Свет
Во Нигерија ликвидирани повеќе од 700 муслимански бунтовници
Нигериските власти соопштија дека во последните судири со муслимансите бинтовници се убиени повеќе од 700 луѓе
Претставници нигериската армија изјавиле дека седумстотините убиени се билансот од судирите во северната област Маидугури меѓу полицијата и радикалната исламска секта. Полковнкот Бен Аханоту изјавил дека убиените масовно биле закопувани, заради големите жештини. Тој додал дека изминатава седмица биле уништени исламските бунтовници и дека тие се погрижиле за сите 700 тела. Во судирот беа убиени и првите двајца луѓе на секатата Боко Харам.Борно, главниот град на државата Маидугури, во неделата осамнал со улици исчистени од остатоци и од крв по тешките судири, а отворени се и пазарите, известуваат странските репортери. За тешките борби сведочи и главанта зграда на полицијата која била изрешетана од куршуми.Сепак, има информации дека насилствата продолжуваат спорадично. На паркинг на болницата „Умару Шеху“, репортери виделе тело на млад маж со раце врзани на грбот кој на главата имал рана од куршум. Анонимен болнички извор изјавил дека уште пет тела на убиени имало на паргингот, а дека во саботата во болницата биле довезени 172 тела. . Полицискито начаник на Борно, Кристофер Дега, смета дека приапдниците на сектата ќе го исползуваат затишјето да се прегрупираат.Судирите избувнаа на 26-ти јули, во државата Баучи и брзо се проширија на други три држави на северот од Нигерија, вклучувајќи ја и државата Баучи, каде што дејствува радикалната муслиманска секта Боко Харам. Нејзиното име всушност би значело „западното образование е богохулење“ а таа се залага за воведување на шеријатскто право во Нигерија. Нејзинито лидер Мохамад Јусуф беше убиен од војската во четвртокот, отако бил пронајден вонеговата куќа.Нигерискито хелсиншки комитет за човекови права и Аменсти интернешенел, повика на испитување на смртта на Јусуф и некоу други убиства во судирите во претежно мислимансиот северен дел од државата. Нигерија има 140 милиони жители, а речиси е еднаква бројката на христијани и муслимани. Досега немало поголеми инциденти меѓу двете религиски групи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

