Свет
Ватикан го тресе хомосексуален скандал?!
Службеник задолжен за државен црковен протокол во Ватикан а воедно и член на елитниот одбор во Базиликата “Свети Петар“ е обвинет за наводна вмешаност во хомосексуална проституција.
Службеник задолжен за државен црковен протокол во Ватикан а воедно и член на елитниот одбор во Базиликата Свети Петар е обвинет за наводна вмешаност во хомосексуална проституција.
Наводниот скандал во Ватикан е откриен откако италијанскиот весник Ла Република објави транскрипти со аудио материјал, до кои полицијата случајно стигнала со прислушкување во рамките на истрага поврзана со корупцијата во Италија.
Според податоците на аудио снимките станува збор за монахот Ангел Балдучи кои и нигериецот Чинеду Томас Ехием кои биле фатени додека разговарале за сексуални односи меѓу хомосексуалци.
Според транскрипитите, во целиот скандал Балдучи служел како макро кој набавувал млади машки проститутки, од кои некои биле пејачи, студенти како и илегални емигранти кои биле подведувани на проституција.
Италијанските медиуми јавуваат дека Ехием во Рим бил пријавен како монах, и работел како хорски пеач во капелата Џулија.
Официјален Ватикан сепак ги демантира ваквите информации дека наводниот Балдучи бил монах, свештеник или студент на папските училишта.
Сеуште не е официјално демантирано дека под куполите на базиликата Свети Петар се одвивала организирана мрежа која потикнувала машка проституција.
После обвинувањата на свештеници во Ирска , германија и САД кои беа обвинети за сексуално изживување над деца , случајот со службеникот во Ватикан за наводна вмешаност во машка проституција е последен во низата скандали што ги тресе католичката црква./крај/бт/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Свет
(Видео) Хрват од Дубаи: Во засолниште сме, не знам што ќе биде понатаму
Хрватскиот државјанин Тони Дабиновиќ, кој моментално е во Дубаи, сведочеше за ненадејна евакуација во засолниште што се случила во текот на ноќта. Како што изјавил за хрватски Индекс, тој и другите гости на хотелот биле преместени на безбедна локација откако се вклучиле сирените за тревога.
„Се наоѓаме во засолниште. Бев во хотелот, а сега сите нè сместија во засолниште, во зграда помеѓу хотелите“, рече тој. „Сега е 1:30 часот наутро. Сите нè преместија во засолниште. Имаше сирени и сигнал за тревога преку нашите мобилни телефони што сите го добивме за да се засолниме. Не знам што ќе се случи потоа“, додаде Хрватот од Дубаи.

