Свет
Бројот на жртвите во сириски град Латакија се зголеми на 34
Најмалку 34 убиени е билансот од третиот ден на опсадата на сириските безбедносни сили на пристанишниот град Латакија, пренесуваат во вторникот арапските медиуми, кои претходно јавија за 30 мртви.
Најмалку 34 убиени е билансот од третиот ден на опсадата на сириските безбедносни сили на пристанишниот град Латакија, пренесуваат во вторникот арапските медиуми, кои претходно јавија за 30 мртви. Според најновите информации на „Координациониот сојуз на сириската револуција“, во палестинскиот бегалски камп „Ал-Рамла“ во близина на Латакија, смртно била застрелана една жена. Про-владините воени трупи и полициски сили лојални на режимот фактички под опсада ја го држат пристанишниот град Латакија, во кој цел на артилериски оган од копно и од море се јужните населби од градот и бегалскиот камп.. Според информации од очевидци, илјадници цивили се засолнуваат на Градскиот стадион во централниот дел од Латакија. Очевидци, исто така, за странските медиуми јавија дека и во градот Хомс кој исто така е цел на жестоки напади на владините сили, биле убиени 12 лица. Безбедносните сили отвориле оган врз луѓето кои ја напуштале централната градска џамија по утринската молитва. Уште еден човек, според сириските активисти за заштита на човековите права, загинал во градот Деир ал-Зор. Неколку квартови од најголемото пристаниште во Сирија се бомбардирани од бродовите на воената морнарица. Под артилериски оган и од копно се најдоа во понеделникот квартовите ал-Филистини и ал-Шааб. Во неделата наутро, агенциите јавија за две жртви по бомбардирањето на квартот ал-Рамл ал-Џунуби.Сириската армија веќе трет ден по ред се обидува да ги запре стихијните протести против претседателот Башар ал-Асад. Продолжувањето на воената операција во Латакија најверојатно се должи на фактот што на страната на локалното население кое се спротиставува на режимот на претседателот Асад преминале неколку единици од редовната сириска војска, кои според агенцијата, во текот на неделата водат улични бoрби со припадниците на регуларните безбедносни сили.Механизирани единици на сириската армија се појавија на улиците на Латакија во саботата, кога во градските населби навлегоа околу 20 тенкови и оклопни возила. Нивното влегување во Латакија беше предизвикано од петочниот митинг на кој присуствуваа околу 10 илјади луѓе, барајќи итна оставка од функцијата на актуелниот претседател Башар ал-Асад./крај/рн/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Спречен напад врз приватниот авион на германскиот канцелар Фридрих Мерц
Германската полиција спречила напад на еколошки активисти врз приватниот авион на германскиот канцелар Фридрих Мерц во еден хангар во градот Арнсберг, соопшти државното обвинителство.
Според соопштението, „полицијата во ноќта од среда кон четврток спречила три лица во обид да го оштетат приватниот спортски авион на претседателот на германската влада“.
Во соопштението на групата која ја презела одговорноста за обидот за напад се наведува дека три лица, на возраст од 23, 28 и 56 години, неовластено влегле во просторот на аеродромот Арнсберг-Менден, но полицијата спречила оштетување на авионот кој се наоѓал во еден од хангарите.
Меѓу приведените активисти е и познатата германска климатска активистка Ања Виндл. По акцијата, со соопштение се огласи и групата „Отпор колектив“, која ја презеде одговорноста за обидот за напад.
„Ние се обидовме, во рамки на протест, да го оневозможиме приватниот авион на канцеларот Фридрих Мерц. Додека климатската криза ескалира, германскиот канцелар се движи наоколу со приватен авион“, стои во соопштението на групата.
Свет
Макрон: Отворени сме за учество во дополнителни мисии на НАТО
Пред медиумите се обрати францускиот претседател Емануел Макрон, кој и натаму носеше очила за сонце за да прикрие инфекција на окото.
Тој изјави дека денешниот самит покажува единство во поддршката за Данска, нејзиниот територијален интегритет и суверенитет.
„Кога Европа е обединета, силна и реагира брзо, работите се враќаат во нормала и се смируваат“, наведе Макрон.
Додаде дека Европа мора да остане „на штрек“ и да продолжи да дејствува „обединето“, покажувајќи дека има „инструменти на располагање“ за, во случај на закани, да „наметне почит“.
Макрон исто така нагласи дека Франција е отворена за учество во дополнителни мисии на НАТО, најверојатно во арктичкиот регион.
Фото: ЕПА
Свет
„Нашите црвени линии не се тема за расправа“ – порака на данската премиерка од Брисел
Данската премиерка Мете Фредериксен пристигна на вонредниот самит на Европска унија.
На почетокот им се заблагодари на другите земји членки за поддршката.
„Кога Европа не е поделена, кога стоиме заедно, јасно и силно, вклучително и со подготвеност да застанеме во одбрана на самите себе, резултатите се видливи“, изјави таа.
Истакна дека Данска сака да најде решение и дека побарала посилна вклученост на НАТО во арктичкиот регион, додавајќи дека сите во НАТО се согласуваат со тоa.
„Потоа, на потрадиционален политички и дипломатски начин ќе разговараме со Соединети Американски Држави за билатералниот однос меѓу Кралството Данска и САД“, рече таа.
Притоа повтори дека Данска има свои црвени линии.
„Ние сме суверена држава и за тоа не можеме да преговараме“, порача таа, додавајќи дека Данска е отворена за разговори за зајакнување на соработката во арктичкиот регион.
„Секако дека сме подготвени да соработуваме со САД, како што отсекогаш сме правеле кога станува збор за безбедноста, но нашите црвени линии, кои воедно се и нашите демократски правила, не можат да бидат предмет на расправа“, нагласи Фредериксен.
На прашањето дали и понатаму ѝ верува на американската администрација, таа накратко застaна и дипломатски одговори: „Соединетите Американски Држави се наш близок партнер веќе многу години, но мора да соработуваме врз основа на меѓусебно почитување, без закани. Затоа, секако, се надевам дека ќе најдеме политичко решение во рамките на демократијата.“
Во речиси секој одговор таа повторно ги нагласи данските црвени линии поврзани со суверенитетот.

