Македонија
Почина Доста Димовска
Почина Доста Димовска, директор на македонскиот културно-информативен центар во Софија, информираат од Министерството за надворешни работи.
Почина Доста Димовска, директор на македонскиот културно-информативен центар во Софија, информираат од Министерството за надворешни работи.Димовска на 18-ти март доживеа мозочен удар, по што во тешка здравствена состојба беше пренесена на лекување во болницата Токуда во Софија. Таа беше позната поетеса и политичар. Родена е на 17-ти февруари 1954 во Скопје, а води потекло од селото Лазарополе. Дипломира филозофија на скопскиот универзитет „Св. Кирил и Методиј“.Нејзината политичка кариера започнува во текот на 90-тите години на минатиот век. Во текот на 1991 година е избрана за заменик-претседател на ВМРО-ДПМНЕ на Конгресот на партијата во Прилеп. До 1994 година таа е пратеник од редовите на партијата. Во тој период таа е претседател на парламентарната комисија за меѓународни односи. Во текот на 1998 година Димовска е избрана за вицепремиер во кабинетот на Љубчо Георгиевски. Од 27 декември 1999 година до 13 мај 2001 е министер за внатрешни работи. Во 2002 година поднесува оставка од партиските функции од партиски причини.На 25 февруари 2002 година е назначена за директор на Агенцијата за разузнавање. Оваа функција ја напушта 5 мај 2003 година. Од почетокот на 2007-ма ја извршуваше функцијата директор на Културно-информативниот центар на Македонија во Софија. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Гази Баба и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Товарник бр. 3, како и дел од корисниците од ул. Среќко Пужалка. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улиците Кичевска и Рафаел Батино. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Утрински минусни температури, кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од снег
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Времето во наредните денови
Денеска кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе има услови за појава на магла. Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег
Македонија
Утре променливо облачно време со локални врнежи од снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди.
По котлините ќе има услови за појава на магла.
Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег.

