милиони евра. Нека не се надева власта дека молкот може да ги спаси, одговорност за криминалот ќе има. Тоа што ДПМНЕ одговара во име на институциите е дополнителна потврда дека криминалните шеми се направени во Белата палата. Затоа ги знаат сите детали за тендерите. Ова што се случува во Македонија е организиран грабеж за испумпување на парите на граѓаните преку наместени тендери во едни исти фирми. Тоа е истата криминална шема на Никола Груевски кој испупмпа 2 милијарди евра а денеска е бегалец од правдата. Ученикот Мицкоски само го прави она што научил од неговиот ментор и учител“, велат од партијата.
СДСМ најави дека ќе продолжи со факти, со докази, со аргументи и документи да го разобличува криминалот на владата на Мицкоски.
„Јавното обвинителство, ДКСК, сите институции треба да се вклучат, да направат независна истрага и да делуваат. Работата сè уште не е завршена“, велат од СДСМ.
Македонија
Без струја делови од Петровец и Кисела Вода
Без струја денеска ќе останат делови од Петровец и Кисела Вода.
„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 01.12.2025 година ( понеделник ) без електрична енергија ќе останат: во периодот од 08.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Димитар Мирасчиев. ( општина Кисела Вода ), во периодот од 08.30 до 14.30 часот, корисниците од главната улица во село Дивље. ( општина Петровец ) и во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Христо Татарчев – крак 15 – Припор. ( општина Кисела Вода )“, информира РЦУК.
Македонија
Приведени седум лица по натпреварот меѓу ФК Вардар и ФК Шкупи
Седум лица се приведени поради нарушување на јавниот ред и мир по завршувањето на фудбалскиот натпревар меѓу ФК Вардар и ФК Шкупи.
Според информациите на МВР, синоќа по завршување на фудбалскиот напревар во рамките на Прва македонска фудбалска лига одигран помеѓу екипите на ФК Вардар АД Скопје и ФК Шкупи Скопје одигран на спортскиот комплекс на ФФМ „Петар Милошевски”, се приведени седум лица.
Тие се приведени поради сторени прекршоци со фрлање на пиротехнички средства од Законот за спречување на насилство на спортски натпревари, како и за нарушување на јавниот ред и мир со непристојно и дрско однесување и непочитување наредба на полициски службеници на две одделни локации на подрачје на град Скопје.

